Промовирани огласи »

Доколку се најдете во ситуација да сте во странство и да го изгубите или оштетите пасошот, советите кои ќе ги прочитате во продолжение ќе ви помогнат и укажат на тоа што треба да направите.

Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потврда за истото.

Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија.

Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонија каде ќе ви издадат патен лист.

Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.

Промовирани огласи »

09:00 часот, го пиеме нашето прво кафе пред флуоресцентната неонка и го започнуваме денот со ексел табела. Според др. Пол Кели од Оксфорд универзитетот ова  е една од најголемите општествени тортури.

Др. Кели и неговиот истражувачки тим потврдуваат дека раното почнување со работа е лошо за нашето здравје и тело. Тоа е така поради биолошкиот часовник, како и нашите хормони, активноста на мозокот и нивоата на енергија. Според др. Кели, луѓето не можат да го менуваат таквиот ритам. Без оглед на тоа колку и да се трудиме да се навикнеме на раното станување, нашиот црн дроб и срце имаат различен начин на функционирање.

Тоа  е така бидејќи природниот ритам на луѓето се врти околу сонцето, а не бизнис стратегиите. Во 18-тиот век, осумчасовниот ден бил креиран за да се зголеми ефективноста, но сопствениците на фабриките не го земале предвид природниот часовник на луѓето, тие само размислувале за 24/7 распоред во нивните фабрики.

Според др. Кели, живееме во општество во кое на луѓето постојано им се спие. Тој истакнува дека најдобриот работен ден треба да почнува во 10:00 часот.  Дополнува дека компаниите кои ги принудуваат своите вработени да работат  пред 10:00 часот им создаваат многу стрес, а така и негативно влијаат на својата продуктивност. Таквиот стрес на долг рок, придонесува луѓето често да се јавуваат дека се болни, што е лошо за продуктивноста, вели тој. Во САД во текот на една година се трошат околу 40 милијарди за кафе, посочува тој, што е голем индикатор за тоа колку им се спие на луѓето.

Промовирани огласи »

Министерот за правда Игор Филков информира дека иницирал постапка за повлекување на одлуката за давање согласност за десеткратно зголемување на нотарската тарифа, која ја донел неговиот претходник Кренар Лога пред да замине од функцијата.

Според Филков, неговиот претходник преку скриен процес, без да ја информира јавноста, потпишал одлука со која од 1 септември нотарските услуги ќе се зголемеле десетпати, но, како што рече, ова нема да се случи.

Како што знаете, пред да замине од функција, поранешниот министер за правда Кренер Лога потпишал одлука со која од 1 септември ќе се овозможеше зголемување на услугите на нотарите10 пати. Ова нема да се случи. Затоа ќе ги повлечам измените за новата тарифа. Вака не се работи.
Не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, односно не смее да се носат одлуки без да има широка дебата, без да слушнеме што мислат за тоа сите засегнати страни, исткна Филков.

Таквата одлука, како што појасни, била донесена уште во февруари, но се чекало да поминат изборите, по што на 6 јуни техничката влада дала одобрение и новите тарифи биле објавени во „Службен весник“ на 11 јуни.

За ова никој не ја информирал јавноста, ниту преку официјални соопштенија ниту на прес-конференција, односно процесот бил скриен. Новите цени треба да важат од 1 септември и тоа нема да се случи, нагласи Филков.

Според него, за промената на цената мора да има сериозна анализа.

Мора да има утврдено потреба од сериозно зголемување како што предвидел поранешниот министер, кој од неразбирливи причини терал некоја агенда за поскапувањето. По повлекувањето на одлуката, имам намера да отворам дебата и да разговараме што може да се направи сѐ со цел да не бидат оштетени ниту граѓаните ниту нотарите, рече Филков. 

Промовирани огласи »

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.Една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа.

Моментално вработува:

БРЕНД МЕНАЏЕР
КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА НАБАВКА НА ЗДРАВА ХРАНА
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПЛАТА И ПЕРСОНАЛНА АДМИНИСТРАЦИЈА
ВОЗАЧ
МАГАЦИОНЕР

Се уште невработени?! Сите останати актвини работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »