Промовирани огласи »

Да се намалат квотите за запишување ученици во гимназиите и другите општествени струки, а една третина од вкупниот број слободни места да бидат за средните стручни училишта, предлага Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).

Како што беше речено денеска на прес-конференција, само на компаниите на територијата на Гази Баба им се потребни повеќе од 650 квалификувани работници од машинската и енергетската област.

Дојдено е време од промоции и кампањи да преминеме на преземање конкретни чекори како што е реформата во училиштата. Не знам точно колкави се платите за стручните кадри во индустријата, но сигурно се повисоки од оние на кадрите во општествените и ненасочените струки. Кај квалификуваниот средношколски кадар, не постои невработеност, истакна Трајан Ангелоски од Индустриската комора во ССК.

Тој изнесе и уште две барања на ССК, едното во врска со, како што рече, минималното инвестирање во индустриските зони, а другото за усогласување на законските промени со актуелните случувања во стопанството.

Цената на локациите во зоните е превисока. Нашето барање е секој квартал општините да објавуваат на продажба слободни локации за изградба на нови капацитети, посочи Ангелоски, додавајќи дека притоа не треба да се заборават постојните индустриски зони кои моментно, според него, се останати на ниво од пред половина век.

Став на ССК е и да се воспостави квалитетен механизам за усогласување на разликите меѓу законите од економската сфера. – Доколку изградите фотоволтаична централа со сите потребни дозволи и лиценци, тогаш сте лишени од финансиската поддршка за инвестиции. Практично ќе добиете лиценца од Регулаторната комисија за енергетика, но со тоа ќе ви се елиминира можноста за користење на поволностите од Законот за финансиска поддршка, објасни Ангелоски.

Осврнувајќи се на последните податоци од Државниот завод за статистика, според кои, индустриското производство е зголемено за 6,1 отсто, Ангелоски потенцира дека ако земјава сака да се приклучи кон државите со висок технички и технолошки развој, потребно е минималниот процент на раст да изнесува седум до девет отсто годишно и таквиот тренд да го одржува во континуитет од пет до 10 години.

Промовирани огласи »

О2 Иницијатива објави шокантни бројки. Од 2012 и заклучно со 2016 година загадениот воздух го зел данокот во живот на околу 17 илјади лица што е повеќе од сите жители на Дојран, Валандово, Пехчево и Крушево заедно. Овие црни бројки ги запалија социјалните мрежи со коментари дека од Македонија „луѓето се иселуваат, ама во Бутел“.

„О2 Иницијатива“ објави шокантни бројки на починати во нашата земја како последица од загадениот воздух. Повикувајќи се на извештаите за квалитетот на воздухот во Европа на Европската агенција за животна средина (2015 – 2019), од „О2 Иницијатива“ пресметале дека во Македонија за 5 години починале 16.960 лица од аерозагадување.

-До сите „надлежни“ во државава, потсетување во што сте соучесници со непреземање на навремени и доволно мерки. Додека ни умираат цели градови поради загадениов воздух, а вие барате алиби зошто не сте исполниле од ветеното со нефункционалните државни институции – велат од „О2“.

Па така, во 2012 година од загадениот воздух починале 3.340 лица, во 2013 година (3.670), во 2014 година (3.170), во 2015 година (3.200), а во 2016 година (3.580). Тоа значи дека загадениот воздух го земал данокот во живот на околу 17 илјади лица што е повеќе од сите жители на Дојран, Валандово, Пехчево и Крушево заедно.

Овие црни бројки ги запалија социјалните мрежи.

– Секојдневно гледаме плакати од починати. И колку неделно умират, но никој нема интерес, ниту може нешто да стори за било што во ова земја. Македончето се предаде, дигна раце од сè – искоментира Жаклина Л. 

Христо Дума прашува дали овие починати се дефинираат како смртни случаи од последица на аерозагадување?

– Не дека не е причина, ама веројатно има и една друга „мирудија“ која влијае, а сите ја превидуваат претпоставувам ненамерно – нагласува тој.

– Луѓето се иселуваат. Да, ама во Бутел – вели Дејан Трпковски.

– Ова ви е како да живеете во гасните комори во Аушвиц. Народот се гуши, властите никакви мерки не преземаат. Во секоја нормална држава само со овој податок оставки треба да има  – коментира Номче Кајмакоски.

– Знаете, сите трчаат само по пари, не им е гајле за народот, а нивните блиски не се тука, живеат надвор во луксуз  – вели Деса Д.

Од „О2 Иницијатива“ велат дека нема поважно прашање во државава од животот на луѓето.

– Парите дадени на мебел, патни трошоци, „службени“ јадења, возила, патувања, конференции, конгреси, симпозиуми, непотребни министерски и пратенички места, заменички директорски и безброј други непотребни функции, ПР служби, вишок советници, квази иновации, наместени тендери, непотребни проекти, преплатени автопатишта, згради. Се тоа се пари одземени од нашите животи – заклучуваат од О2 иницијатива.

Промовирани огласи »

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, како гостин во МРТ истакна дека средствата кои се собрани од прогресивниот данок пред тој да се замрзне изнесуваат 12 милиони евра, што не кореспондира со проектираната сума.

Ефектите што биле предвидени да се очекуваат од прогресивното оданочување се 25 милиони евра. Но во меќувреме не било земено во предвид дека обврзниците би ги распределувале средствата кон своите блиски и кон странство за да ги избегнат плаќањата, а инаку потенцијалот би бил 40 милиони евра на годишно ниво.

При проектирањето, доколку ги земете податоците од 2018 година и го аплицирате новото даночно решение, потенцијалот е дека би требало да се приберат нови 40 милиони евра, додека претходно беа комуницирани 25 милиони евра. При анализата за шест месеци ако се земе дека милион и 80.000 денари е прагот на годишно ниво, за пола година тој праг е поставен на 540.000 денари за да се видат и оние ефекти од оние каде е засметан данокот, а допрва ќе биде платен. Ако тоа го согледаме ние сме прибрале околу 12 милиони евра, а потенцијалот бил да се приберат 52 отсто повеќе односно нешто над 19 милиони евра. Ова укажува јасно дека тие приходи се изгубени поради промена на однесување на обврзниците, вели Ангеловска.

Таа вели дека во денешни услови кога сива економија се уште не е зауздана на овие обврзници не им е сеедно и се шувствуваат обесправени а и тие луѓе денес полесно од кога било можат да го преселат капиталот  во друг даночен систем и да плаќаат даноци на некоја друга земја наместо на нашата. Најави дека во следниот период ќе се работи на оптимално решение со кое под поволни услови ќе се врати прогресивниот данок во 2023.

На пример имаме едно лице кое зема доход од 100.000 денари, а е единствен кој работи во семејството – жената не работи, децата се мали и на нив практично тие 100.000 денари им се единствениот доход. Имаме друго семејство од четворица возрасни, сите работат и земаат по 50.000 денари секој. Кое семејство е побогато? Треба превид да се земе домаќинството,изјави Ангеловска.

 

 

 

Промовирани огласи »

Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и мобилните бројачи што ги поставува на патиштата Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Автоматските бројачи, заклучно со средината на септември, покажуваат просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) со по околу 16.000 возила, а како најоптоварени со сообраќај меѓу државните патишта се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром. По нив со околу 15.000 возила следат Скопје – Тетово, со околу 14.000 Велес – Градско, со околу 13.000 клучката Гевгелија до границата со Грција, Хиподром – Петровец…

ЈПДП има податоци за бројот и категоријата на возилата, брзината со која се движат и сообраќајното оптоварување на 170 патни делници на државните патишта што ги добиваат од автоматските бројачи поставени на 70 локации и од петдневно броење на возилата, во текот на една година со мобилни бројачи на 99 патни делници на државните патишта.

– Тоа ќе бидат показателите, кои заедно со податоците добиени од Системот за управување со патишта (Road Asset Menagment System), врз чија основа во иднина ќе имаме предвид каде и какви рехабилитации треба да се прават, а не според нечии желби, вели за МИА директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.


ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА

Најбрзо се вози на скопската обиколница, нови бројачи за брзина и фреквенција

Со брзина од 150 километри на час се движеле над 13.300 автомобили на скопската обиколница во текот на септември годинава. На патот Тетово – Гостивар, пак, со брзина од 150 километри на час возеле 3.921 возило. Вкупната фреквенција на сите патишта во државава заклучно со септември годинава изнесува 490.735 возила, покажуваат податоците од автоматските и мобилните бројачи што ги поставува на патиштата Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

Автоматските бројачи, заклучно со средината на септември, покажуваат просечен годишен дневен сообраќај (ПГДС) со по околу 16.000 возила, а како најоптоварени со сообраќај меѓу државните патишта се делниците Велес – Петровец, Тетово – Гостивар и Миладиновци – Хиподром. По нив со околу 15.000 возила следат Скопје – Тетово, со околу 14.000 Велес – Градско, со околу 13.000 клучката Гевгелија до границата со Грција, Хиподром – Петровец…

ЈПДП има податоци за бројот и категоријата на возилата, брзината со која се движат и сообраќајното оптоварување на 170 патни делници на државните патишта што ги добиваат од автоматските бројачи поставени на 70 локации и од петдневно броење на возилата, во текот на една година со мобилни бројачи на 99 патни делници на државните патишта.

– Тоа ќе бидат показателите, кои заедно со податоците добиени од Системот за управување со патишта (Road Asset Menagment System), врз чија основа во иднина ќе имаме предвид каде и какви рехабилитации треба да се прават, а не според нечии желби, вели за МИА директорот на ЈПДП, Зоран Китанов.

Со тоа, како што појаснува, ќе имаат слика за сите идни активности. Оптоварувањето, зависно дали е големо или не, ќе покаже каков асфалт треба да се користи при активностите. Тешкиот сообраќај оштетува и многу е важно да се знае со каква густина се става асфалт на одредена локација. Тоа покажува каде, колку и како треба да се рехабилитира и реконструира, прецизира Китанов.

 ЈПДП почна да ги поставува автоматските бројачи од мај годинава. Во коловозот се  поставени сензори (индуктивни јамки и пиезо-сензори), со кои се врши мерење на должината на возилата и бројот на осовините на возилата, што е основа за категоризирањето на возилата во девет. Со автоматските бројачи на возила се вршат мерења на 70 локации, перманентно, односно 24 часа 365 дена во годината. Проектот за кој е потпишан договор во 2017 година е во вредност од 550 илјади евра.

Со мобилни бројачи, пак, се вршат мерења на помалку фреквентните патишта. Тие се поставуваат на столбови на сообраќајни знаци и се оставаат 24 часа да собираат податоци, по што се исчитуваат и бројачот се поставува на друга локација. Тоа се прави пет дена во годината и се добиваат податоци за број на возила кои се движат по патот, пет категории на возила, како и брзина со која се движат. Детекцијата ја вршат со радарски систем. Со нив се заменува досегашното рачно броење.

– За целата патна мрежа на државните патишта имаме податоци за бројот на возила, категоријата и за брзината на движење. Податоците за брзината се користат за подобрување на безбедноста во сообраќајот, а ќе ги даваме на Министерството за внатрешни работи затоа што токму брзото возење е главна причина за сообраќајните несреќи, објаснува Кирил Каркалашев, помошник-раководител во секторот за одржување и наплата на патарина во ЈПДП.

Обновени 500 километри пат, тендери за нови 19 делници

Покрај податоците од автоматските и мобилните мерачи во подготовката на Програмата за рехабилитација на државните патишта ќе се земат предвид и наодите од проектот Систем за управување со патишта. Сите досегашни расположливи податоци за патиштата во дигитална форма се прегледани и трансформирани во новиот референтен систем и се прегледни во РАМС-системот. Извршени се мерења на целокупната патна мрежа од 4.384 километри, како и мерење на тежината на возила во движење на 20 различни локации со цел да се утврди видот и интензитетот на сообраќајното оптоварување.

Изминатите две години се обновени 500 километри патишта. Заклучно со октомври беше завршена рехабилитацијата на 12 патишта со вкупна должина од 118 километри и вкупна вредност од 14,4 милиони евра, заеднички проект со Светска банка.

Кон средината на месецов треба да бидат заокружени проектите за подобрување на состојбата на 19 патни делници низ цела држава во должина од 334 километри, по што ќе стартуваат тендерските постапки. Активностите на терен се планираат за почетокот на новата градежна сезона. Тие се спроведуваат со програмата од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а финансиската конструкција изнесува 68 милиони евра.

Во тек е објава на тендери за реконструкција на 12 моста и изградба на четири нови, на Пчиња и на Вардар.

Нов закон за автопатот Кичево – Охрид, тендерски постапки за Кичево – Гостивар и Скопје – Блаце

Реализацијата на капиталните инвестиции на ЈПДП заклучно со септември годинава изнесува над 60 проценти, но тие не влегуваат во капиталните расходи на Буџетот. За најкрупниот тековен проект на ЈПДП, автопатот Кичево – Охрид, во собраниска процедура е Предлог-закон за гаранција од нашата држава на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈПДП. На таа автопатска делница досега има прогрес на градежните работи од 75 проценти, а пробиени се 96 проценти од трасата. Првите километри од Врбјани до Охрид треба да бидат готови наредната година, а целиот проект до крајот на јуни 2021 година.

Според најавите, до крајот на годинава треба да биде заокружена тендерската постапка за изградба на првата делница од автопатот Кичево – Гостивар, на потегот од Кичево до село Букојчани, а градежните работи да стартуваат кон средината на идната година. На 29 месецов, пак, треба да заврши повторениот тендер за првата фаза од автопатот Скопје – Блаце.

MИА

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »