Промовирани огласи »

Своите кредитни картички Македонците најмногу ги „празнеле“ во Унгарија, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија. 

Унгарија е држава каде најмногу се плаќало со македонски кредитни картички според вредноста на трансакциите, говорат бројките на централната банка. 

Притоа, најголемата вредност на трансакциите, односно 8,1 отсто се направени на виртуелни места во Унгарија, што значи дека станувало збор за онлајн плаќања. Претпоставките се дека плаќањата се главно направени кон унгарската авиокомпанија „Визер“, која организира евтини летови кон повеќе познати дестинации, а тие се многу популарни кај граѓаните од земјава.

Само 3,2 отсто од плаќањата, зборуваат бројките, се направени на физички места, што значи дека со картичките било плаќано директно во унгарските продавници. 

И многу мала сума во Унгарија, односно само 0,04 отсто, отпаѓа на повлекување на готовина со кредитна картичка од земјава од некој од банкоматите во таа држава.

Втора држава по користење на картички од земјава во странство е Обединетото кралство, при што исто доминираат виртуелните плаќања, а многу мал дел е повлекување готовина.

И на трето место доаѓа Грција, каде што може да се забележи дека Македонците максимално ги празнеле своите картички за шопинг. Односно, на користење на кредитни картички во продавници отпаѓа најголемиот дел, дури 7,7 отсто, а многу се мали процентите на виртуелни плаќања, односно 1 отсто, а 0,9 отсто од вредноста на трансакциите отпаѓа на повлекување на готовина од банкоматите.

После Грција се Бугарија, САД, Србија и Германија.

Според бројот на трансакции, пак, на прво место е Обединетот кралство, па следуваат САД и Србија.

Промовирани огласи »

Вредноста на средствата на граѓаните кои се штедат во задолжителните пензиски фондови од вториот столб значително пораснаа за 14 години функционирањена реформираниот пензиски систем во државата.

Направените реформи во пензискиот систем овозможија стабилните приливи на придонеси кои се задржуваат како законски придонес од секоја бруто-плата на вработените, како и успешното вложување на тие придонеси од страна на трите пензиски друштва во земјава, Сава пензиско друштво а.д. Скопје, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, а од неодамна и Триглав пензиско друштво АД Скопје,придонесоа акумулацијата на средства и просечната вредност на сметководствената единица (преку која се изразуваат пензиските заштеди на членовите на Друштвата) да се зголеми значајно во наведениот период.

Според најновите податоци објавени во извештајот на МАПАС, заклучно со 30 ноември 2019 година вредноста на нето - средствата во трите задолжителни пензиски фондови изнесувала 74.898,13 милијарди денари или околу 1,2 милијарди евра. Тоа се пензиски заштеди кои им припаѓаат на 507.439членовиво вториот пензиски столб заклучно со 30 ноември 2019, според статистиката на МАПАС. Овие акумулирани заштеди на личните сметки, членовите може да ги користат кога ќе остварат право на старосна пензија согласно законската регулатива, односно ќе може да изберат еден од неколкуте понудени начини на исплата.  

Според законските прописи во Македонија, правото на старосна пензија се остварува со навршени 64 години возраст за мажи и 62 години за жени, со минимум 15 години работен стаж. Лицата кои се членови во вториот столб, а не се стекнале со право на старосна пензија, средствата од вториот столб може да ги користат откако ќе наполнат 65 години. 

Во рамките на доброволното пензиско осигурување, во земјава во моментов функционираат два доброволни пензиски фонда, Сава пензија плус и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, кои заклучно со 30 ноември имале вкупно 24.998 членови, покажуваат податоците на МАПАС. Членството во третиот столб е доброволно, при што членовите самите одредуваат колку средства и кога ќе ги уплаќаат или за нив може да уплаќа компанијата во која се вработени преку професионална пензиска шема. Како и при штедењето во вториот столб, уплатените средства се вложуваат од страна на истакнати професионалци во областа на управување со средства и ризици вработени во пензиските друштва, со цел да се обезбеди раст на заштедата во периодот на акумулацијата. Целата заштеда се акумулира на доброволната пензиска сметка на членот и за разлика од вториот столб, овие средства може да се подигнат најрано 10 години пред стекнувањето на правото на старосна пензија, така што можат да бидат искористени и за друга финансиска цел пред пензионирањето.

Сите информации поврзани со функционирањето на пензискиот систем, членството во пензиските фондови и остварените резултати на пензиските друштва може да се најдат наинтернет-страницата www.penzija.mk.

Извор на податоци и супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) (02) 3224 229, www.mapas.mk. 

Промовирани огласи »

Министерката за оравда, Рената Дескоска, по вчерашниот протест на извршителите и нивното затворање на канцелариите, рече дека намалувањето на тарифата за наградување за 70 отсто нема да важи за сите ситуации. 

Според министерката, извршителите може да си препуштат голема награда при продажба на недвижен имот доколку успеат во тоа, но не би требало да си присвојуваат награди само ако блокираат нечија сметка во банка.

Дејсвието со кое извршителот испраќа налог за блокирање на сметката до банката не е многу напорен за извршителите да земат дополнителна награда.

Законот за извршување не ги регулира тарифите, тоа се регулира со посебен законски акт. Пративме еден предлог до Комората на извршители за да видиме што би било реално можно од тоа.. До сега ние направивме една промена на тарифите и таа дава резултати. Ќе го слушнеме мислењето на Комората на извршители, но тоа не е обврзувачко. За блокирање на сметка не е потребен некој посебен труд, рече Дескоска.

Министерката додаде дека оваа мерка се носи по прифаќање на едно од мислењата на движењето „Но Пасаран“.

  

Промовирани огласи »

Во Словенија започнаа да се применуваат нови правила за финансиска помош за невработените лица, со кои се зголемува паричниот надомест што ќе го добиваат оваа категорија граѓани. Со новиот закон, место досегашната помош од 350 евра, невработените лица ќе добиваат по 530 евра месечно.

Странците кои имаат регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на Европската Унија, за да бидат впишани во регистарот на невработени лица ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик“.Лицата пак кои се државјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »