Промовирани огласи »

Само во првиот квартал од реализацијата на проектот, повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“ има над 170.000 регистрирани корисници, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, преку соопштение.

Со оваа мерка, додава СДСМ, за првпат државата враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година.

По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата, потсетува владејачката партија.

СДСМ дополнително нагласува дека продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Повеќе од 1.000 негови поранешни вработени останаа без работа, а по се изгледа на најпознатиот ТВ-готвач на 21. век рестораните му беа затворани како на лента лани.
Сепак, Џејми Оливер (44) си исплатил сам себе повеќе од пет милиони евра бонус, пишува британски „Гардијан“.

Финансискиот крах, се чини, славниот готвач сепак, нема премногу силно да го почувствува на сопствениот џеб иако останал без 20-тина ресторани. Му пресудија енормните трошоци и промашениот концепт, сметаат аналитичарите, а своевремено Оливер прогласи сопствен банкрот.

На Оливер, освен финансиски, пропаѓањето на неговиот бизнис во добар дел го погоди и на човечко ниво. Со многу вработени работел со години и поминал трновит пат, а при затворањето на рестораните им се обрати со емотивен имејл.

Во моментот не можам физички да бидам со вас, но сакав на сите да ви се заблагодарам што го вложивте срцето и душата во нашите ресторани. Нашите прехранбени стандарди секогаш нè издвојуваа од конкуренцијата и многу нешта на што можете да бидете горди, ги охрабрил Оливер поранешните вработени.

Промовирани огласи »

Ако сонувате да живеете во Соединетите Американски Држави тоа може да го остварите најлесно преку Лотаријата за таканречените зелени карти.

Американската амбасада во земјава информираше дека Онлајн - регистрацијата за Лотаријата за 2021 година почнува денеска, 2 октомври, во 18 часот и ќе заврши во петок на 5 ноември, во 18 часот“ .

Сите детали што треба да направите читајте ги на овој линк.

Законот дозволува само една електронска форма по учесник во текот на периодот на регистрација. Кандидатите кои поднеле повеќе од едно барање ќе бидат дисквалификувани. Меѓутоа, можно е мажот и жената да поднесат посебна форма со вклучување на нивниот брачен другар, доколку и двајцата ги исполнуваат условите.

Промовирани огласи »

Минимални 9.610 денари е сумата која работниците од приватниот сектор треба да ја добијат на сметки до крајот на годинава како К-15.

Пресметките покажуваат дека сумата која ќе легне на контото на вработените за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.

Вработените во јавните институции се уште немаат право на К-15 .

Услов кој треба да се исполни за регресот за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

При состојба кога не е донесена одлука за висината работодавецот има обврска да ги исплати максималните износи предвидени со Колективниот договор на ниво на работодавец.

Доколку газдите не го исплатат регресот тогаш може да се соочат со високи глоби кои достигнуваат и до 4000 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »