Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, коишто ќе стапат во сила од ноќеска на полноќ.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Промовирани огласи »

Ден Прајс, шеф на фирмата Greviti pejments од Сиетл, пред 4 години и сега ја намалил својата плата, за да им даде покачување на работниците. 

До 2024 година тие ќе имаат плата од 70.000 долари. 

Шефот во 2015 година ја намалил својата плата, затоа што сметал дека емоционалната благосостојба на работници ќе влијае тие да бидат подобри работници. 

Сите предвидувале пропаст, но тоа не се случи, напротив. 

Со текот на времето профитот на компанијата двојно се зголемил. 

Промовирани огласи »

Честопати се прашуваме што ги прави успешните луѓе различни од „другите“, што прават подобро и поинаку. Одговорот на ова прашање, се разбира, не е ниту едноставен, ниту еднаков за сите лица, но една од работите што успешно извршните директори на големите компании често ја истакнуваат е читањето книги.

Тие честопати се обидуваат да читаат барем еден час на ден, и колку е важно читањето за ко-основачот на Мајкрософт и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, се учи во документарецот кој неодамна беше достапен на Netflix.

Документарниот филм ја открива и неговата голема љубов кон книгите и читањето, а веќе во првите сцени е прикажана торбата на Гејтс, која содржи десетина книги на различни теми како наука, технологија, вакцинација, енергија и др. што Бил ја носи со себе кога патува.

Промовирани огласи »

Функционирањето на општинските веб-страници е важно за да се информираат граѓаните, но и новинарите што постојано ги следат општинските активности. Наједноставен начин да се најдат сите веб-страници на десетте скопски општини на едно место е доколку се отвори веб-страницата на градот Скопје, www.skopje.gov.mk.

Во левиот дел, со кликање на графата „Општини“, се отвора прозорец на кој се појавуваат имињата на десетте скопски општини со нивните грбови, како и знакот на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Со кликање на која било општина се отвора нејзината веб-страница, освен на општината Шуто Оризари. Всушност, страницата на оваа скопска општина никогаш и не профункционира, откако официјално е отворена веб-страницата на градот. Зошто е тоа така и зошто досега никој реагирал ниту од градот Скопје ниту од општината останува нејасно. Од Шуто Оризари нема конкретно објаснување зошто е тоа така, иако ни беше речено дека допрва ќе го направат тоа, но истакнуваат дека имаат своја на општината www.sutoorizari.com.mk. Од градот Скопје, пак, одговорија дека станува збор за техничка грешка, за која велат дека ќе биде коригирана во најбрз рок.

– Во актот за систематизација не се предвидени ниту сектор за информирање, ниту пак е предвидено работно место за лице односи со јавност. Причината не е во желбата на општината да не биде транспарентна. Напротив, транспарентноста се постигнува со директните контакти со раководителите на конкретните сектори, одделенија во зависност од предметот на интерес. Граѓаните се информираат и преку нашата постојна веб-страница и преку локалниот медиум ТВ Шутел, како и преку средби со членови од Советот. Зошто не функционира нашата општинска веб-страница преку веб-страницата на градот допрва ќе видиме и ќе направиме што е во наш домен таа да профункционира – вели Дончо Арсов, раководител на сектор за правни и административни работи, јавни дејности и финансии во општината Шуто Оризари. Тој додаде дека општината располага со многу мал буџет, а за сѐ се потребни пари.

Она што исто така може да се забележи на некои од општинските страници е дека некои од нив редовно се освежуваат со нови информации, што е секако добро за да се информираат граѓаните. Но има и такви што се ажурираат само одвреме-навреме и штом ќе се отворат, ќе се прочитаат одамна пласирани вести за одредени активности или настани од многу стар датум. Меѓу другото, покрај информациите што ги нудат овие страници, тие овозможуваат и комуникација на граѓаните со општинските власти, им даваат можност да постават прашања на своите градоначалници или соодветните служби за одредени проблеми што ги мачат. Најактивни се страниците на општините Центар, Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров и Аеродром.

Повремено своите страници ги ажурираат Гази Баба, Чаир и Бутел. Најнефункционална е веб-страницата на општината Сарај, на која којзнае од кога ништо не е ажурирано. Од друга страна, пак, иако страницата е двојазична, на албански и македонски јазик, на неа на одредени информации само насловите може да се прочитаат на македонски јазик, додека содржината на тие информации е пласирана на албански јазик.

Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај, иако во една пригода ни изјави дека граѓаните му пишуваат за своите проблеми на општинската веб-страница, прашан зошто страницата нема македонски преводи, рече дека за тоа се одговорни техничките служби.

Веб-страницата на пример на општината Чаир функционира на три јазици, македонски, албански и англиски, а последната информација е објавена на 23 септември оваа година. Во општините со мешано население, каде што живеат повеќе ентитети, од особено значење е општинските веб-страници да бидат достапни на јазиците на кои зборуваат граѓаните што живеат во таа општина. Во спротивно, тие што не можат да се информираат за тековните активности на надлежните или не можат да комуницираат со нив по електронски пат, велат дека се чувствуваат дискриминирано.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »