Промовирани огласи »

Поради  предвремените парламентарни избори нема можност да спроведе попис напролет 2020 година, но најдоцна до крајот на  2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“.

Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

Пописот треба да се спроведе и јас врувам дека може да се спроведе, 2020-та или 2021 година најдоцна треба да го спроведеме. Пред изборите е кампањата, тогаш не може, за време на изборите не може, а по изборите треба да се составува влада па да се конституира парламент и тука исто така се губи можноста, напомена премиерот.

Во врска со ставот дека пописот може да се спроведе во исто време со предвремените избори, рече дека тоа го кажал зашто идејата беше да има избори кон крајот на октомври, па оттука, попис да има напролет. 

Промовирани огласи »

И во Југославија постоеја милијардери, а за нив не потсети yugopapir.com, кој објавува новинарски записи од поранешна држава.

Тогашниот таблоид ТОП објави текст за даночните пријави во 1989 година во февруари. Како пишуваат, најмногу заработиле приватните ресторани, пејачи и композитори на народната музика, но и трговски патници, претставници на странски компании, фудбалери и визуелни уметници. Во тоа време, на списокот на најбогатите се најдоа и новинари и универзитетски професори

Целиот текст читајте го на МАШКИ МАГАЗИН, ТУКА.

Промовирани огласи »

Tom Tailor нуди плата 13.530 денари + бонус од 2.000 - 8.000 денари за работа како АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/qK6gbVHYGk64y431pRnw1w/asistent-vo-prodazhba

Алма - М го прошитува својот тим со:

MASAC solution, како брзорастечка компанија која се занимава со решавање на мехатронички проблеми од различни области има потреба од вработување на ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР: https://kariera.mk/job/Ui4KnS4j6kCIT0ml88Dp3Q/elektroinzhener

Паблишер вработува ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР со работно искуство: https://kariera.mk/job/fcN0hciFB0Wehe3khvmiww/pablisher-doo-vrabotuva-grafichki-dizajner

Гет кафе има потреба од КЕЛНЕР/КИ и ШАНКЕР/КИ: https://kariera.mk/job/gnQfAJzkVku3CIFXpt-j2g/kelneri-ki-i-shanker-ki

Почетна нето плата 20.000 денари и работа само прва смена (од 08:00 до 16:00 часот). Мотиви за свој клиент е во потрага по МАГАЦИОНЕР: https://kariera.mk/job/knsrrx9snEakUraylGwzwQ/magacioner

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ И МСФИ:  https://kariera.mk/job/cx4cgwI170e7UjwTe6OWPA/ekspert-za-izvestuvanje-i-msfi

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со што ги намали тарифите што корисниците ги плаќаат за стандарден и повторен приклучок на струја.

Стандардниот што до сега чинеше 500 евра во подрачјата каде што општините имаат донесено детален урбанистички план, сега ќе чини 370 евра. Но, од првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, вели дека од сега нема да постои нестандарден приклучок за струја. Овој нестандарден приклучок се наплаќаше по повеќе од 2.000 евра, а причина за тоа беше дека општините немаа усвоено ДУП.
 
Од Регулаторна сметаат дека граѓаните не се виновни затоа што општините не донеле ДУП и затоа се укинува нестандардниот приклучок, односно сите ќе плаќаат по 370 евра без разлика на која локација се наоѓаат. Се намалува и цената за одвојување на броилата. Оваа услуга сега ќе чини 200 евра, од претходните 500 евра.
 
Регулаторната комисија за енергетика ја намали и цената што корисниците ќе ја плаќаат за повторен приклучок доколку биле исклучени поради неплатени сметки. Сега оваа услуга ќе чини 440 денари, а повторниот приклучок ќе се врши во најбрз можен рок. Претходно се плаќаше околу 1.700 денари за повторно приклучување да се изврши наредниот работен ден, а доколку сакаме тоа да се случи истиот работен ден, услугата надминуваше 2.000 денари.
 
Новите цени почнуваат да важат веднаш.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »