Промовирани огласи »

Вработените во неколку сектори имаат плати кои се далеку повисоки од просечните. 

Во секторот компјутерско програмирање во август нето платата во просек била 63.870 денари. 

41.337 денари нето плата земале вработените во воздухопловен транспорт во август, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. 

46.384 денари била просечната нето плата во секторот комуникации и информации. 

Просечна плата од 41.223 денари нето земале вработените во секторот финансиски дејности и дејности за осигурување. 

Промовирани огласи »

Различни сектори носат различни просечни примања. 

Ако сте во потрага по вработување а не сакате најниска плата тогаш би требало да ги избегнувате секторите кои носат најмали примања.

Па така според ДЗС најниските платени работни позиции согласно последните статистики се во областа на Заштита и истражување. Тој сектор во август земал најниска просечна плата која изнесувала 13 703 денари.

На втората позиција најниско платен сектор е производството на кожа каде што платата во август била 15 178 денари.

Рибарство и аквакултура е трето рангиран сектор каде платите се исто така меѓу најниските. Вработените таму за месец август добиле 15.430 денари просечна плата.

Четвртата и петата позиција на најниско платени сектори отпадна на сектори каде спаѓаат Услуги поврзани со одржување на згради, животна средина и природа и Производство на облека каде платите во август биле 15.614 денари односно 15.991 денари.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

За сите граѓани на РМ

23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините, додека цената на дизелот и следната седмица ќе остане истата. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва цените на горивата се намалуваат во просек за 1.16%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел ќе продолжи да чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »