Промовирани огласи »

„Lucky days” од 28-31.10.2019 во „Нептун” - продажна акција со најголеми попусти! Овие “Среќни денови” за потрошувачите, ќе им овозможи покомфорен шопинг - да купуваат ем на попусти, ем до 60 рати со haPPy инстант кредитот.

Потрошувачите во „Нептун” може да најдат најголем избор на: телевизори, фрижидери, машини за перење, плотни, фурни, сушари, лаптопи и таблети, мобилни телефони, мали апарати за домаќинство и апарати за нега и убавина од брендовите: Beko, Samsung, LG, Huawei, Sony, Apple, Grundig, Elektrolux, Candy, Asus, Acer, Lenovo, Fuego, Bosch, Tefal, Rowenta и многу други.

„Нептун” има и широка палета на услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.

Целокупната понуда за “Lucky Days”, може да се разгледа на https://www.neptun.mk/

На почетокот на овој месец „Нептун” ја отвори новата ПРЕМИУМ продавница во Карпош во „Скопје Сити Мол”. Новата продавница е најсовремен концепт на малопродажен објект кој на потрошувачите им овозможува ново ПРЕМИУМ купувачко искуство. Новиот ПРЕМИУМ концепт е содржаен со зони за сечиј вкус и потреби. Ве покануваме и вие да го искусите ПРЕМИУМ концептот на новата „Нептун” продавница.

„Нептун” најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 21 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија и преку 80 големопродажни партнери. Со брендови во своето портфолио како Беко, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава”.

Промовирани огласи »

Од следната година вработените во јавниот сектор и правосудството ќе добиваат К-15 и јубилејни награди. Ова е договорено меѓу синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и јавна администрација и ќе стои во гранковиот колективен договор за секторот кој треба да се потпише за две недели, соопшти денеска претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски на потпишувањето на колективниот договор на ниво на работодавач во Агенцијата за катастар.

„Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски деновиве треба да се произнесе околу предлогот за висината на К-15 по што ќе биде потпишан гранковиот колективен договор. Очекувам за две недели да ставиме потпис на Договорот“, вели Грујовски.

Тој соопшти дека досега на ниво на работодавач се потпишани 15 колективни договори во јавни институции, 10 се во подготовка, додека 3 до 4 колективни договори чекаат потпис деновиве. Меѓу нив и на Службениот весник.

„Засега добро одат преговорите во јавните институции, но многу потешко ќе оди потпишувањето на колективни договори на ниво на работодавач во правосудските органи, но се надеваме дека Гранковиот договор ќе им ги даде сите права на вработените во јавниот сектор“, нагласи Грујовски.

Колективниот договор на вработените во Агенцијата за катастар, што денеска го потпишаа претседателот на УПОЗ, Грујовски, директорот Борис Тунџев и претседателот на синдикатот во Катастарот Љубиша Јовановски опфаќа 857 работници и е потпишан по 10 години.

Тој, како што рече првиот синдикалец во Катастарот, Јовановски е преговаран две години и ги зголемува правата на работниците.

„Со овој договор вработените во Катастарот го добија правото на зголемени работни часови, правото на слободни денови и отсуство од работа, добиваат К-15 и јубилејни награди независно каде ги направиле годините на стаж и се зголемени правата од безбедност при работа. Наша задача е да го зголемиме и додатокот на платите кој сега е 15 отсто на 30 отсто“, објасни Јовановски.

Покрај колективниот договор, вработените добија и зголемување на платите и останува сега да ги дадат ефектите од работењето.

„Вработените не треба да заборават дека од другата страна на шалтерот стои граѓанинот кој го финансираше ова зголемување на платите и тој треба биде задоволен од услугата дадена од нив“, потенцира Тунџев.

Промовирани огласи »

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска излегоа на терен со новите 12 електрични метларки наменети за вакуумско чистење. Во текот на денот со метларки ќе се чисти централното градско подрачје, односно Плоштадот и улицата Македонија, булеварот Илинденска и булеварот Партизански одреди.

Новите метларки коишто ќе се употребуваат за чистење и одржување на хигиената на јавните површини низ градот, се еколошки машини што работат на електричен погон и нема да го загадуваат амбиенталниот воздух.

Промовирани огласи »

Поради  предвремените парламентарни избори нема можност да спроведе попис напролет 2020 година, но најдоцна до крајот на  2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“.

Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

Пописот треба да се спроведе и јас врувам дека може да се спроведе, 2020-та или 2021 година најдоцна треба да го спроведеме. Пред изборите е кампањата, тогаш не може, за време на изборите не може, а по изборите треба да се составува влада па да се конституира парламент и тука исто така се губи можноста, напомена премиерот.

Во врска со ставот дека пописот може да се спроведе во исто време со предвремените избори, рече дека тоа го кажал зашто идејата беше да има избори кон крајот на октомври, па оттука, попис да има напролет. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »