Медицински кревет со душек

Карактеристики


Објавено воДом и семејство - Мебел/инвертар и уредување
ЛокацијаСкопје - Центар
Тип Друго

Опис на огласот


Електричен медицински кревет со пет функции – можност за електрично подигање на делот кај грбот и главата, делот кај колената и стапалата и електрично подесување на висината, поставување на целото лежиште во Тренделенбургова и анти Тренделенбургова позиција. Страниците кај главата и нозете се пластични со боја на дрво, а основата на која се поставува душекот е од челична конструкција која ја нагласува прилагодливоста на душекот и овозможува превземање и амортизација на тежината на телото. Креветот е достапен во темно кафеава и бела боја. За поголема сигурност и удобност на пациентот, на креветот има монтирани странични шини на преклопување, а за полесно позиционирање на креветот монтирани се тркала. На креветот е монтиран и сталак за инфузија, а постои можност и за дополнително монтирање на рачка за поткревање на пациентот (трапез).

Внатрешна должина и ширина: 200 x 90 см

Надворешна должина и ширина: 218 x 99 см

Висина од под: 35-75 см

Максимална тежина на пациент: 200 кг

Димензија на страници: 186 х 14 х 21 см

Душек

Aнтидекубиталeн душек изработен од три дела независни еден од друг. Овие делови се составени од база на чија површина има 54 блока кои се поместуваат независно еден од друг. Блоковите од централниот дел се таканаречени low weight-bearing со поголема мекост, наменети за додатно намалување на притисокот на предилекционите места (тил, крст, пета). Страничните блокови имаат функција на стабилизатори на позицијата на пациентот и не дозволуваат негово испаѓање од душекот. Polymaille прекривка е 100% хипоалергиска, импермеабилна за течности, пермеабилна за испарувања при евапорација и е третирана антибактериски, антипаразитарно и антифунгално (SANITIZED treated).

Димензија на еден блок / дел (има 3 дела): 86 х 65 х 17 см.

барај огласи за вработување » барај останати огласи »