Промовирани огласи »

Министерката за финансии Нина Ангеловска, синоќа во Њујорк, во рамки на 74. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), беше промовирана како една од првите „жени амбасадори на дигитална трговија“ во светот.

Како што информираат од министерството за финансии, признанието и го врачил Мукиза Китуи, генерален секретар на телото за трговија, инвестиции и развој на ОН (УНКТАД).

Покрај Ангеловска, уште шест жени претприемачи од целиот свет ја добија оваа титула од УНКТАД.

„Неискористениот потенцијал на жените ширум светот претставува голема загуба за нашите економии. Синергијата на дигиталната технологија и трансформативната моќ на претприемачкиот дух кај жените, може да придонесе кон намалување на сиромаштијата во ниско развиените земји и земјите во развој, како и забрзување на економскиот раст“, рече министерката.

Ангеловска инаку е единствена претставничка од Европа која е прогласена за „жена амбасадор на е-трговија“. Ова признание го доби како соосновачка на Grouper.mk, првата дигитална платформа за е-трговија од овој тип во Република Северна Македонија.

Другите избрани „амбасадори на е-трговија“ се: Ксиаофеи Јао од Кина, основачка и извршна директорка на Rogrand, Клаудија де Хередиа од Мексико соосновачка и оперативна директорка на Kichnik, Хелианти Хилман од Индонезија, основачка и извршна директорка на Javara, Назанин Данешвар од Иран, основачка и извршна директорка на Takhfifan и Кларис Ирибагица од Руанда, основачка и извршна директорка на DM.HeHe.

Промовирани огласи »

Согласно договорот што го имаме со Македонски телеком на 1 ноември 2019 треба да стартува употребата на картичката „Скопска“ за единечно возење. Сега се работи тест период кој ќе изнесува 30 дена. Ова денеска го соопшти градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Шилегов нагласи дека набавката на новите 33 екоавтобуси во Скопје е добра за главниот град и за неговите жители, а не за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ или другите политички партии. Смета дека во јавноста се пласираат лажни вести за оваа тема.

Соопшти дека утре е седницата на Советот на Град Скопје, а една од точките на дневниот ред е утврдување на цената на единечното возење. Според него, станува збор за класична злоба, а не неинформираност или незнаење.

Мака им е што успеавме во оваа работа. Оваа работа е добра за сите, рече Шилегов, кој ја покажа картичката „Скопска“ за единечно возење.

Прашан дали е можна промена на цената на билетот, откако ќе стигнат новите автобуси, Шилегов рече дека цената на билетот во Скопје сега е ниска и соодветна на економската моќ на нашите граѓани.

Заради таквата цена дотациите што ги прави Град Скопје секоја година од буџетот за да можеме да го одржуваме системот на јавниот транспорт е околу осум милиони евра, рече Шилегов.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди. Јавниот повик почнува од денеска, 25 септември, и ќе трае до 9 октомври 2019 година, а ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Секој полнолетен жител на Општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2019 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно со 9 октомври, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Потребни документи за аплицирање се:

  • Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината www.aerodrom.gov.mk);
  • Доказ за жителство во Општина Аеродром: фотокопија од важечка лична карта или пасош на барателот;
  • Фотокопија од трансакциска сметка;
  • Доказ дека е извршено купување велосипед, и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, со датум од тековната 2019 година.

Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.

Целта на овој проект е да се поттикнат граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина.

Промовирани огласи »

Светската активистка која се бори против климатските промени одржа емотивен говор на самитот на Обединети нации во Њујорк.

„Ова е погрешно. Јас не би требало да бидам овде. Требаше да сум во училиште на другиот крај од океанот. Па сепак, сите вие се насочувате кон младите луѓе кога ви е потребна надеж. Како се осмелувате, ги украдовте моите соништа и моето детство со своите празни приказни, а сепак, јас сум помеѓу среќниците. Луѓето патат, луѓето умираат, цели екосистеми се рушат. Ние на почетокот на масовното истребување, а вие само знаете да зборувате за пари и бајки за бесконечен економски раст. Како се осмелувате! Повеќе од 30 години, науката е кристално јасна. Како се дрзнувате да ја свртите главата и да дојдете овде и кажете дека правите доволно, кога политиката и решенијата кои ни се потребни, се уште не се на видик. Кажете дека не слушате и дека ја разбирате итноста, но без оглед колку сум тажна и лута, не сакам да верувам во тоа. Бидејќи навистина ја разбирате ситуацијата, а и понатаму не преземате акција, тогаш би значело дека сте зли, а јас одбивам да поверувам во тоа“ - кажа низ солзи ова неверојатно девојче, шветска активистка во борба против климатските промени, пресметувајќи се со светските лидери кои се собраа на самитот на Обединетите нации кој се одржа во Њујорк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »