Промовирани огласи »

Над 32 илјади вработени во образованието и науката од 1 јануари ќе добијат повисоки плати за 10 проценти.

Спогодбите за тоа беа денеска потпишани во Владата меѓу Самостојниот синдикат на образование наука  и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука.

Повисоки плати ќе добијат околу 20.000 вработени во основното образование, 8.000 во средното, 4.500 во високото образование и 220 вработени во научните институции.

Со ова, како што изјави министеот за образование Арбер Адеми, се подобрува материјалниот статус на вработените во образованието, но најави дека и во следниот период ќе се работи на подобрување на дигнитетот на наставниците и професорите.

Од СОНК се задоволни од постигнатото за покачувањена платите, но она што останува да се сравботи во следниот период е потпишување на колективен договор за високото образование, измени на колективните договори за основно и средно образование, враќање на регресот за годишен одмор, враќање на надоместокот за превоз за наставниците, кои одат на работа во руралните средини и плаќање на прекувремената работа.

Промовирани огласи »

Во споредба со минатата година, земјава е рангирана на истото 56. место, но бележи раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).

Република Северна Македонија е рангирана на 56. место според Индексот на човекови слободи за 2019 година на американскиот Институт Като, со оценка од 7,34 индексни поени.

Во споредба со минатата година, земјава е рангирана на истото 56. место, но бележи раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).

Индексните поени се одредени според 76 индикатори поврзани со личните и економски слободи во повеќе сфери, меѓу кои и владеењето на правото, безбедноста и сигурноста, потоа слободата на движење, на вероисповед, на здружувањето и граѓанското организирање, на изразување и на информирање, како и почитувањето на сопственоста, пристапот до финансиски средства, трговски слободи и регулацијата на работните и деловните односи.

На листата се рангирани вкупно 162 земји од целиот свет оценети со од нула до 10 индексни поени.

Интерактивна мапа, погледнете го индексот на нашата држава.

https://infogram.com/human-freedom-index-2019-1hke60mzpd1325r

На врвот на листата се Нов Зеланд со 8,88 индексни поени, пред Швајцарија (8,82), Хонг Конг (8,81), Канада (8,65), Австралија (8,62), Данска и Луксембург (по 8,56), Финска и Германија (по 8,53) и Ирска (8,52).

На самото дно од 151. до 162. место се Ангола (5,40), ДР Конго (5,36), Етиопија (5,25), Иран (5,10), Алжир (4,99), Либија (4,64), Египет (4,50), Ирак (4,34), Судан (4,32), Јемен (4,30), Венецуела (3,80) и Сирија (3,79).

Меѓу земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 35. место со 7,97 индексни поени, Хрватска на 37. (7,86), Албанија на 38. (7,84), Бугарија на 39. (7,79), Црна Гора на 53. (7,43), Босна и Херцеговина на 55. (7,37), Грција на 57. (7,33), Србија на 58. (7,30) и Турција е на 122. (6,21).

Гледано по региони, највисоки индекси на човековите слободи има во Северна Америка, Западна Европа и Источна Азија, а најниски на Блискиот Исток, Северна Африка, Подсахарска Африка и Јужна Азија.

Промовирани огласи »

На булевар Србија на пешачкиот премин во близина на Полициската станица Ново Лисиче денеска ќе биде пуштен во употреба првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето зелено светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.

Станува збор за донација од компанијата ОКТА како дел од кампањата „Јас внимавам“, во рамки на која вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје.

За проектот, кој компанијата ОКТА го резлизира во соработка со Град Скопје и ЈП Улици и патишта, како што е најавено, на настанот ќе се обратат градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

Промовирани огласи »

За 11 години, од 2008 до 2019 година, во Црна Гора се издадени 643.479 пасоши, односно околу 20.000 повеќе од вкупниот број на жители кој официјално изнесува 620.000, објави црногорското Министерство за внатрешни работи. 

Веројатно проблемот е во статистиката, бидејќи разликата од 20.000 е многу голема. Можеби е проблемот и со бројот на луѓе кои живеат надвор од Црна Гора, а кои имаат црногорски пасош таму каде што можат да имаат по две патни исправи. Тука мислам на црногорската дијаспора, луѓе кои не се пријавени во матичната држава, туку во таа во која живеат, работат и плаќаат данок“, вели професорот по социологија Срѓан Вукадиновиќ.

Тој додава дека проблемот може да биде и во пописот на населението, затоа што според статистичките податоци во Црна Гора има повеќе граѓани од домаќинства.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »