Промовирани огласи »

Основачот на Amazon и извршен директор Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот за време на попладневното тргување во четвртокот, а на првото место повторно е ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Акциите на Amazon паднаа седум проценти во тргувањето по работното време, соборувајќи го богатството на Безос на 103,9 милијарди долари.

Тоа го постави на второто место меѓу најбогатите луѓе во светот.

Новиот број еден е Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари.

Во 2018 година, Безос стана најбогатиот човек во светот и прв на списокот на Forbes чие богатство изнесуваше над 100 милијарди долари, со што ја прекина низата на Гејтс од 24 години на првото место.

Но, падот на извршниот директор на компанијата Amazon не е во целост последица на падот на акциите на Amazon.

Безос четвртина од својот удел во Amazon го пренесе на својата поранешна сопруга, како дел од нивниот договор за развод, кој заврши на почетокот на оваа година.

Мекензи Безос е “тешка” 32,7 милијарди долари и е меѓу 20 најбогати во светот.

Промовирани огласи »

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на Mинистерството за финансии.

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади,како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.

Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.

Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата  изнесува 11.900 евра.

Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.

Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Новина има и кај моделот “Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.

За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата.

Прирачникот може да го превземете со клик тука.

Промовирани огласи »

"Рачката служи за ногата, самиот збор кажува-рачка-нога, гранките задолжително мора да завршат во ова чудовиште, па што сака нека биде" - вака може да се опише состојбата што деновиве беше „фатена“ на скопските улици а објави ако.мк.

Очигледно на дел од скопјани им треба обука како се користат контенерите и за што се наменети т.е. за какви отпадоци.  

Промовирани огласи »

Според најновите официјални статистички податоци, највисоки просечни плати во регионот се забележани во Словенија и во Хрватска, а најниски во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Според најновите расположливи податоци на словенечкиот Завод за статистика, просечната месечна нето-плата во земјата е 1.114 евра. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите во регионот што надминува 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечната плата во скоро сите балкански земји, освен во Хрватска, каде просечната месечна плата е близу 900 евра.

По Словенија, следува Хрватска, уште една членка на Европската Унија од балканскиот регион, во која, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за август, просечната плата изнесува 6.438 куни или 864 евра.

Потоа доаѓа Црна Гора, каде што според официјалната статистика на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстат, просечната заработка без даноци и придонеси во август 2019 година изнесува 517 евра.

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава била 925 конвертибилни марки, или 472 евра, што е нешто повисоко од платата во соседна Србија. Според податоците на српскиот Завод за статистика, просечната нето плата во август годинава била 54.111 динари или 460 евра.

Статистичките податоци од Заводот за статистика на Северна Македонија покажуваат дека просечната плата во јуни годинава е 25.127 денари или 409 евра, што е најниска месечна плата во регионот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »