Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2019 година (среда), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.

За сите граѓани на РМ

23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,

8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (петок), Празникот на сите светци,

25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Од вечерва на полноќ се намалуваат цените на бензините, додека цената на дизелот и следната седмица ќе остане истата. Во согласност со методологијата за пресметка на цените, од вечерва цените на горивата се намалуваат во просек за 1.16%.

Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 1.50 денари, и еден литар 98-октански бензин ќе чини 68.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 1.00 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 66.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото не се менува, и еден литар дизел ќе продолжи да чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Промовирани огласи »

Саемот на кариера и вработување 2019 ќе се одржи утре, на 22 октомври од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Агенцијата за млади и спорт обезбеди над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.

Саемот е наменет за сите млади кои бараат пракса, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ едукација, програми за работа надвор од државата, Еразмус+ проекти, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.

Промовирани огласи »

Десет отсто од граѓаните во земјава поседуваат противпожарен апарат во своите домови или автомобили. Свеста за потребата е многу мала, како и едукацијата за нивната примена.

Марија Кукуноска, менаџерка во БИСПАГ противпожарна техника, една од компаниите што имаат лиценца за работа на македонскиот пазар, вели дека покрај ниската свест за потребата да се поседува во домот и во автомобилот, проблем е и староста на противпожарните апарати што ги поседуваат институциите.

– Противпожарен апарат потребно е да поседува секој дом, секој автомобил и секој правен субјект, бидејќи претставува превентивно средство за лична безбедност. Важно е да се поседува како средство за почетно гаснење пожар, за да се спречи понатамошно ширење, но исто така во случаи каде што имаме пожар со правилна употреба на ПП-апаратот и за трасирање пат кон најблискиот излез за евакуација од просторијата што е зафатена со пожар, вели Кукуноска.

Законски за домаќинства и за автомобили во приватна сопственост не е задолжително поседување противпожарни апарати, а обврска е за возилата што вршат превоз на патници и за институциите и фирмите.

Според Кукуноска, внимание треба да се обрне и на едукацијата на граѓаните за користење на противпожарните апарати. Како што најави, нивната компанија ќе спроведе едукативна кампања месецов, кој е определен за заштита од пожари и безбедност во светски рамки.

Употребата на ПП-апаратот е многу едноставна, но секако потребно е да претходи обука за правилно користење со придржување кон упатството на производителот на ПП-апаратот што се наоѓа на секој апарат со шематски приказ за начинот на употреба, како и векот на траење, истакнува Кукуноска.

Појаснува дека новите апарати имаат век на траење 20 години. Во некои институции, укажува, има ПП-апарати од седумесеттите години на минатиот век, кои иако се со рок на траење од седум години, сè уште се во употреба и претставуваат опасност. Тие, порачува, треба да се заменат со нови.

Месецов ја интензивираат активноста наречена „Старо за ново“, со цел подигнување на безбедноста на највисоко ниво, со што би ги замениле старите апарати што се максимално небезбедни со нови. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »