Промовирани огласи »

Ние сме готови со концептот на современ, нов јавен превоз што ќе им понуди на Скопјани можност да го заменат автомобилот, бидејќи ќе биде и евтин и побрз и поеколошки од она што досега го имаме во нашиот град. Минатата недела потпишавме и набавка на автобуси на гас со светски, еден од најреномираните производители „МАН“, но тие не засегаат во овој концепт во кој што зборувам, тие само ќе помогнат во иднина. Како такво, очекуваме дека Владата својот дел што како вербална обврска го има истакнато дека ќе влезе во финансирање на тој концепт да го исполнат. Градот е спремен, кај нас се спрема и тендерската документација на целокупниот систем, така што очекувам во моментот кога Владата ќе ги одобри средствата ние како Град да можеме да стартуваме. Ова во интервју за МИА го вели првиот човек на градот.

Тој додава дека се што работи како градоначалник заедно со градската администрација е во насока на заштита на животната средина.

Оваа недела веќе претставивме еден сосема поинаков концепт на менаџирање со комуналниот отпад. Го решивме прашањето со Дрисла, во формална смисла, а во фактичка допрва треба да го воспоставиме. Скопје има систем на третман на комуналниот отпад наследен од 80-тите години и ништо не е сменето. Ова што сега го почнавме, оваа недела, е почеток на еден сосема поинаков третман на комуналниот отпад за што прво и основно треба на граѓаните да им понудите инфраструктура. Тотално застарениот систем и концепт, дури и да сака граѓанин да врши селектирање на отпад, да се придржува до некои стандарди што се нормални во европските градови немаше можност, сега отвораме полека такви можности, се надевам дека со фактичкото преземање на Дрисла ќе можеме и сепаратерката да ја финансираме сами како град со цел од една страна да извлечеме материјална корист за градот, од самиот процес на менаџирање со комуналниот отпад, од друга страна да го зголемиме капацитетот на времетраење на Дрисла затоа што сега како што се одвиваат работите се што како комунален отпад влегува во Дрисла се депонира без да биде извршена селекцијата, од друга страна Градот анализирајќи ги сите податоци што ги имаме во смисла на амбиенталниот воздух, е веќе поставен стратешки на сите болни точки, вели Шилегов во интервјуто.

Промовирани огласи »

HAPPY WEEKEND акција во „Нептун" со големи попусти и до 60 рати без камата! Од 03-07 октомври, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Овој викенд ќе биде исполнет со големи попусти и рати без камата! Потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. „Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Целокупната понуда за HAPPY WEEKEND може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

На 01.10.2019 „Нептун" ја отвори новата ПРЕМИУМ продавница во Карпош во „Скопје Сити Мол". Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново ПРЕМИУМ купувачко искуство. Новиот ПРЕМИУМ концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби. За време на големата продажна акција HAPPY WEEKEND во новата ПРЕМИУМ продавница ќе има и дополнителни настани и промоции. Од 04-06 октомври од 18.00-22.00ч. ќе има промоција на нутрибуст за приготвување на здрави и вкусни смути напитоци. А, за гејмерите „Нептун" организира голем гејминг настан во сабота на 05-ти октомври од 11.00-16.00ч., на кој учесниците ќе се натпреваруваат во FIFA20. За финалистите е обезбеден голем гејмерски награден фонд!

Ве покануваме и вие да го искусите ПРЕМИУМ концептот на новата „Нептун" продавница!

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

В сабота, на 5-ти октомври, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.

Драган Мијалковски, Славе Димитров,  Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.

„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50%, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Потребните документи за аплицирање на повикот може да се најдат на веб страната на Општината Аеродром.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »