Промовирани огласи »

Во сабота на 5-ти октомври, концерти, изложби, кино, театарски претстави, 3Д видео мапинг и уште многу други културни содржини ќе бидат дел од овогодинешната јубилејна 15-та „Бела ноќ“ во Скопје.

На 15 локации, истовремено, уметници, музичари и сите кои се дел од „Бела ноќ“ на присутните ќе им понудат најразлична културно-уметничка содржина. Веќе 15 години, фестивалот ја доближува уметноста до граѓаните, со концептот кој одговара на урбаната заедница која се поистоветува со својот град.

Како дел од овогодинешната програма, на платото пред Универзалната сала ќе се одржи концертот „50 години Скопски“, кој ќе започне во 20:00 часот. Овој настан ќе ја одбележи важноста на еден вака грандиозен фестивал на кој се родиле голем број музички имиња што оставиле огромни хитови, кои сеуште се актуелни. Во придружба на Биг бендот, скопјани ќе се потсетат на најголемите хитови од Скопскиот фестивал со настапите на Драган Мијалковски, Славе Димитров, Верица Ристовска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов, Ѓоко Таневски, Сара Мејс и Ај Кју.

Победниците на натпреварот во видео мапинг на Skopje Light Art District 2019, французите Џереми Ури и Милош Лисински, својата визуелна уметност ќе ја отсликаат на фасадата на катната гаража „26-ти јули“.

Во МКЦ пак, како дел од 9-тото издание на фестивалот „НЕкултура“, посетителите ќе се забавуваат со прочуеното британско електронско дуо Paranoid London, но и со домашните Pluto’s Doubt, Sethstat, Barum Barum и останатите артисти и диџеи кои ќе бидат дел од фестивалот.

Во МНТ од 22 часот ќе има премиера на претствата „КРУГ“, адаптирана според антологиското дело на Артур Шницлер (Reigen), а во режија на Наташа Поплавска. Претставата ја отвара вечната тема – потрагата за љубов, наспроти потребата за секс. Низ десет интимни сцени ќе влеземе во „креветите” на десет карактери кои како во ланец се врзуваат во еден затворен круг. Во главните улоги ќе ги видиме македонската актерка   Дејана Попоска која живее и работи во Париз и италијанскиот актер Јакопо Гaрфањоли. Претставата е забранета за помлади од 18 години, а ќе се одигра на англиски јазик со превод на македонски.

Националната Опера и Балет ќе одбележи свој јубилеј, 70 години постоење со делата „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“.

Многу други изложби, настани, претстави, концертни настапи во живо ќе се одржат низ Скопје – КИЦ, Театар Комедија, Музејот на македонската борба, Галерија 8 во Старата Чаршија, во паркот Ибни Пајко, Мала Станица, Градското кино Милениум како и во Музејот на современа уметност.

Промовирани огласи »

Би Би Си направи репортажа за охридскиот бисер. 

Во срцето на Северна Македонија, во малиот град Охрид, две семејства со генерации ја чуваат тајната на градот. Дом на најстарото езеро во Европа и реномираниот охридски бисер, што го носат и кралицата Елизабета Втора и покојната принцеза Дајана, традицијата за правење бисери во градот останува добро позната и добро чувана тајна.

Промовирани огласи »

Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф се градови со најскапи станови во Германија. 

Сепак, Берлин е лидер. Пред осум години, просечната цена за метар квадратен на двособен стан изнесуваше 1.400 евра, а во 2018 година бил дури 4.000 евра.

Новиот тренд се одразува и во руралните подрачја, каде цените на квадратите во последните години пораснаа за 4,2 проценти.

фото Википедија

Промовирани огласи »

Министерката за транспорт на соседна Србија, Зорана Михајловиќ, изјавила дека не постои современ развој на регионот со гледање во „очите на минатото“ и дека создавање „мал шенген“ меѓу Србија, Македонија и Албанија значи развој и стабилност на регионот.

Михајловиќ за Радио-телевизија Србија изјавила дека иницијативата на „малиот шенген“ е иницирана од српскиот претседател Александар Вучиќ и дека иницијативата постои веќе некое време.

Таа оценува дека ова е иницијатива што може да биде добра за сите споменати земји и дека не станува збор за новата Југославија, туку за чисто економските интереси на сите земји, имено отстранување на царината и трговските бариери.

„Ако сме мали, ајде тогаш да се здружиме економски“, рекла Михајловиќ, додавајќи дека овие земји се исто така во добра гео-стратешка позиција.

Таа истакна дека Србија, Македонија и Албанија заедно имаат бруто домашен производ од 80 милијарди американски долари, а со Црна Гора, Босна и Херцеговина 100 милијарди.

„Ова значи дека заедно произведуваме 40 пати помалку од Германија и 30 пати помалку од Франција. Србија ги има сите предуслови за економски развој и регионалната интеграција е од економско значење за нас“, кажала Михајловиќ.

Таа исто така потенцирала дека создавањето на „малиот шенген“ за Србија, исто така, значи пристап до грчките и албанските пристаништа и дека тоа е важно за Србија.

„Ние правиме се што можеме за луѓето да живеат подобро тука“, рече Михајловиќ за РТС, додавајќи дека затоа е неопходно да се отстранат бариерите меѓу земјите.

Таа посочува дека ова е само почеток и дека следниот чекор ќе бидат разговори со Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Михајловиќ предложила како една од идеите за поврзување на „малите шенген“ земји да биде заеднички таг за плаќање патарина во трите држави и оцени дека може да биде следната година ако сега би можеле да се договорат за идејата.

А што кажа Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за идејата на Вучиќ читајте тука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »