Постојат многу упатства што ќе ве советуваат што да облечете на интервју кои се дефинитивно добра почетна точка. Исто така, направени се многу истражувања за психологијата на боите за да се открие како луѓето ги перцепираат, но сепак, искуствата се многу субјективни. Луѓето имаат лични асоцијации со одредени бои и вие треба да го носите она што ве прави да се чувствувате моќно, но сепак, треба да внимавате што ќе облечете за да не ја изгубите можноста за вработување само затоа што сте оставиле лош прв впечаток. Поради тоа, погледнете каков впечаток оставаат следните бои.
Сината боја асоцира на работа
Не можете да погрешите ако облечете сина боја и според повеќето рабодотавци, сината е најдобрата боја за интервју за работа. Оваа боја остава впечаток на самодоверба и на компетентност и е боја што ја сакаат повеќето луѓе ширум светот.
Црвената боја води кон романса
Црвената боја е храбра, впечатлива и на многумина им стои одлично. Таа е исто така моќна боја, а многумина ја поврзуваат со опасност и со романтика, па не е добро да ја носите кога сте во потрага по работа. Црвената боја навистина ќе ве истакне, но не на начин каков што сакате вие.
Сивата и црната ви помагаат да се вклопите
Дали некогаш се чувствувате како да сте под радар? Облечете се во сива, суптилна и елегантна, но сепак не толку впечатлива боја. Истото важи и за црната – од една страна, таа се поврзува со авторитет и со софистицираност, но од друга страна, може да се смета за безбедна боја при облекување. Но, ако целата комбинација ви е во црна боја, тоа може да укажува на страв од излегување од комфорната зона. Ако некаде треба да настапите сами, црната боја е добар избор за балансирање и за постигнување авторитет. Но, ако сакате да се истакнете меѓу другите, размислете за похрабра боја.
Зелената е креативна
Зелената боја ги смирува сетилата и дава чувство на удобност. Оваа боја психолошки се поврзува со „повторното раѓање“ и со креативноста. Ако сакате специфична нијанса на зелена боја што може да има особено позитивно психолошко влијание, тогаш одберете тиркизна боја, комбинација на сина и зелена, која покажува стабилност и авторитет.
Розовата покажува позитивност
Кога сте во друштво, носењето розова боја ќе го ублажи вашиот изглед и ќе ви ја подобри комуникацијата, а комбинирањето розова боја со некоја потемна и похрабра боја ќе ве направи попристапни. Оваа боја е добар избор ако сакате да оставите позитивен впечаток. Но, ако сакате да оставите силен впечаток, треба да изберете некоја потемна и поизразена боја.
Со жолтата боја бидете вимателни
Кога станува збор за жолтата боја, пристапете ѝ со претпазливост. Од една страна, жолтата боја е позитивна и забавна и ве прави да изгледате разиграно, но, од друга страна, разиграноста можеби не е она што се обидувате да го постигнете во работната средина. Жолтата боја не им се допаѓа на многумина, но тие што ја сакаат, реагираат многу позитивно на неа.
Белата означува организираност
Ако сте сигурни дека сте вид човек што спаѓа во оваа категорија, облечете бело на интервјуто за работа. Нема подобар начин да им покажете на другите дека сè што правите е сериозно.