Промовирани огласи »

Вкупно шест продолжени викенди не очекуваат во годината која ни тропа на врата.

Од вкупно 10 неработни денови за сите граѓани, шест се поврзуваат со викендот, за разлика од минатата година, кога имаше седум продолжени празнични викенди за сите граѓани.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на христијанскиот празник Велигден, кој в година како неработен е на 20 април, понеделник.

Сепак, граѓаните од православна вероисповед, првиот продолжен викенд ќе го имаат за време на Божик бидејќи за нив, освен 7 jануари (вторник), неработен е и 6 jануари (понеделник).

Продолжен викенд ќе има за 1 Мај, Денот на трудот, кој е в недела, поради што се префрла в понеделник, така што граѓаните ќе одмораат уште еден продолжен викенд.

Неработниот ден за 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, е в петок, a истиот ден е неработен и поради празникот Рамазан бајрам.

Продолжен викенд има и за Денот на Републиката – 2 Август, кој е в недела, поради што неработниот ден се префрла в понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е в недела и се префрла в понеделник. Продолжен викенд ќе има и за 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, кој е в петок.

За сите граѓани неработни денови се и 1 јануари (среда), Денот на независноста – 8 Септември (вторник) и 8 Декември – Свети Климент Охридски (вторник).

За граѓаните од православна вероисповед неработни се и Бадник, 6 јануари, ден пред Божик, 19 јануари – Богојавление (недела), 17 април Велипеток, пред празникот Велигден, и 5 јуни (петок) за Духовден. Неработен ден за нив е и 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – недела, Празникот на сите светци, како и 25 декември (петок) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 31 јули (петок) – Курбан бајрам.

Програма на неработни денови за 2020 година

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани:
• 1 јануари (среда), Нова година,
• 7 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар,
• 1 мај (петок), Ден на трудот,
• 24 мај (недела), Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај
(понеделник) е неработен ден,
• 24 мај (мај), Рамазан бајрам, првиот ден на Рамазан бајрам, односно 25 мај (понеделник) е
неработен ден,
• 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден,
• 8 септември (вторник), Ден на независноста,
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден,
• 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
• 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски.

За граѓаните од православна вероисповед:
• 6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
• 17 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (петок), Успение на пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед:
• 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед:
• 31 јули (петок), Курбан бајрам, првиот ден на Курбан бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ:
• 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ:
• 27 јануари (понеделник), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ:
• 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ:
• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ:
• 28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ:
• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ:
• 21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го претстави SUV моделот на првиот турски автомобил на електричен автомобил што ќе се произведува целосно во Турција и треба масовно да се продава за три години..

Турскиот претседател седеше на возачкото седиште за време на на презентација на возилото што се одржа во Коџаели. Ердоган беше придружуван од турскиот министер за технологија и индустрија и од извршен директор на турскиот конзорциум за автомобилска иницијатива во Турција (ТОГГ), основана од пет индустриски групи, кои всушност треба да ја произведуваат марката.

Предвидено е да се произведуваат до 175.000 електрични возила годишно, план што се очекува да чини 22 милијарди турски лири за 13 години. Планот за производство на исклучиво домашен автомобил е одамна цел на Ердоган и на владејачката партија.

Во говорот што го даде за време на церемонијата на презентација, турскиот претседател истакна дека Турција има за цел не само да го продава автомобилот на домашниот пазар, туку сака и да стане меѓународен бренд, почнувајќи од Европа.

„Денес е историски ден за нашата земја. Заедно, гледаме дека се оствари 60-годишниот сон на Турција “, рече тој, осврнувајќи се на изминатите неуспешни планови за изградба на автомобил целосно во Турција.

„Кога ќе го видиме овој автомобил на улиците низ целиот свет, ќе ја оствариме нашата цел“.

По неговиот говор, на местото на настанот се појави црвен теренец и сив седан, со ознаката ТОГГ на конзорциумот што ќе ги произведува.

Промовирани огласи »

Од 1 јануари 2020 година ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра, наместо досегашните 45 евра, информира Министерството за финансии. Зголемувањето на прагот е во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава.

Одлуката на Министерството за финансии била резултат на спроведената анализа за царинење на малите пратки.

„Расте бројот на мали пратки што граѓаните и компаниите ги порачуваат преку Интернет, а со тоа растат и предизвиците и за државата и за компаниите. Во ЕУ, прагот за мали пратки е 150 евра. Граѓаните што се враќаат од странство преку граничен премин, можат со себе да носат стоки во вредност од 350 евра, и за нив да не платат увозни давачки. Кога зборуваме за олеснувањето на прекуграничната е-трговија треба да се земат предвид двете страни. Константни се барањата на граѓаните за зголемување на прагот на вредноста на стоки што подлежат на ослободување од плаќање  царина. Од друга страна, има голем притисок на одредена категорија граѓани кои низ превезот на поголеми повластици сакаат да вршат нелегална трговија. Затоа работиме на подобрување на процесите и зголемување на ефикасноста”, изјави министерката Ангеловска на промоцијата на скенерот за контрола на поштенски пратки во Царинската испостава Пошта во ноември годинава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, онлајн купувањето во нашата земја во 2019 година е зголемено за 14% во последните 12 месеци, односно онлајн нарачките се зголемиле од 31,6% на 35,9% од 31,6%, а истовремено зголемен е опфатот на домаќинства кои користат интерент за 81,8%.

Промовирани огласи »

Помалку од половина Македонци се оптимистични дека 2020 ќе биде подобра од 2019 година и сметаат дека се среќни, покажа глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“. Во Северна Македонија студијата ја спроведе „БРИМА“, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“ во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници.

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?“, 43 отсто од испитаниците во С. Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА“, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.

На прашањето „Општо земено, дали Вие лично се чувстувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?” девет отсто се изјасниле дека се чувствуваат многу среќно, 47 проценти среќно, 34 отсто ниту среќно ниту несреќно, девет проценти несреќно, и еден отсто од испитаниците изјавиле дека се чувстуваат многу несреќно.

2020GALUP

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »