Промовирани огласи »

Но, што доколку снема струја, а банкарите имаат големи количини на пари за пребројување, а редот на шалтерот е голем? Кинезите се усовршиле за рачно броење пари, а како тоа изгледа погледнете во видеото. 

Промовирани огласи »

Корисникот што стои зад YouTube каналот Hacking Jules објавил видео, на кое може да се види како iPhone 7 функционира со 16 годишниот стар Windows XP десктоп оперативен систем.

Стартап анимацијата, иконките и дизајнот на менито на познатиот iPhone изгледаат идентично какви што ги познаваме. Погледнете на видеото одозгора и пишете ни како ви се допаѓа идејата.

Промовирани огласи »

Од регионот, најдобро рангирана е Љубљана (76-то место), следуваат Атина (87), Загреб (98), Софија (116), Истанбул (133), Белград (138) и Сараево(159).

Скопје се најде на 161-то место на листата на градови според квалитетот на живот на американската компанија Mерцер, на која се рангирани 231 град.

Според истражувањето, првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.

Од регионот, најдобро рангирана е Љубљана (76-то место), следуваат Атина (87), Загреб (98), Софија (116), Истанбул (133), Белград(138) и Сараево (159), додека од Скопје полошо позиционирана е само Тирана (176-то место).

Најлоши пет светски градови за живот се Багдад (Ирак), Бангуи (Централноафриканска Република), Сана (Јемен), Порт о Принс (Хаити) и Картум (Судан).

Градовите кои се високо рангирани во градската инфраструктура обезбедуваат комбинација на најдобри локални и меѓународни аеродромски објекти, проширена достапност преку патната мрежа и иновативни решенија како смарт технологија и алтернативна енергија. Повеќето градови сега ги усогласуваат разновидноста, сигурноста, технологијата и одржливоста кога ја дизајнираат инфраструктурата за иднината, објаснува Слагин Паракатил од Мерцер, задолжен за истражувањето на квалитетот на животот.

Ова е 19-та година како американската компанија го ја објавува листата на квалитет на живот и ја посочуваат инфраструктурата како клучна одредница за подобар квалитет на живот во градовите.

Критериуми по кои се рангираат градовите:

  • Политичка и социјалната средина (политичка стабилност, криминал, спроведување на законот, и др.)
  • Економска средина (регулативи размена на валута, банкарски услуги).
  • Социо-културна средина (медиуми достапност и цензура, ограничувања на личната слобода).
  • Медицински и здравствени прашања (медицинска опрема и услуги, заразни болести, канализација, отстранување на отпад, загадувањето на воздухот и др.)
  • Училишта и образование (стандарди и достапноста на меѓународни училишта).
  • Јавни услуги и транспорт (струја, вода, јавниот транспорт, сообраќајниот метеж, и др.)
  • Рекреација (ресторани, театри, кина, спорт и рекреација, итн.)
  • Стока за широка потрошувачка (достапноста на храна / дневна потрошувачка предмети, автомобили, итн).
  • домување (станови за изнајмување, апарати за домаќинство, мебел, услуги за одржување).
  • Природна околина (клима, евиденција на природни несреќи).

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »