Промовирани огласи »

HAPPY WEEKEND акција во „Нептун" со големи попусти и до 60 рати без камата! Од 03-07 октомври, потрошувачите ќе може да купуваат по промотивни – haPPу цени со големи попусти и до 60 рати без камата со haPPy кредитот или до 24 рати без камата со кредитни картички и со синдикална продажба.

Овој викенд ќе биде исполнет со големи попусти и рати без камата! Потрошувачите може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други. „Нептун" има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Целокупната понуда за HAPPY WEEKEND може да се разгледа на https://www.neptun.mk/.

На 01.10.2019 „Нептун" ја отвори новата ПРЕМИУМ продавница во Карпош во „Скопје Сити Мол". Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново ПРЕМИУМ купувачко искуство. Новиот ПРЕМИУМ концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби. За време на големата продажна акција HAPPY WEEKEND во новата ПРЕМИУМ продавница ќе има и дополнителни настани и промоции. Од 04-06 октомври од 18.00-22.00ч. ќе има промоција на нутрибуст за приготвување на здрави и вкусни смути напитоци. А, за гејмерите „Нептун" организира голем гејминг настан во сабота на 05-ти октомври од 11.00-16.00ч., на кој учесниците ќе се натпреваруваат во FIFA20. За финалистите е обезбеден голем гејмерски награден фонд!

Ве покануваме и вие да го искусите ПРЕМИУМ концептот на новата „Нептун" продавница!

„Нептун" најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун" е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава.

Промовирани огласи »

В сабота, на 5-ти октомври, со почеток во 20:00 часот, на платото пред Универзалната сала, ќе се одржи еден од централните настани на овогодинешната Бела ноќ - „50 години Скопски“.

Драган Мијалковски, Славе Димитров,  Верица Ристевска, Лидија Кочовска, Сашо Гигов – Гиш, Ѓоко Танески, Сара Мејс и Ај-Кју, во придружба на Биг бендот со настапи во живо ќе не потсетат на прекрасните изведби на најголемите хитови од фестивалот низ годините.

„50 години Скопски“ ќе оддаде чест на музичките великани, композитори и изведувачи, за прв пат собирајќи ги на едно место и здружувајќи ги сите генерации на музички ѕвезди, од самите почетоци па се до последното издание на фестивалот, во 2015-тата.

Промовирани огласи »

Општина Аеродром денеска објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците направени при набавка на инвертер-клими, што ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Жителите што купиле или ќе купат инвертер-клими во тековната 2019 година најдоцна до денот на траење на јавниот повик заклучно до 18 октомври, можат да достават барање за поврат на средствата во висина од 50%, но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство со вклучен персонален данок на доход.

Потребните документи за аплицирање на повикот може да се најдат на веб страната на Општината Аеродром.

Промовирани огласи »

Филипче: Од следната година сите специјалисти ќе земаат нето плата од 100 илјади денари

Флуктоации во тимот секаде во светот постојат. И двете приватни болници имаа важечки договори да изведуваат детски кардиохируршки операции. Таму се изведуваа и досега. Не е тоа никаков новитет“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека во приватните болници се плаќа само услугата, исто како што се плаќа и на државната клиника, но не се плаќаат трошоците.

Филипче изјави дека со големиот број вработувања, зголемен е капацитетот на јавно-здравствените установи на секоја поединечно за 10 проценти.

Воведовме и нова мерка, за задолжителен шестмесечен платен стаж на младите лиценцирани доктори. Ова е одлична стимулативна мерка за да останат во земјата, да стекнат експертиза под менторство на поискусни лекари и да работат на примарно ниво на здравствена заштита, таму каде што навистина се стекнуваат првичните искуства. Тоа се итната медицинска помош, вакциналните пунктови и патронажните сервиси, рече министерот Филипче.

Тој потенцираше дека со инвестицијата во платите и дежурствата, има доктори коишто и сега земаат нето плата од 100 илјади денари, а во овој момент се работи на обезбедување на буџет за тоа да важи за сите лекари специјалисти следната година. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »