Промовирани огласи »

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на Mинистерството за финансии.

За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади,како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес.

Согласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.

Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата  изнесува 11.900 евра.

Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.

Дополнително корисниците на субвенциониран станбен кредит, за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Новина има и кај моделот “Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција.

За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата.

Прирачникот може да го превземете со клик тука.

Промовирани огласи »

"Рачката служи за ногата, самиот збор кажува-рачка-нога, гранките задолжително мора да завршат во ова чудовиште, па што сака нека биде" - вака може да се опише состојбата што деновиве беше „фатена“ на скопските улици а објави ако.мк.

Очигледно на дел од скопјани им треба обука како се користат контенерите и за што се наменети т.е. за какви отпадоци.  

Промовирани огласи »

Според најновите официјални статистички податоци, највисоки просечни плати во регионот се забележани во Словенија и во Хрватска, а најниски во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Според најновите расположливи податоци на словенечкиот Завод за статистика, просечната месечна нето-плата во земјата е 1.114 евра. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите во регионот што надминува 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечната плата во скоро сите балкански земји, освен во Хрватска, каде просечната месечна плата е близу 900 евра.

По Словенија, следува Хрватска, уште една членка на Европската Унија од балканскиот регион, во која, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за август, просечната плата изнесува 6.438 куни или 864 евра.

Потоа доаѓа Црна Гора, каде што според официјалната статистика на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстат, просечната заработка без даноци и придонеси во август 2019 година изнесува 517 евра.

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава била 925 конвертибилни марки, или 472 евра, што е нешто повисоко од платата во соседна Србија. Според податоците на српскиот Завод за статистика, просечната нето плата во август годинава била 54.111 динари или 460 евра.

Статистичките податоци од Заводот за статистика на Северна Македонија покажуваат дека просечната плата во јуни годинава е 25.127 денари или 409 евра, што е најниска месечна плата во регионот.

Промовирани огласи »

Електричните тротинети покрај тоа што се добри за патувања на кратки релaции, идеални за избегнување на гужвите и пред се „еко-френдли“, претставуваат и голем проблем пред се поради немањето на законски регулативи за регулирање и вклопување на нив во сообраќајот.

Сепак тоа повеќе не важи за Франција која е една од првите земји кои донесе посебна регулатива за електричните тротинети, а со само тоа и соодветни казни за непочитување на истите регулативи и правила.

Француските медиуми наведуваат дека возачите на електричните тротитените мора да имаат најмалку 12 години, а при тоа максималната брзина со која може да се движат е ограничена на 25 километри на час.

При тоа доколку електричниот тротинет се вози на прометни сообраќајници тогаш мора да се користи кацига. Кршењето на овие, но и други закони значи и казна од 135 па се до 1.500 евра.

Во моментов во Македонија нема никаква законска рамка во која се сместуваат електричните тротинети иако пред неколку месеци надлежните наведоа дека работат на тоа. Со брзината што ја постигнуваат тие се сериозни учесници во сообраќајот и сигурно и нивното користење треба да има одредени правила и законски одредби.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »