Промовирани огласи »

Шест институции од Македонија денеска потпишаа договори за грант со Јапонската влада во вкупен износ од 368.626 евра за проекти кои се насочени кон подобрување на животот на граѓаните.

Договорите се наменети за рехабилитација на основните училишта „Свети Климент Охридски“ во струшкото село Драслајца и „Вук Караџиќ“ во Куманово, за опремување на Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави, опремување на Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија со медицинска апаратура, опремување на Противпожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило и за опремување на Општата Болница Охрид со амбулантно возило.

Средствата се обезбедени преку Програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти – GGP, основана од Владата на Јапонија.

Тојоказу Кубота, вршителот на должноста амбасадор во Јапонската амбасада во Скопје на денешното потпишување на договорите рече дека ова е најголемата сума во последните десет години што е издвоена за GGP проекти во Македонија за една година.

Убедени сме дека сите институции совесно ќе ги искористат средствата од грантовите со цел исполнување на поставените цели на проектите. Амбасадата на Јапонија во Скопје е подготвена да им помогне во нивните напори, а лично со нетрпение очекувам да ги посетам локациите на завршените проекти, истакна Кубота.

Оваа програма во Македонија се спроведува во 1996 година и досега се реализирани над 100 проекти низ целата држава со вкупен износ од околу шест милиони евра.

Промовирани огласи »

Со вкупно 94 милијардери, овој град по втор пат го надминува Њујорк.

Весникот Hurun Global Rich List објави дека во Пекинг денес живеат 94 милијардери, што е за шест помалку од пред една година, но сосема доволно за да се задржи на првата позиција.

На втората позиција е Њујорк, каде според последните податоци има 86 милијардери. Во Големото Јаболко, за разлика од лани има 9 милијардери помалку.

Седум од 20-те града на листата се од Кина, вклучувајќи го и Хонгконг, кој ја зазема третата позиција со 71 богаташ. Најголем раст по бројот на милијардери има Шенжен, каде што денес живеат 62, или 16 повеќе од пред една година.

Петтата позиција со 59 милијардери ја зазема Москва, а потоа е Лондон (55), Шангај (53), Мумбај (42), Париз (36). Според последните податоци денес во светот има 2.257 милијардери или 69 повеќе од пред една година.

За последниве пет години листата е збогатена за нови 804 лица, при што лидерската позиција и натаму ја држи Кина со 609 милијардери, додека во САД има 552 милијардери.

Промовирани огласи »

Италија воведе единствен данок за богатите странци за да конкурира на сличните иницијативи во Велика Британија и Шпанија.

Владата на Италија се обидува да го следи примерот на овие земји кои успешно привлекуваат многу богати фудбалери и забавувачи.

Така сите странци кои како место за престој за потребите за даночење на приходите остварени било каде во светот, ќе ја изберат Италија во иднина ќе плаќаат 100.000 евра данок годишно.

Промовирани огласи »

По 20 успешни години традиција и оваа година, во ново руво АИЕСЕК Скопје и Економски факултет УКИМ Скопје го претставуваат настанот којшто на своите делегати им донесе безброј контакти, вештини и алатки и обезбеди простор за соединување на очекувањата меѓу студентите и компаниите, Денови на Кариера.

Во екот на пролетта, на 17 март во просториите на Економскиот факултет, ќе се обидеме повторно да ги задоволиме потребите на движечката сила на иднината, студентите и корпоративниот сектор, компаниите. Делегатите оваа година ќе имаат уникатна можност со учеството, да заминат од настанот со пракса или пак понуда за вработување.

Како ќе го сториме тоа?

На агендата тој петок, покрај одгатнување на прашањето „Како до поголема вредност на студентот пред работодавците?“ коешто е тема на панел дискусијата, додадовме и  компаниски презентации и работилници од истите , составени со цел создавање средина каде што делегатите ќе имаат можност нешто ново да научат, но и да ги покажат своите способности и да бидат препознаени од компаниите. На овие работилници студентите би имале шанса да се запознаат со успешни приказни од македонската бизнис сфера и да бидат регрутирани од страна на компанијата како практинакт или вработен. Компаниите пак, имаат шанса да допрат до потенцијалот на македонскиот студент, а воедно и да го развијат и инкорпорираат во својот состав.

Зошто да аплицирате веднаш?

АИЕСЕК како организација верува дека лидерството е основното решение за сите глобални и локални проблеми. Според ова, ние веруваме дека секој проблем што го засега нашето општество може лесно да се реши доколку на македонската младина ѝ се овозможи да стане лидер за позитивна промена. Но, за да се реализира оваа цел она што ѝ треба на младината не е само теоретско, туку и практично знаење и искуство, а со овој настан – Денови на Кариера 2017, го обезбедуваме токму тоа.

Каде? Како? Кога?

Котизацијата за настанот чини 300 денари и истата ви овозможува незаборавно искуство во текот на целиот ден. Сè што треба вие да направите е да викнете друштво, аплицирате на следниов ЛИНК, да дојдете на 17ти март на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје и да се впуштите во мрежата од можности што ги нуди Денови на Кариера 2017!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »