Промовирани огласи »

Доколку правите свадба ви следуваат три слободни денови, а доколку сте станале татко, тогаш добивате два дена според закон. Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Работникот има право на платен одмор заради склучување на брак, раѓање на дете, што се однесува на таткото, или заминување на близок роднина, до седум работни дена.

Ова е табелата за според општиот колективен договор: за склучување на брак-3 дена, за склучување брак на дете-2 дена, за раѓање или посвојување дете-2 дена, за заминување на сопружник или дете-5 дена, за заминување на родител, брат, сестра-2 дена, за заминување на родител на сопружник-2 дена, за заминување на дедо или баба-1 ден, за полагање на стручен или друг испит за потребите на работодавачот до 3 дена, за елементарни непогоди до 3 дена.

Исто така, работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија, кои што се определени како слободни денови од работа и за другите со закон определени слободни денови. Ова право на работникот може да му се ограничи, ако работниот, односно производниот процес се одвива непрекинато или природата на работата бара вршење на работата и на празничен ден. Во тој случај работодавачот е должен за секое воведување на работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспектор на трудот. Работникот има право на отсуство од работа со надоместок на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување.

Право на отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори, функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени должности и должностите на заштита и спасување, освен служење на воениот рок, или е без вина повикуван од управни или судски органи (државни советници, членови на општински совети, советници на општини, судии-поротници, судски вештаци, проценители, преведувачи, воени обврзници и друго), на товар на органот или установата каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон, пишува Правдико.

Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа на два последователни работни дена за секое давање крв, а слободни денови следуваат и за работници кои се школуваат.

Промовирани огласи »

Патувањето со авион веќе не е „толку голем“ луксуз. Нискобуџетните компании нудат повратни билети некогаш и за максимум 20 евра, па полека како да се менуваат навиките на граѓаните. Тие сè почесто, седнати на компјутер, бараат дестинации на кои можат да заминат дури и за викенд.

Но, простор за проблеми има секогаш. Изгубен багаж, доцнење на авионот и неможност (од различни причини) да се качите во него. Ова се најчестите поплаки на патниците.

Патниците треба да знаат дека авиокомпанијата при доцнење на летот е обврзана да им обезбеди пијалаци, храна, бесплатни телефонски разговори и пристап до интернет. Доколку авионот не полета и по пет часа, патниците имаат право да побараат целосно да им бидат вратени парите за билетот. Во случаи кога одложувањата на летовите на авиокомпаниите се преку ноќ, патниците имаат право од авиокомпанијата да добијат и хотелско сместување и трансфери до хотелот, вели Татјана Тасевска, експерт во областа на потрошувачко право и соработник во Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Во случај да се изгуби багажот, патникот е должен со авионската карта тоа да го пријави во службата на самиот аеродром.

Службата, пак, треба веднаш да отвори записник за непристигнат багаж, електронски да го лоцира и да почне постапка за трагање. Кога ќе се најде, багажот на патниците ќе им биде доставен на домашна, хотелска или друга адреса што е претходно посочена во записникот, нагласува Тасевска.

Доколку багажот и по седум дена не е пронајден, на патникот му следува максимален надоместок до 1.200 евра.

Ако патниците сметаат дека им е нарушено кое било право, треба најпрво да поднесат претставка до авиокомпанијата. Авиокомпанијата е обврзана на патникот кој поднел жалба да му одговори во рок од шест недели по поднесувањето. Доколку авиокомпанијата не одговори на жалбата за шест недели или патникот не е задоволен од одговорот, може да пријави до Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП) по електронски пат или по пошта. За пријавата, патникот пополнува формулар достапен на веб-страницата на Агенцијата за цивилна воздушна пловидба (АЦВП), објаснува Тасевска.

Таа како пример го посочува случајот од јуни 2019 година, кога 15 деца се обратиле до Организацијата на потрошувачи.

Тие требаа да заминат на работа во Америка за време на летниот период. Беа околу 100, но компанијата со која требаа да полетаат пратила помал авион, па сите не можеа да се качат. Дел останаа да летаат следниот ден. Им дадовме совет веднаш да реагираат до авиокомпанијата и да побараат надомест на штета. Постапката се заврши на тоа ниво и веднаш, во рок од неколку дена на нивните трансакциски сметки беа исплатени 600 евра, вели Тасевска.

Промовирани огласи »

Пасошот кој го поседуваат граѓаните на Јапонија нуди најмногу можности. Јапонскиот пасош e најмоќниот во светот. Со него без визи може да се патува во 191 земја. 

Сингапур e второто место со резултат 190, при што Јужна Кореја падна за една позиција и, заедно со Германија, на третото место од 189 отворени граници.

Првите пет се најдоа Финска и Италија на четвртото место (188), а Данска, Луксембург и Шпанија беа на петтото место (187).

Велика Британија и САД не се во првите 10 и се рангирани на осмото место со Норвешка, Грција и Белгија, ова е „значителен пад“ во однос на првото место што го делат заедно во 2015 година.

Индексот за пасоши на Хенли ги класифицира сите пасоши ширум светот врз основа на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) и одделот за истражување на компанијата.

Индексот ја рангира Јапонија на првото место поради големиот број страници за кои јапонскиот пасош предлага пристап без виза, или каде е можно да се добие виза по пристигнувањето. 

И во 2018 година јапонскиот беше најмоќен пасош. 

Година претходно, сингапурскиот пасош беше број еден во светот. 

Македонскиот пасош се најде на 47-мото место на листата „најмоќни пасоши“ рангирани од Henleypassportindex.

Ова е одреден пад за разлика од минатата година кога македонскиот пасош беше на 45. место на листата.

На последното место е пасошот на Авганистан, а пред нив се пасошите на Ирак, Сирија, Сомалија и Пакистан.

Промовирани огласи »

Што велат скопјани за овој проект на Град Скопје?

Низ центарот на Скопје од оваа година нема да се движат автомобили. Потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ да стане пешачка зона.

Тој дел ќе добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот ’Жена борец‘ ќе се прошири кон Собранието. Според Шилегов единствено на тој простор да се движат автобусите од јавниот превоз. 

Пред да се започне со реализација на идејата ќе бидат консултирани околните жители.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »