Промовирани огласи »

За  15 години работа во финансискиот сектор во компаниите како Blekstone и  Morgan Stenli, господинот Зак Фридман гледал како компанијата може да заработи, но и да изгуби пари.

Во продолжение ви прикажуваме неколку совети од него како да извлечете најмногу пари:

1. Финансиски изненадувања можат да му се случат на секого но секогаш бидете подготвени за најлошото

Начинот на кој реагирате на финансиското изненадување може да биде еден од вашите најпрофитабилни финансиски потези. Осигурајте се, заштитете ги свoите инвестиции и секогаш имајте план Б. Кога имате резервен план, и тоа неочекуваното делува помалку проблематично.

2. Кога се во прашање Вашите пари, не постојат недолични прашања

Единствено недолично прашање е тоа кое не го поставувате. На пример, доколку не ја разбирате во целост вредноста на финансискиот производ или услуга, не дозволувајте да настане уште поголема забуна, затоа слободно прашајте се што ви е нејасно. Информирајте се и имајте на ум дека сте во право. Вие сте најдобриот заштитник на вашите финансии, а поставување на прашања е најпаметниот начин да се заштитите од донесување на погрешни финансиски одлуки.

3. Бидете внимателни кога се во прашање кредитните картички

Иако нудат бројни погодности, можат да бидат и голема финансиска катастрофа ако ве доведат во големи долгови. Бидете сигурни дека сте способни секој месец да ги покривате вашите долгови кон кредитната картичка ако дојде до тоа. Во спротивно, кредитната картична не е најдобриот избор за вас.

4. Никогаш не престанувајте да учите за парите

Учењето не престанува кога ќе завршите училиште. Со најдобрите вложувања секојдневно ги усовршувате своите вештини. Не се сметајте за најдобри, бидејќи секогаш постои нешто што не го знаете и секогаш има нешто ново што можете да го научите. Кога станува збор за финансиските совети, читањето е еден од наједноставните начини за учење односно може да ви биде една од најголемите инвестиции. Можете да учите и од луѓето за кои работите, со кои работите или кои работат за вас. Внимателно слушајте ги другите, што зборуваат и како размислуваат за парите, од секој човек може да се извлече некој корисен совет.

5. Не е важно колку пари сте имале на почетокот, секогаш е најважен крајот

Секогаш завршната точка е поважна од почетната точка. Кога станува збор за финансиски успех, не е важно од каде доаѓа, не е важно кое училиште сте го завршиле или кого го познавате. Вистината е дека тие работи можат да ви помогнат, но не ви го отежнуваат постигнувањето на финансиска слобода. Ако напорно работите, или трошите одговорно, паметно вложувате и штедите за пензија, со сигурност ќе бидете во добра финансиска состојба и ќе се стекнете со финансиска слобода. Фокусирајте се на посакуваната цел, а не на почетната точка, важна е вашата иднина, а не вашето минато.

Промовирани огласи »

Пораснаа цените на нафтените деривати.

И бензините и дизелот ќе се точат по цени поскапи од претходната недела за  2 до 2,5 денари и за 1,5 денари.

Тоа значи дека регулаторното тело за енргетика донесе одлука бензините да се продаваат поскапо од 2 до 2,5 денари или Еуросупер БС-95 по цена од 69,50 денари за литар а Еуросупер БС 98 ќе се точи по 72 денари за литар.

64 ден.литар. ќе чини дизелот.

Промовирани огласи »

Американците ги надминаа Швајцарците по богатство, додека во остатокот од светот, богатството се „топи“. 

Резултатите од едно истражување покажуваат дека ова се случува поради Брегзит и американско - кинеската трговска војна. 

Според германската финансиска куќа Алијанс, просечното богатство  на Американците е 184.411 евра по глава на жител. 

173.838 евра е просечното богатство на еден Швајцарец. 

Овие податоци се за 2018 година. Американците се на врвот поради силниот долар. 

Но, и американските домаќинства го движат глобалниот проток на пари. Две третини од сите заштеди во индустријализираните земји се од САД. 

Промовирани огласи »

Томас Кук, најстарата светска туристичка агенција објави крај на своето работење поради огромните долгови, со што се откажаа аранжманите на стотици илјади клиенти. Претходно беше соопштено дека над 600 илјади туристи, клиенти на туристичката компанија се погодени од банкротот.

Компанијата во соопштение нагласува дека одборот „донел одлука дека нема друг избор освен да преземе чекори за задолжителна ликвидација“. Петер Франкхаузер директор на Томас Кук им се извини на клиентите, вработените и партнерите на компанијата.Тој рече дека жали што бизнисот пропаднал откако не успеале да позајмат средства за деловна помош.

Британскиот орган за цивилно воздухопловство (ЦАА) објави дека ќе работи со владата за да донесе повеќе од 150.000 британски туристи дома во следните две недели.

Станува збор за една од најстарите британски компании што започна да работи во 1841 година и преживеа две светски војни. Тоа беше првата агенција во Европа што понуди аранжмани за патувања.Компанијата сега има хотели, одморалишта и авиокомпании кои ги користат 19 милиони луѓе годишно во 16 земји. 600.000 луѓе во моментов се во странство, поради што нивните влади и осигурителни компании треба да изготват план да ги вратат дома.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »