Промовирани огласи »

Помалку од половина Македонци се оптимистични дека 2020 ќе биде подобра од 2019 година и сметаат дека се среќни, покажа глобалното истражување на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“. Во Северна Македонија студијата ја спроведе „БРИМА“, членка на „Галуп Интернешнал Асосиејшн“ во партнерство во ВИН, на 1.210 испитаници.

На прашањето, „Дали сметате дека 2020 година ќе биде подобра, полоша или иста со 2019 година?“, 43 отсто од испитаниците во С. Македонија изјавиле дека ќе биде подобра, 18 проценти дека ќе биде полоша, а 35 отсто од анкетираните сметаат дека ќе биде иста со 2019 година, што покажува, како што наведе „БРИМА“, дека во земјава оптимизмот е над светскиот просек.

Во однос на регионот, најоптимистични по тоа прашање се анкетираните од Албанија, а најпесимистични се Србите.

На прашањето „Општо земено, дали Вие лично се чувстувате многу среќно, среќно, ниту среќно ниту несреќно, несреќно или многу несреќно во животот?” девет отсто се изјасниле дека се чувствуваат многу среќно, 47 проценти среќно, 34 отсто ниту среќно ниту несреќно, девет проценти несреќно, и еден отсто од испитаниците изјавиле дека се чувстуваат многу несреќно.

2020GALUP

Промовирани огласи »

И покрај жалбите на студентите од Американ Колеџ кои бараат бесплатен превоз, Советот на Град Скопје и за следната година изгласа субвенционирање на градскиот превоз само за студенти на државните универзитети.

На последната седницата, Советот ја усвои Одлуката за давање на субвенции на ЈСП „Скопје“ за 2020 година, која се носи секоја година за поддршка на претпријатието во неговото работење. Според оваа одлука, Град Скопје му дава субвенции на ЈСП и за бесплатни карти за пензионери и студенти на додипломски студии на државните универзитети.

Радио МОФ се обрати до Град Скопје, со прашање зошто и студентите од приватните универзитети повторно се изоставени. Оттаму велат дека станува збор за пренесување на дотации од централниот државен буџет, поточно  државни субвенции кои се пренесуваат кон Градот и ЈСП и важат само за студентите каде државата е основач, а не за приватни универзитети. Според Град Скопје, конкретно за прашањето зошто со оваа мерка не се опфатени и студентите на приватните универзитети, топката ја префрли во Министерството за образование и наука (МОН) или Владата на РСМ.

Од МОН пак велат дека согласно Законот за високото образование државата ги финансира јавните високо образовни установи, односно одвојува средства од буџетот за нивното функционирање, за плати и надоместоци на вработените, за режиски трошоци, како и средства за делумно финансирање на студиите на студенти кои ќе успеат да се запишат во државната квота. Оттука и во делот на јавниот превоз, согласно законските одредби се одвојувале средства за студентите запишани на државните универзитети.

Деканот на „Американ Колеџ“ Марко Андонов,  кој претходно имаше изјавено дека ова е една класична дискриминација, во врска со новата одлука рече дека воопшто не ја чекувале, особено по нивните напори  изминатиов периодза како што вели, исправање на неправдата и дискриминирачкиот однос кон студентите од приватните универзитети.

Новата одлука предизвика реакции и кај претседателката на факултетското Собрание на Американ Колеџ, Антонела Јаки, која за за новодонесената одлука вели дека ги оставила студентите без зборови. Тие имале надеж дека овој пат правдата ќе застане на нивна страна, поготово поради тоа што земјата аспирира да стане членка на ЕУ.

„Со вакви дискриминации единствено нешто што се постигнува е зголемен “одлив на мозоци”. На УАКС, студентите се здобиваат со академско знаење на екстремно високо ниво и не би ги кривела нив доколку се одлучат да ја напуштат оваа држава. Студентите од сите приватни универзитети се константно дискриминирани и немаат доволно можности. Насекаде во светот сите студенти се на првото место, бидејќи тие се иднината на државата. Само кај нас може тие да бидат омаловажувани и дискриминирани на ваков начин. Сепак, до крај ќе се бориме за нашите права, со надеж дека ќе ги отвориме очите на сите“, преговори таа. (извор - РадоМОФ)

Промовирани огласи »

Своите кредитни картички Македонците најмногу ги „празнеле“ во Унгарија, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. 

Унгарија е држава каде најмногу се плаќало со македонски кредитни картички според вредноста на трансакциите, говорат бројките на централната банка. 

Притоа, најголемата вредност на трансакциите, односно 8,1 отсто се направени на виртуелни места во Унгарија, што значи дека станувало збор за онлајн плаќања. Претпоставките се дека плаќањата се главно направени кон унгарската авиокомпанија „Визер“, која организира евтини летови кон повеќе познати дестинации, а тие се многу популарни кај граѓаните од земјава.

Само 3,2 отсто од плаќањата, зборуваат бројките, се направени на физички места, што значи дека со картичките било плаќано директно во унгарските продавници. 

И многу мала сума во Унгарија, односно само 0,04 отсто, отпаѓа на повлекување на готовина со кредитна картичка од земјава од некој од банкоматите во таа држава.

Втора држава по користење на картички од земјава во странство е Обединетото кралство, при што исто доминираат виртуелните плаќања, а многу мал дел е повлекување готовина.

И на трето место доаѓа Грција, каде што може да се забележи дека Македонците максимално ги празнеле своите картички за шопинг. Односно, на користење на кредитни картички во продавници отпаѓа најголемиот дел, дури 7,7 отсто, а многу се мали процентите на виртуелни плаќања, односно 1 отсто, а 0,9 отсто од вредноста на трансакциите отпаѓа на повлекување на готовина од банкоматите.

После Грција се Бугарија, САД, Србија и Германија.

Според бројот на трансакции, пак, на прво место е Обединетот кралство, па следуваат САД и Србија.

Промовирани огласи »

Вредноста на средствата на граѓаните кои се штедат во задолжителните пензиски фондови од вториот столб значително пораснаа за 14 години функционирањена реформираниот пензиски систем во државата.

Направените реформи во пензискиот систем овозможија стабилните приливи на придонеси кои се задржуваат како законски придонес од секоја бруто-плата на вработените, како и успешното вложување на тие придонеси од страна на трите пензиски друштва во земјава, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, а од неодамна и Триглав пензиско друштво АД Скопје,придонесоа акумулацијата на средства и просечната вредност на сметководствената единица (преку која се изразуваат пензиските заштеди на членовите на Друштвата) да се зголеми значајно во наведениот период.

Според најновите податоци објавени во извештајот на МАПАС, заклучно со 30 ноември 2019 година вредноста на нето - средствата во трите задолжителни пензиски фондови изнесувала 74.898,13 милијарди денари или околу 1,2 милијарди евра. Тоа се пензиски заштеди кои им припаѓаат на 507.439членовиво вториот пензиски столб заклучно со 30 ноември 2019, според статистиката на МАПАС. Овие акумулирани заштеди на личните сметки, членовите може да ги користат кога ќе остварат право на старосна пензија согласно законската регулатива, односно ќе може да изберат еден од неколкуте понудени начини на исплата.  

Според законските прописи во Македонија, правото на старосна пензија се остварува со навршени 64 години возраст за мажи и 62 години за жени, со минимум 15 години работен стаж. Лицата кои се членови во вториот столб, а не се стекнале со право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користат откако ќе наполнат 65 години. 

Во рамките на доброволното пензиско осигурување, во земјава во моментов функционираат два доброволни пензиски фонда, Сава пензија плус и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, кои заклучно со 30 ноември имале вкупно 24.998 членови, покажуваат податоците на МАПАС. Членството во третиот столб е доброволно, при што членовите самите одредуваат колку средства и кога ќе ги уплаќаат или за нив може да уплаќа компанијата во која се вработени преку професионална пензиска шема. Како и при штедењето во вториот столб, уплатените средства се вложуваат од страна на истакнати професионалци во областа на управување со средства и ризици вработени во пензиските друштва, со цел да се обезбеди раст на заштедата во периодот на акумулацијата. Целата заштеда се акумулира на доброволната пензиска сметка на членот и за разлика од вториот столб, овие средства може да се подигнат најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија, така што можат да бидат искористени и за друга финансиска цел пред пензионирањето.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат наинтернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »