ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ И МСФИ

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата:

                                           ЕКСПЕРТ ЗА ИЗВЕСТУВАЊЕ И МСФИ 

 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Солидно познавање и искуство во примена на МСФИ 
  • Контрола и осигурување на месечни и кварталните извештаи за Холдингот:  биланс на состојбата, биланс на успех, интеркомпаниските извештаи, старосните структури и кварталните МСФИ  извештаи.
  • Соработка и комуникација со внатрешни и надворешни ревизори.
  • Комуникација и соработка со даночни консултанти, управа за јавни приходи, министерство за финансии.
  • Комуникација и соработка со Народната Банка на РСМ и други финансиски институции.
  • Навремено следење на данокот на непризнаени расходи и обезбедување преглед на непризнаените трошоци на месечно ниво
  • Преглед и контрола на годишните извештаи за персонален данок на доход и уплатениот данок по задршка
  • Подготовка и анализа на дневни, неделни, месечни и квартални извештаи согласно потребите
  • Помагање во контролата на целокупното работење на ЕРП за потребите на сметководството, финансии и одделението за приходи.
  • Координација помеѓу сметководство, финансии и одделението за приходи за потребите за известувањето и анализите
  • Учество во изработката на процедури за различни процеси од работењето во ТАВ Македонија
  • Да соработува со сите други компании со седиште на аеродромот
  • Одговорност за извршување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина

  

     ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО

•             Универзитетско образование

•             Најмалку 5 години работно искуство во областа

•             Одлично познавање на Англиски Јазик, говор и пишување

•             Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook)

 

ВЕШТИНИ   

•             Насоченост кон решавање на проблеми, изнаоѓање на компромисни решенија за компанијата и носење на самостојни одлуки

•             Иновативност, динамичност и посветеност

•             Аналитички вештини и докажано внимание кон детали

•             Ефикасни комуникациски вештини и одлични меѓучовечки вештини

•             Однесување со највисоки морални стандарди

•             Вештини со управување со бази на податоци и чување на документи

•             Одлични вештини за планирање и организација

•             Познавање и почитување на организациска структура

•             Способност да работи под притисок

•             Способност да работи на повеќе проекти паралелно

 

 

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »