Промовирани огласи »

Во Словенија започнаа да се применуваат нови правила за финансиска помош за невработените лица, со кои се зголемува паричниот надомест што ќе го добиваат оваа категорија граѓани. Со новиот закон, место досегашната помош од 350 евра, невработените лица ќе добиваат по 530 евра месечно.

Странците кои имаат регулиран престој во Словенија, а не се државјани на земја членка на Европската Унија, за да бидат впишани во регистарот на невработени лица ќе треба да достават и потврда за основно познавање на словенечкиот јазик“.Лицата пак кои се државјани на земја членка на ЕУ, ќе треба да посетуваат курс по словенечки јазик и лично да се пријавуваат на огласи за работа.

Промовирани огласи »

Доколку сте подготвени за предизвици и работа во средина која постојано напредува и барате можност да ги развивате сопствените професионални знаења и вештини, Expanda има отворени работни позиции за:

Sport Vision има потреба од ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ во Скопје: https://kariera.mk/job/5Ij9iJ3awEGw3s59syM40A/prodazhen-asistent-skopje

Allocate Software го проширува својот тим со TEST AUTOMATION ENGINEER: https://kariera.mk/job/A2VGCPTHeUiD-XFrrG61Og/test-automation-engineer

Фокус Никола има потреба од МАГАЦИОНЕР: https://kariera.mk/job/Wm3OCtp4CUiOeRPbMl3E3g/magacioner

Иззи кафе кој се наоѓа во ТЦ Зебра-Капиштец има потреба од ШАНКЕР/КА и КЕЛНЕР/КА: https://kariera.mk/job/OgkcfpbKbU-3TBIKJrPRIw/shanker-ka-i-kelner-ka

Промовирани огласи »

На јавниот портал на Агенцијата за вработување во моментов стојат отворени огласи преку кои македонските компании бараат работници за ангажирање во над 7.700 моментално слободни работни места.

Се бараат разни видови на профили на работници, со различен степен на образование, стручност, искуство и во разни стопански и нестопански дејности, од страна на компании кои се лоцирани во различни региони и општини во државата. Финансиски службеници, комерцијалисти, наставници, сметководители, но и возачи, келнери, шивачи, работници во производство, обезбедувачи се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи од страна на македонските деловни и неделовни субјекти.

Сите овие огласи се јавни и видливи и секое заинтересирано лице може да ги види на веб страната на АВРМ – аврм.гов.мк што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.

Промовирани огласи »

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти.

Спогодбите за тоа беа денеска потпишани во Владата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука  и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Со ова, како што изјави министеот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачувањена платите, но она што останува да се сравботи во следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »