Промовирани огласи »

Согласно договорот што го имаме со Македонски телеком на 1 ноември 2019 треба да стартува употребата на картичката „Скопска“ за единечно возење. Сега се работи тест период кој ќе изнесува 30 дена. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов нагласи дека набавката на новите 33 екоавтобуси во Скопје е добра за главниот град и за неговите жители, а не за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите политички партии. Смета дека во јавноста се пласираат лажни вести за оваа тема.

Соопшти дека утре е седницата на Советот на Град Скопје, а една од точките на дневниот ред е утврдување на цената на единечното возење. Според него, станува збор за класична злоба, а не неинформираност или незнаење.

Мака им е што успеавме во оваа работа. Оваа работа е добра за сите, рече Шилегов, кој ја покажа картичката „Скопска“ за единечно возење.

Прашан дали е можна промена на цената на билетот, откако ќе стигнат новите автобуси, Шилегов рече дека цената на билетот во Скопје сега е ниска и соодветна на економската моќ на нашите граѓани.

Заради таквата цена дотациите што ги прави Град Скопје секоја година од буџетот за да можеме да го одржуваме системот на јавниот транспорт е околу осум милиони евра, рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик почнува од денеска, 25 септември, и ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 9 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Потребни документи за аплицирање се:

  • Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.aerodrom.gov.mk);
  • Доказ за жителство во Општина Аеродром: фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот;
  • Фотокопија од трансакциска сметка;
  • Доказ дека е извршено купување велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од тековната 2019 година.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Целта на овој проект е да се поттикнат граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.

Промовирани огласи »

Светската активистка која се бори против климатските промени одржа емотивен говор на самитот на Обединети нации во Њујорк.

„Ова е погрешно. Јас не би требало да бидам овде. Требаше да сум во училиште на другиот крај од океанот. Па сепак, сите вие се насочувате кон младите луѓе кога ви е потребна надеж. Како се осмелувате, ги украдовте моите соништа и моето детство со своите празни приказни, а сепак, јас сум помеѓу среќниците. Луѓето патат, луѓето умираат, цели екосистеми се рушат. Ние на почетокот на масовното истребување, а вие само знаете да зборувате за пари и бајки за бесконечен економски раст. Како се осмелувате! Повеќе од 30 години, науката е кристално јасна. Како се дрзнувате да ја свртите главата и да дојдете овде и кажете дека правите доволно, кога политиката и решенијата кои ни се потребни, се уште не се на видик. Кажете дека не слушате и дека ја разбирате итноста, но без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа. Бидејќи навистина ја разбирате ситуацијата, а и понатаму не преземате акција, тогаш би значело дека сте зли, а јас одбивам да поверувам во тоа“ - кажа низ солзи ова неверојатно девојче, шветска активистка во борба против климатските промени, пресметувајќи се со светските лидери кои се собраа на самитот на Обединетите нации кој се одржа во Њујорк.

Промовирани огласи »

Македонската престолнина Скопје прв пат ќе биде домаќин на најголемиот регионален Б2Б eСпорт настан – Good Game кој ќе се оддржи под покровителство на Samsung.

После Загреб, Белград, Љубљана, Берлин и Скопје на 24 октомври оваа година ќе биде ставен на мапата на градови каде што ќе се одржи Good Game (https://good.game/skopje), Б2Б натпреварување каде најдобрите домашни и регионални тимови ќе ги “вкрстат силите” за да го понесат лауреатот најдобри во играта “Counter Strike: Global Offensive”.
Настанот ќе се оддржи во INNO FEIT и на него се поканети да присуствуваат сите домашни компании чии вработени би сакале да направат тим што ќе се натпреварува на официјалното натпреварување и секако, сите заинтересирани поединци кои би сакале да го проследат овој несекојдневен спектакл кој ја слави и промовира гејминг културата на посебен начин.
Влезот на настанот за посетителите е бесплатен, а покрај следење на официјалното натпреварување на тимовите, тие ќе имаат можност да посетат и неколку специјализирани експо зони и да почувствуваат дел од иновативното и забавно искуство кое ќе им биде понудено.
Good Game натпреварувањето кое е навистина ункатен спој на гејминг, нетворкинг и тим билдинг, има и своја хумана димензија, а тоа е обезбедување поддршка на иновативни стартапи и млади претприемачи преку специјален фонд кој ќе се обезбеди од собраните средства од котизации и спонзорства на настанот.
Организатор на настанот е компанијата Good Game Global од Хрватска, која досега има организирано неколку изданија во градовите од соседството кои од тамошната публика беа опишани како е-Спорт настани на годината. Локален партнер на настанот во Скопје е агенцијата MPG Solutions.
Повеќе информации за самиот настан во Скопје може да се најдат на официјалната веб страница: https://good.game/skopje.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »