Специјалист за корисничка поддршка

  • Објавен пред 3 дена
  • INVOLVE DEVELOPMENT
  • Активен до 30.12.2024
  • Позиција: Телефонски оператор/Поддршка
  • Локација: Скопје
  • Веб: involve.dev

Работна позиција: Специјалист за корисничка поддршка

Работно време: Полно работно време; однапред дефинирани смени

Локација: Работа од канцеларија

За Нас:

Придружете се на нашиот динамичен тим во Involve! Работиме на иновативна онлајн платформа специјализирана за продажба на извонреден дијамантски накит. Нашата платформа комбинира елеганција со најсовремени дигитални решенија, и посветени сме на унапредување на корисничкото искуство преку нашето онлајн присуство.

Одговорности за работната позиција:

  • Брзо запознавање со нашиот бизнис модел и стекнување на вештини во нашите внатрешни системи;
  • Одговарање на барањата поврзани со потребите на нашите клиенти;
  • Одржување на високо ниво на познавање на производите за прецизно информирање на клиентите;
  • Решавање на прашања и проблеми со производите/услугите со емпатија и ефикасност;
  • Ценовна Стратегија: Точно пресметување и доделување цени на производите, земајќи ја предвид конкурентноста на пазарот и профитабилноста;
  • Ефективна работа како дел од тим, но и способност за самостојно завршување задачи без постојан надзор.

Нашите очекувања за соодветен кандидат:

  • Одлично владеење на англискиот јазик за ефективна комуникација и создавање содржини;
  • Докажано искуство во корисничка поддршка или сродна позиција;
  • Технолошка спремност: Способност за брза адаптација во нашата дигитална работна средина и онлајн системи;
  • Способност за мултитаскинг, приоретизирање и ефективно управување со времето;
  • Насоченост кон клиентите и способност за адаптација/реакција на различни видови клиенти;
  • Управување, известување и ескалација на проблеми/багови кај клиенти до соодветните оддели;
  • Внимание на детали: Одлично внимание на детали во сите аспекти на внесување на податоци и задачи за с оздавање содржини;
  • Тимска соработка: Способност за ефективна работа во тим, како и самостојно без надзор.
  • Способност за работа во смени; Работата е организирана во ротациони смени (на пример, утринска, вечерна и ноќна смена) или по фиксен распоред по првичното обука. Со текот на времето, ќе биде потребно покривање на смени и викенди кога други членови од тимот се на одмор или за време на периоди на зголемен обем на работа.

Зошто да се приклучите на нашиот тим?

  • Бидете дел од возбудлива и растечка компанија во секторот за луксузен накит.
  • Работете на позиција што го поддржува и унапредува нашето онлајн корисничко искуство.
  • Придружете се на поддржувачка и динамична тимска средина која поттикнува личен и професионален развој.
  • Придонесете во компанија која вреднува прецизност, иновации и извонредност.

Како да аплицирате:

Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, ве молиме испратете го вашето CV и пропратно писмо во кое ќе ги истакнете вашите релевантни вештини и искуство на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »