Промовирани огласи »

Во споредба со минатата година, земјава е рангирана на истото 56. место, но бележи раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).

Република Северна Македонија е рангирана на 56. место според Индексот на човекови слободи за 2019 година на американскиот Институт Като, со оценка од 7,34 индексни поени.

Во споредба со минатата година, земјава е рангирана на истото 56. место, но бележи раст на индексот за 0,07 индексни поени (од ланските 7,27 на овогодишните 7,34).

Индексните поени се одредени според 76 индикатори поврзани со личните и економски слободи во повеќе сфери, меѓу кои и владеењето на правото, безбедноста и сигурноста, потоа слободата на движење, на вероисповед, на здружувањето и граѓанското организирање, на изразување и на информирање, како и почитувањето на сопственоста, пристапот до финансиски средства, трговски слободи и регулацијата на работните и деловните односи.

На листата се рангирани вкупно 162 земји од целиот свет оценети со од нула до 10 индексни поени.

Интерактивна мапа, погледнете го индексот на нашата држава.

https://infogram.com/human-freedom-index-2019-1hke60mzpd1325r

На врвот на листата се Нов Зеланд со 8,88 индексни поени, пред Швајцарија (8,82), Хонг Конг (8,81), Канада (8,65), Австралија (8,62), Данска и Луксембург (по 8,56), Финска и Германија (по 8,53) и Ирска (8,52).

На самото дно од 151. до 162. место се Ангола (5,40), ДР Конго (5,36), Етиопија (5,25), Иран (5,10), Алжир (4,99), Либија (4,64), Египет (4,50), Ирак (4,34), Судан (4,32), Јемен (4,30), Венецуела (3,80) и Сирија (3,79).

Меѓу земјите од регионот, најдобро рангирана е Словенија на 35. место со 7,97 индексни поени, Хрватска на 37. (7,86), Албанија на 38. (7,84), Бугарија на 39. (7,79), Црна Гора на 53. (7,43), Босна и Херцеговина на 55. (7,37), Грција на 57. (7,33), Србија на 58. (7,30) и Турција е на 122. (6,21).

Гледано по региони, највисоки индекси на човековите слободи има во Северна Америка, Западна Европа и Источна Азија, а најниски на Блискиот Исток, Северна Африка, Подсахарска Африка и Јужна Азија.

Промовирани огласи »

На булевар Србија на пешачкиот премин во близина на Полициската станица Ново Лисиче денеска ќе биде пуштен во употреба првиот тастер со кој пешаците ќе можат да го активираат вклучувањето зелено светло и со тоа побезбедно да го поминат пешачкиот премин.

Станува збор за донација од компанијата ОКТА како дел од кампањата „Јас внимавам“, во рамки на која вакви современи уреди ќе се постават на повеќе семафори на булеварите во Скопје.

За проектот, кој компанијата ОКТА го резлизира во соработка со Град Скопје и ЈП Улици и патишта, како што е најавено, на настанот ќе се обратат градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Јанис Геруланос, главен извршен директор на ОКТА.

Промовирани огласи »

За 11 години, од 2008 до 2019 година, во Црна Гора се издадени 643.479 пасоши, односно околу 20.000 повеќе од вкупниот број на жители кој официјално изнесува 620.000, објави црногорското Министерство за внатрешни работи. 

Веројатно проблемот е во статистиката, бидејќи разликата од 20.000 е многу голема. Можеби е проблемот и со бројот на луѓе кои живеат надвор од Црна Гора, а кои имаат црногорски пасош таму каде што можат да имаат по две патни исправи. Тука мислам на црногорската дијаспора, луѓе кои не се пријавени во матичната држава, туку во таа во која живеат, работат и плаќаат данок“, вели професорот по социологија Срѓан Вукадиновиќ.

Тој додава дека проблемот може да биде и во пописот на населението, затоа што според статистичките податоци во Црна Гора има повеќе граѓани од домаќинства.

Промовирани огласи »

На последната седница што ќе ја одржи оваа година, најверојатно во текот на викендов, Владата треба да ја усвои Уредбата, од која се очекува да расчисти многу дилеми за тоа за кои возила колкав данок ќе се плаќа. 

Според извори од Министерството за финансии, има големи изгледи Уредбата која сите ја чекаат, да се најде на дневен ред на наредната седница на Владата. Вообичаено седниците се држат во вторник, но следната ќе се помести за малку порано, бидејќи во вторник е 31 декември и вечерта се дочекува Новата Година.

А Законот за данок на моторни возила беше изгласан пред околу една недела, по што претседателот на државата го потпиша указот, така што ова законско решение е веќе објавено во „Службен весник“.

Законот ќе стапи на сила веќе од први јануари идната година, но граѓаните уште не знаат колкави ќе бидат даночните стапки, бидејќи сите детали ќе се прецизираат со Уредбата, која ќе дефинира каде колку ќе биде данокот по вредност на возилото, а колку данокот по загадување.

Од Владата признаваат дека законот оставил вакви нејаснотии, па затоа и брзаат да ја донесат Уредбата до крајот на годинава. 

Сепак, во Законот за данок на моторни возила, во членот 37, е наведено дека „подзаконските прописи утврдени со овој закон, ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон“. 

Така што, откако ќе се донесе уредбата, останува да се види дали тогаш, или после три месеци, ќе се дознаат различните даночни стапки за пооделните видови возила.

Она што сега се знае е дека висината на данокот ќе зависи од годината на производство на возилото и неговата набавна цена, како и од тоа колкава емисија на јаглерд диоксид испушта во околината. 

Министерката за финансии Нина Ангеловска неодамна изјави дека со овој закон всушност, оние што загадуваат, ќе плаќаат поголем данок. Според неа, користен бил примерот на Хрватска, каде се покажале значителни резултати со дестимулирање купување возила што загадуваат. 

„Досега даночењето на возилата беше третирано исклучиво од фискален аспект на приходи во Буџетот. Со новиот предлог-закон се стимулира набавката на еколошки возила. Најчесто купуваните возила меѓу 8 и 15.000 евра, со еуро стандард 5 или 6, ќе имаат дури и помал данок“, нагласи министерката.

Директорот на Царината, Ѓоко Танасоски, пред извесен период изјави дека не може преку ноќ да се преуреди структурата на возниот парк, кој има просечна старост меѓу 15 и 18 години, и во кој само еден процент од возилата имаат еуро 6 стандард, но, од некаде мора да се почне, а тоа е со овој закон.

Како данокот ќе влијае врз цената на автомобилите што ќе се увезуваат, тој објасни дека промената на цените не се очекува да се почувствува во првата година, туку процесот ќе се одвива постепено.

Граѓаните кои ќе набавуваат возило по стапувањето на сила на новиот Закон, ќе имаат на располагање Калкулатор на веб страната на Царинската управа, за пресметка на данокот.

Во предлог законот, меѓу другото, стои и дека на таксистите ќе им бидат вратени 25 отсто, односно 80 проценти од данокот, ако се работи за возило со осум или девет седишта. Истото важи и доколку такво возило правни лица користат за превоз на лица за службени потреби, како и за возилата за домување. Истиот член предвидува и износот на платениот данок да се врати во целост за нови трицикли или четирицикли набавени од страна на регистрирани лица за вршење основна дејност комунална хигиена.

Колку пари државата ќе сеобере од овие даноци, не може однапред да се предвиди, велат од Владата.

Во изминативе 10 години во земјава биле увезени над 300 илјади половни автомобили. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »