Промовирани огласи »

В сабота, на 5-ти октомври, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.

Драган Мијалковски, Славе Димитров,  Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.

„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50%, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Потребните документи за аплицирање на повикот може да се најдат на веб страната на Општината Аеродром.

Промовирани огласи »

Филипче: Од следната година сите специјалисти ќе земаат нето плата од 100 илјади денари

Флуктоации во тимот секаде во светот постојат. И двете приватни болници имаа важечки договори да изведуваат детски кардиохируршки операции. Таму се изведуваа и досега. Не е тоа никаков новитет“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во приватните болници се плаќа само услугата, исто како што се плаќа и на државната клиника, но не се плаќаат трошоците.

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти.

Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година. 

Промовирани огласи »

Службите на Град Скопје доцна навечер ја местеа новата комунална опрема за скопјани пријатно да се изненадат со новите контејнери рано наутро. „Започнуваме со поставување на новата комунална опрема. За поубаво и почисто Скопје. Да го чуваме Скопје. Сите заедно“, објави градоначалникот Петре Шилегов.

Станува збор за опрема која ќе ги замени незатворените и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа.

Се работи за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »