Промовирани огласи »

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Вкупно на располагање за реализација на инвестиции по оваа мерка се 16,6 милиони евра. Заинтересираните  апликациите може да ги достават најдоцна до 18- ти ноември 2019 – та година. Оваа мерка овозможува инвестиции во  модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба,  сместувачки капацитети како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги. Согласно програмата до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на апликантите преку средствата од ИПАРД 2 Програмата.


Со ефикасно искористување на оваа мерка ќе се придонесе за отворање на нови работни места во руралните средини со што ќе се намали руралната депопулација, подобрување на квалитетот на живот во руралните средини и зголемување на нивото на економската активност. Преку оваа Мерка „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси го развиваме најмоќниот дел на економијата а тоа се малите и средни претпријатија кои се силата на домашната економија.- истакна министерот за земјоделство Димковски.


Димковски и Бабовски, потенцираа дека заинтересираните корисници на средства од ИПАРД 2 Програмата на  овој Јавен повик треба уште при поднесување на барањето за финансиска поддршка да ги имаат сите документи кои се наведени во Упатствата за корисници. Финансиската поддршка ќе се одобри за сите целосно комплетни и соодветни барања за користење на средства во рамките на расположливите средства по мерка 7 „Диверификација на фарми и развој на мали бизниси“ а врз основа на извршена административна и контрола на лице место. Бабовски, истакна дека расте интересот за искористување на средства од ИПАРД 2 по сите мерки.
 
Преку првиот повик од ИПАРД 2 за мерките 1, 3 и 7 склучени се вкупно  947 договори, 644 апликанти ги завршиле инвестициите и  кај нив се вратени 8,1 милиони евра средства кои се свеж капитал во агро – секторот. Во моментов тече и обработката на апликациите за Мерките 1 и 3,од вториот и третиот повик на ИПАРД 2. До денеска за двете мерки  потпишани се 45 договори со вкупна вредност од 3,6 милиони евра. Во наредниот период се очекува да се склучат и договорите со сите кои се соодветни за финансиска поддршка од ИПАРД 2. До крајот на оваа година се очекува вкупно да се исплатат 11,6 милиони евра за сите целосно реализирани и исплатени проекти, – истакна директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
 
МЗШВ заедно со Платежната Агенција  во наредниот период преку сите мерки и политики ќе создаваат поволна бизнис клима за раст и развој на домашната економија, а еден од начините е токму ефикасната искористеност на мерките од ИПАРД програмата.

Промовирани огласи »

Мекензи Безос беше 25 години во брак со основачот на „Амазон“ Џеф Безос. Работела 12 часа дневно во сметководството на компанијата, а навечер во магацинот пакувала нарачки. Во текот на 1996 година, ја споделувала канцеларијата со помлад работник во просторот кој воедно бил и кујна на компанијата.

„ТАА ДАДЕ ГОЛЕМ ПРИДОНЕСЕ ВО ФИРМАТА. НАВИСТИНА Е ТАЛЕНТИРАНА ЛИЧНОСТ, АМА ПОМАЛКУ СЕ ИЗГУБИ КАКО СОПРУГА НА МИЛЈАРДЕР“, ИЗЈАВИЛ ВРАБОТЕН ВО „АМАЗОН“, МАЈК ХАНЛОН.

Иако никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието, разводот од Џеф шокира многумина.

Родителите на четири деца ги потпишаа документите за развод во јули, а Мекензи доби 25 отсто од акциите во „Амазон“. Тој удел моментално вреди 36,1 милијарда долари, што е доволно да се пласира на 15 местото на списокот на Форбс.

„ТРЕБАШЕ ДА ДОБИЕ 50 ОТСТО. СЕПАК БЕШЕ РАМНОПРАВЕН ПАРТНЕР ПО ОСНОВАЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА“, ИЗЈАВИЛ НИК ХАНАУЕР, ЕДЕН ОД ПРВИТЕ ВЛОЖУВАЧИ ВО АМАЗОН.

Во обидот да дојде до податоци за оваа жена „Форбс“ стапил во контакт со стотина нејзини пријатели и поранешни колеги. Тие им дале мошне нејасна слика за оваа несомнено талентирана жена која ја сака својата приватност. Откриле дека тивко се истакнувала во сите фази од својот живот.

Мекензи израснала во Сан Франциско, како средно дете. На шест години напишала книга од 142 страници наречена „Книшки молец“. Родителите ја испратиле во Хочки, интернат во Конектикат, каде што матурирала.

Студирала на Кембриџ, потоа на Принстон, каде што и дипломирала. Менторката за дипломската работа била нобеловката Тони Морисон.

Нејзините професори тврдат дека отсекогаш била фино расположена, ама и дека била многу тивка.

По дипломирањето се вработила во фондот „Д.Е. Шо“, каде што почнала да се дружи со Џеф Безос. Во создавањето на компанијата „Амазон“ била вклучена од самиот почеток и сето свое знаење го вложила во фирмата.

Од фирмата се повлекла во 1997 година, а последните дваесетина години од нејзиниот живот се целосна енигма.

Во 2018 година таа и Џеф издвоија две милијарди долари за борба против бездомништвото и за поддршка на непрофитни педагошки установи. Во јули, по разводот, таа напомена дека половина од своето богатство ќе го донира во хуманитарни цели, ама не кажа кому ќе му ги даде парите.

Џеф побара развод откако влезе во врска со Лорен Санчес, која тогаш, исто така, беше мажена.

Лорен има 49 години и четири деца од бракот со Безос. Беше една од водителките на утринското шоу „Добар ден ЛА“ на Фокс 11.

Промовирани огласи »

„Нептун“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Денес „Нептун“ свечено ја отвори новата премиум продавница во „Скопје Сити Мол“. Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново премиум купувачко искуство. Новиот премиум концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби.

По повод отворањето на новата премиум продавница, „Нептун“ организира HAPPY WEEKEND акција со големи попусти и до 60 рати без камата! До 7 октомври, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба. Акцијата HAPPY WEEKEND важи и во сите останати „Нептун“ продажни салони низ државава.

За време на големата продажна акција HAPPY WEEKEND во новата премиум продавница ќе има и дополнителни настани и промоции. Од 04-06 октомври од 18.00-22.00 часот ќе има промоција на нутрибуст за приготвување на здрави и вкусни смути напитоци. А, за гејмерите „Нептун” организира голем гејминг настан во сабота на 05 октомври од 11.00-16.00 часот, на кој учесниците ќе се натпреваруваат во FIFA20. За финалистите е обезбеден голем гејмерски награден фонд!

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Ние сме готови со концептот на современ, нов јавен превоз што ќе им понуди на Скопјани можност да го заменат автомобилот, бидејќи ќе биде и евтин и побрз и поеколошки од она што досега го имаме во нашиот град. Минатата недела потпишавме и набавка на автобуси на гас со светски, еден од најреномираните производители „МАН“, но тие не засегаат во овој концепт во кој што зборувам, тие само ќе помогнат во иднина. Како такво, очекуваме дека Владата својот дел што како вербална обврска го има истакнато дека ќе влезе во финансирање на тој концепт да го исполнат. Градот е спремен, кај нас се спрема и тендерската документација на целокупниот систем, така што очекувам во моментот кога Владата ќе ги одобри средствата ние како Град да можеме да стартуваме. Ова во интервју за МИА го вели првиот човек на градот.

Тој додава дека се што работи како градоначалник заедно со градската администрација е во насока на заштита на животната средина.

Оваа недела веќе претставивме еден сосема поинаков концепт на менаџирање со комуналниот отпад. Го решивме прашањето со Дрисла, во формална смисла, а во фактичка допрва треба да го воспоставиме. Скопје има систем на третман на комуналниот отпад наследен од 80-тите години и ништо не е сменето. Ова што сега го почнавме, оваа недела, е почеток на еден сосема поинаков третман на комуналниот отпад за што прво и основно треба на граѓаните да им понудите инфраструктура. Тотално застарениот систем и концепт, дури и да сака граѓанин да врши селектирање на отпад, да се придржува до некои стандарди што се нормални во европските градови немаше можност, сега отвораме полека такви можности, се надевам дека со фактичкото преземање на Дрисла ќе можеме и сепаратерката да ја финансираме сами како град со цел од една страна да извлечеме материјална корист за градот, од самиот процес на менаџирање со комуналниот отпад, од друга страна да го зголемиме капацитетот на времетраење на Дрисла затоа што сега како што се одвиваат работите се што како комунален отпад влегува во Дрисла се депонира без да биде извршена селекцијата, од друга страна Градот анализирајќи ги сите податоци што ги имаме во смисла на амбиенталниот воздух, е веќе поставен стратешки на сите болни точки, вели Шилегов во интервјуто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »