Промовирани огласи »

Пред повеќе од 30 години неколкумина Македонци од струшко-охридскиот регион во САД започнале бизниси што до денес успешно работат. Нивните компании се со седиште во сојузната држава Њу Џерси, а последниве години го прошируваат бизнисот и во Македонија. Меѓу вработените кои бројат околу 200, голем дел се токму Македонци.

Најразработен и најголем по обем бизнис во кој се ангажирани Македонците е во областа на градежништвото.

Најголем бизнис тука е градежништво. Покрај градежништвото имаме неколку ресторани, сали за секакви свечености и работиме со недвижнини. Имаме и други помали бизниси кои функционираат во партнерство со други и би кажал дека повеќето од нив се од истиот крај на Македонија, вели директорот на градежната компанија APS Contractors, Inc од Њу Џерси, Гоце Блажески.

Крсте Блажески е еден од партнерите и воедно менаџер на хотелот Дрим во Струга. Тој раководи и со компанијата за испораки на пратки со голем обем, US International Wholesale, која од САД испорачува директно во Македонија со компетитивни цени. За почетоците на неговото работење во САД со него разговаравме во седиштето на компанијата во Њу Џерси.

Во 95–та, 96–та година отворивме прв сервис кој и ден денеска работи и дава услуги на македонските државјани во Америка да можат да испратат било какви пакети, вклучително автомобили и бродови, до Македонија, каде што нивните блиски и тие самите можат да ги подигнат. Тоа е единствена компанија за таа дестинација, вели Крсте Блажески.

Но, освен во градежништвото, Гоце Блажески својот ангажман го посветува и во областа на угостителството и тоа во срцето на Големото Јаболко.

Доколку сакате да го пробате македонскиот ајвар и македонското домашно сирење, и тоа во срцето на Њујорк, во единствениот македонски бар, тоа e, Мезе Бар.

Овој бар претходно работеше под името Балканика, за потоа да прерасне во модерен бар во кој служи храна од современа и традиционална балканска кујна.

Дојдовме со идејата да го креираме Мезе Бар како проект кој ќе ги вклопува модерните американски коктели заедно со балканската кујна. Ова е единствен локал од ваков вид во срцето на Њујорк. Се наоѓаме само на три блока од Тајмс Сквер, вели Борис Митрески, менаџер на Мезе Бар, Њујорк.

Во Њу Џерси живее една од поголемите заедници на иселеници од Македонија. Њујорк со околината ги привлекува со развиената економија и особено со градежниот сектор каде работат голем дел од доселениците. Во САД, според последниот попис, има околу 60.000 луѓе кои се изјасниле за Македонци, но се верува дека оваа цифра е многу поголема, и според некои проценки се движи околу 200 илјади.

Промовирани огласи »

Американското Министерство за земјоделство утврди “Валкана десетка” во овошјето и зеленчукот со највисоко ниво хемикалии. Работна група за животна средина при Министерството, анализира 48 производи од нив кои се одгледуваат по вообичаен начин, информира “Медикал дејли”.

Иако темелно миење и дури лупење на повеќе од 36.000 примероци, во храната останале вкупно 178 пестициди. Таканаречената “Валкана десетка” со највисоко ниво на хемикалии, се состои во јагодите, спанаќот, јаболката, праските, целерот, грозјето, крушите, црешите, доматите, и компирот.

Сите тие дали позитивна реакција за голем број на различни пестициди и имале повисока концентрација на синтетички хемикалии од остатокот продукти. Јагодите содржат најмалку 20 пестициди. Храна со најмалку пестициди се пченката, авокадото, ананасот, зелката, кромид, замрзнатиот грашок, папајата, аспарагусот, мангото, модар патлиџан, лубениците “Медна роса”, киви, портокаловата диња карфиолот и грејпфрут.

Само 1% од примероците пченка и авокадо имале воочливи нивоа пестициди. Невладината организација Сојуз за храна и земјоделство, која ги претставува производителите на овошје и зеленчук, рече дека корисниците не треба да се загрижени од резултатите, бидејќи работната група за животна средина не користела научен пристап.

Најважно според производителите е земјоделското производство да не се загадува, овошјето и зеленчукот да се мијат темелно, да се чуваат на ладно и одделно од сурово месо, кокошки и морска храна.

Промовирани огласи »

Според најновите истражувања и анкетите спроведени од страна на италијанските сексолози, аферите кои се случуваат на работното место придонесуваат за подобар кавалитет на работењето и продуктивноста на вработените.

Експертите откриле дека возбудувањето кое го донесува љубовната авантура го подигнува нивото на енергија, и поради тоа ја подобрува продуктивноста и способностите.

Анкетата е спроведена на поголем репрезентативен примерок, каде дури еден од пет испитаници признал дека на работното место имал афера.

Откривме дека луѓето кои доживуваат некаква романса или љубовна авантура на работното местом се посреќни, имаат повеќе енергија и се попродуктивни - изјави сексологот Serenella Salomoni, предводник на истражувањето.

Дури два пати повеќе жени (од мажите), признале дека имале афера на работното место, а една од три жени признала дека има врска со личност на повисока позиција - само поради сопствената кариера!

Промовирани огласи »

Владимир Путин има сопсвен гигантски рудник на богатство, кој му овозможува трговија и негораничен пристап до највредните племенити метали.

Се верува дека господин Путин е тежок околу 172 милијарди евра, а Дејли Мејл истражуваше кој е главниот извор на првиот човек на Русија, кој му обезбедува таков стил на живот.

Рускиот лидер е голем вљубеник во сјајни и светлечки предмети, а на мистериозниот Кондјор масив во источен Сибир се наоѓа местото од каде тој се снабдува со импресивни метали. Токму во овој голем рудник, се вади платина и злато.

Русија со години е во самиот светски врв по експлоатација на минерални суровини, а минатата година открија револуционерен начин да директно од јагленот извлечат злато.

Но овој осум километри широк руден базен во Кондјор масив се крие нешто многу повредно од злато – платина. Се верува дека во овој рудник од времето на Советскиот Сојуз до денеска ископани се 85.000 килограми платина. На годишно ниво, според проценките, од овој рудник се ископува платина во вредност од 115 милиони евра.

НАСА направи единствена фотка од рутникот со благо на Путин.

Инаку, се верува дека прочуениот рачен часовник на рускиот лидер е направен од метал од овој рудник. Часовникот е стар 64 години и е направен од бело злато, стакло од сафир кристал и крокодилска кожа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »