Промовирани огласи »

Корисникот што стои зад YouTube каналот Hacking Jules објавил видео, на кое може да се види како iPhone 7 функционира со 16 годишниот стар Windows XP десктоп оперативен систем.

Стартап анимацијата, иконките и дизајнот на менито на познатиот iPhone изгледаат идентично какви што ги познаваме. Погледнете на видеото одозгора и пишете ни како ви се допаѓа идејата.

Промовирани огласи »

Од регионот, најдобро рангирана е Љубљана (76-то место), следуваат Атина (87), Загреб (98), Софија (116), Истанбул (133), Белград (138) и Сараево(159).

Скопје се најде на 161-то место на листата на градови според квалитетот на живот на американската компанија Mерцер, на која се рангирани 231 град.

Според истражувањето, првото место веќе осма година по ред и припаѓа на Виена, додека на последното место повторно е Багдад. Во истражувањето се распоредени 40 разни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, криминалот, рекреацијата, културата итн.

Од регионот, најдобро рангирана е Љубљана (76-то место), следуваат Атина (87), Загреб (98), Софија (116), Истанбул (133), Белград(138) и Сараево (159), додека од Скопје полошо позиционирана е само Тирана (176-то место).

Најлоши пет светски градови за живот се Багдад (Ирак), Бангуи (Централноафриканска Република), Сана (Јемен), Порт о Принс (Хаити) и Картум (Судан).

Градовите кои се високо рангирани во градската инфраструктура обезбедуваат комбинација на најдобри локални и меѓународни аеродромски објекти, проширена достапност преку патната мрежа и иновативни решенија како смарт технологија и алтернативна енергија. Повеќето градови сега ги усогласуваат разновидноста, сигурноста, технологијата и одржливоста кога ја дизајнираат инфраструктурата за иднината, објаснува Слагин Паракатил од Мерцер, задолжен за истражувањето на квалитетот на животот.

Ова е 19-та година како американската компанија го ја објавува листата на квалитет на живот и ја посочуваат инфраструктурата како клучна одредница за подобар квалитет на живот во градовите.

Критериуми по кои се рангираат градовите:

  • Политичка и социјалната средина (политичка стабилност, криминал, спроведување на законот, и др.)
  • Економска средина (регулативи размена на валута, банкарски услуги).
  • Социо-културна средина (медиуми достапност и цензура, ограничувања на личната слобода).
  • Медицински и здравствени прашања (медицинска опрема и услуги, заразни болести, канализација, отстранување на отпад, загадувањето на воздухот и др.)
  • Училишта и образование (стандарди и достапноста на меѓународни училишта).
  • Јавни услуги и транспорт (струја, вода, јавниот транспорт, сообраќајниот метеж, и др.)
  • Рекреација (ресторани, театри, кина, спорт и рекреација, итн.)
  • Стока за широка потрошувачка (достапноста на храна / дневна потрошувачка предмети, автомобили, итн).
  • домување (станови за изнајмување, апарати за домаќинство, мебел, услуги за одржување).
  • Природна околина (клима, евиденција на природни несреќи).

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Како и секогаш, откако ќе се најават нови модели на технолошки уреди, ред е да протечат информации за нивните спецификации. Трите iPad модели што ќе бидат прзентирани во 2017 година ќе бидат подобри од претходните.

Минг-Чи Куо, точниот „Apple гаталец“ вели дека трите iPad Pro модели ќе бидат со 10.5 инчен дисплеј, 12.3 инчен дисплеј и 9.7 инчен дисплеј. Првиот iPad Pro модел доаѓа со потенок дизајн и A10X процесор, исто како и вториот модел, а третиот најевтин модел со најмал дисплеј ќе биде со A9 процесор, ист како оној на iPhone 6s. Минатата година опадна продажбата на Apple iPad, но за годинава се очекува подобар приход.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »