Промовирани огласи »

Главниот град на Австрија, Виена уште еднаш е прворангиран по квалитет на живот, на традиционалната листа на градови на американската компанија Mercer, на која се рангирани 231 град.Првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.

Виена повторно е најдобра град поради силната културна сцена, квалитетната здравствена заштита, умерената цена за изнајмувањето на стан и евтиниот градски превоз. На второ место е Цирих, трет е Окленд, четврт Минхен а петти град е Ванкувер.

Во првите десет уште се и Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел. Глобалните центри како што се Лондон, Париз, Токио и Њујорк не се нити во првите 30, при што Париз е на 38-то место, Лондон е 40-ти, Њујорк на 44-то место, а Токио на 47-то место.

Од азиските градови најсилно рангиран е Сингапур, кој се наоѓа на 25-то место, додека од американските градови пак највисоко се наоѓа Сан Франциско, односно на 29-то место. Петте најлоши градови за живот, пак, се Картум (Судан), Портопренс (Хаити), Сана (Јемен), Бангуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).

Промовирани огласи »

Пред повеќе од 30 години неколкумина Македонци од струшко-охридскиот регион во САД започнале бизниси што до денес успешно работат. Нивните компании се со седиште во сојузната држава Њу Џерси, а последниве години го прошируваат бизнисот и во Македонија. Меѓу вработените кои бројат околу 200, голем дел се токму Македонци.

Најразработен и најголем по обем бизнис во кој се ангажирани Македонците е во областа на градежништвото.

Најголем бизнис тука е градежништво. Покрај градежништвото имаме неколку ресторани, сали за секакви свечености и работиме со недвижнини. Имаме и други помали бизниси кои функционираат во партнерство со други и би кажал дека повеќето од нив се од истиот крај на Македонија, вели директорот на градежната компанија APS Contractors, Inc од Њу Џерси, Гоце Блажески.

Крсте Блажески е еден од партнерите и воедно менаџер на хотелот Дрим во Струга. Тој раководи и со компанијата за испораки на пратки со голем обем, US International Wholesale, која од САД испорачува директно во Македонија со компетитивни цени. За почетоците на неговото работење во САД со него разговаравме во седиштето на компанијата во Њу Џерси.

Во 95–та, 96–та година отворивме прв сервис кој и ден денеска работи и дава услуги на македонските државјани во Америка да можат да испратат било какви пакети, вклучително автомобили и бродови, до Македонија, каде што нивните блиски и тие самите можат да ги подигнат. Тоа е единствена компанија за таа дестинација, вели Крсте Блажески.

Но, освен во градежништвото, Гоце Блажески својот ангажман го посветува и во областа на угостителството и тоа во срцето на Големото Јаболко.

Доколку сакате да го пробате македонскиот ајвар и македонското домашно сирење, и тоа во срцето на Њујорк, во единствениот македонски бар, тоа e, Мезе Бар.

Овој бар претходно работеше под името Балканика, за потоа да прерасне во модерен бар во кој служи храна од современа и традиционална балканска кујна.

Дојдовме со идејата да го креираме Мезе Бар како проект кој ќе ги вклопува модерните американски коктели заедно со балканската кујна. Ова е единствен локал од ваков вид во срцето на Њујорк. Се наоѓаме само на три блока од Тајмс Сквер, вели Борис Митрески, менаџер на Мезе Бар, Њујорк.

Во Њу Џерси живее една од поголемите заедници на иселеници од Македонија. Њујорк со околината ги привлекува со развиената економија и особено со градежниот сектор каде работат голем дел од доселениците. Во САД, според последниот попис, има околу 60.000 луѓе кои се изјасниле за Македонци, но се верува дека оваа цифра е многу поголема, и според некои проценки се движи околу 200 илјади.

Промовирани огласи »

Американското Министерство за земјоделство утврди “Валкана десетка” во овошјето и зеленчукот со највисоко ниво хемикалии. Работна група за животна средина при Министерството, анализира 48 производи од нив кои се одгледуваат по вообичаен начин, информира “Медикал дејли”.

Иако темелно миење и дури лупење на повеќе од 36.000 примероци, во храната останале вкупно 178 пестициди. Таканаречената “Валкана десетка” со највисоко ниво на хемикалии, се состои во јагодите, спанаќот, јаболката, праските, целерот, грозјето, крушите, црешите, доматите, и компирот.

Сите тие дали позитивна реакција за голем број на различни пестициди и имале повисока концентрација на синтетички хемикалии од остатокот продукти. Јагодите содржат најмалку 20 пестициди. Храна со најмалку пестициди се пченката, авокадото, ананасот, зелката, кромид, замрзнатиот грашок, папајата, аспарагусот, мангото, модар патлиџан, лубениците “Медна роса”, киви, портокаловата диња карфиолот и грејпфрут.

Само 1% од примероците пченка и авокадо имале воочливи нивоа пестициди. Невладината организација Сојуз за храна и земјоделство, која ги претставува производителите на овошје и зеленчук, рече дека корисниците не треба да се загрижени од резултатите, бидејќи работната група за животна средина не користела научен пристап.

Најважно според производителите е земјоделското производство да не се загадува, овошјето и зеленчукот да се мијат темелно, да се чуваат на ладно и одделно од сурово месо, кокошки и морска храна.

Промовирани огласи »

Според најновите истражувања и анкетите спроведени од страна на италијанските сексолози, аферите кои се случуваат на работното место придонесуваат за подобар кавалитет на работењето и продуктивноста на вработените.

Експертите откриле дека возбудувањето кое го донесува љубовната авантура го подигнува нивото на енергија, и поради тоа ја подобрува продуктивноста и способностите.

Анкетата е спроведена на поголем репрезентативен примерок, каде дури еден од пет испитаници признал дека на работното место имал афера.

Откривме дека луѓето кои доживуваат некаква романса или љубовна авантура на работното местом се посреќни, имаат повеќе енергија и се попродуктивни - изјави сексологот Serenella Salomoni, предводник на истражувањето.

Дури два пати повеќе жени (од мажите), признале дека имале афера на работното место, а една од три жени признала дека има врска со личност на повисока позиција - само поради сопствената кариера!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »