Промовирани огласи »

Министерството за финансии го објави огласот за субвенционирани станбени кредити за годинава. Граѓаните кои сакаат да аплицираат може да купат нова стан во кој државата ќе им покрива дел од месечната рата од кредитот или дел од учеството за кредитот на барателот. Има разлика во тоа колкав дел од кредитот се субвеницонира во однос на тоа колкава е возраста на тој што аплицира. Имено ако барателот е лице над 35 гдини тогаш с епокрива 50 отсто од ратата во првите 5 години, а ако има под 35 години тогаш субвеницијата изнесува 70 отсто од месечната рата и трае пет години. Кога се субвенционира учеството, за лицата над 35 години се покрива 50 отсто од учеството или најмногу 6250 евра, а а за тие кои се под оваа возраст дури 70 отсто од учеството, најмногу до 8.750 евра.

Каматната стапка за кредитите во кои се субвенционира ратата изнесува 2,9 проценти за првите три години и 3,9 проценти за четвртата и петтата година.

Каматната стапка за кредитите во случај кога се покрива дел од учеството изнесува 6-месечен ЕУРИБОР + 4 процентни поени за целото времетраење на отплатата на кредитот. Субвенцијата e неповратна во случај на редовна отплата на станбениот кредит, како и во случај на предвремена доброволна отплата на станбениот кредит по истекот на 10-тата година од отплатата на кредитот за овие модели. По истекот на 5-тата година од отплатата на кредитот за овие модели, корисникот на субвенциониран станбен кредит има право да изврши еднократна делумна отплата со сопствени средства, но не повеќе од 20 проценти од преостанатата главница од кредитот. 

Има субвенции из а изградба односно за купување на куќа, но и за надргадба на постојна и опциите се исто така да се плаќа дел од ратата или дел од учеството но процентите се различни.

Доколку во период од десет години од добивањето на субвенција, семејството на корисникот на субвенциониран станбен кредит се зголеми со раѓање на живородено дете или со посвојување на дете, има право на продолжување на периодот на субвенционирање во период од една година во висина од 30 отсто од месечниот ануитет за секое дете.

Субвенционирање на кредит за сите модели се одобрува за станбен кредит чиј износ не надминува 50.000 евра и рок на отплата не пократок од 20 години. Продажната цена на станбениот објект со пресметан ДДВ треба да изнесува до 900 евра за метар квадратен. Кредитобарателот ме треба да има негова сопственост, во сосопственост или заедничка сопственост со брачниот другар или во сопственост на брачниот другар стан, односно куќа, или да има во негова сосопственост или во сосопственост на брачниот другар, дел од стан/куќа или делови од повеќе станови/куќи кои се стекнати по основ на наследство или дар, а чија вкупна вредност не надминува 30.000 евра.

Заинтересираните лица може да се пријават за добивање субвенциониран станбен кредит во Стопанска Банка, НЛБ Банка, Охридска Банка, Шпаркасе Банка, Стопанска Банка Битола, ТТК Банка, Силк Роуд Банка, ПроКредит Банк.

Промовирани огласи »

И неделава пред нас ќе се точи гориво по истите цени како и минатата недела. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.

Со денешната одлука цените на горивата остануваат непроменети. 

Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 68 денари за литар, 70 денари ќе чини литар Еуросупер БС-98,  62,5 денари на Еуродизел (Д-V), a 51,5 денари литар ЕЛ-1.

Цената на Мазутот М-1 НС е зголемена за 1.876 денари и се продава за 40, 424 денари по литар.

Промовирани огласи »

Народната банка ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Деловен успех и среќа“, „Вештачка интелигенција“ и „Среќен роденден“.

Кованите пари ги имаат следниве карактеристики:

„Деловен успех и среќа“

На аверсот, во централниот дел на монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на западната хемисфера и скиптарот на Меркур, коишто се прикажани на основата на дрвено тркало во златна боја. По должината на периметарот е прикажано името на издавачот ‒ Република Северна Македонија. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на нашата земја и годината на издавање на монетата – „2019“, како и апоенот „100 денари“. Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел од монетата се наоѓа вметнато стакленце на коешто е отпечатена мапа на источната хемисфера. Над вметнатото стакленце се прикажани слики од ракување, старовремска локомотива и брод. На левата страна од реверсот е прикажан Меркур со скиптарот, а на десната страна ‒ слика на Фортуна која држи рог на изобилството. Под вметнатото стакленце се прикажани сидро и два запченика, а над нив натписот „Ag925“. На долниот дел од периметарот на англиски јазик е испишано: „Деловен успех и среќа“.

„Вештачка интелигенција“

На аверсот, во централниот дел на кованата пара е претставена слика на дигитален уред за оптичко препознавање со вградени сензори на мрежницата и информациски канали коишто се оддалечуваат во форма на мрежа со контактни јазли. Во горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на нашата земја, а по должината на периметарот е испишано „Република Северна Македонија“. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „2019“ ‒ годината на издавање. Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел од кованата пара е прикажана вештачка интелигенција во вид на кристал и струјно коло во вид на човечки мозок од кој се шири мрежа на сензори што го опкружуваат светот. Во горниот дел од кованата пара е прикажана слика на ракување како симбол на тесната соработка на човештвото со вештачката интелигенција. На горната лева страна е прикажана ознаката „Ag925“. По должината на периметарот е прикажан натписот на англиски јазик: „Вештачка интелигенција“.

„Среќен роденден“

На аверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажана кошница полна со подароци и грбот на нашата земја. На долниот дел се прикажани натписите: „100 денари“ и „Република Северна Македонија“. На десната страна е прикажана годината на издавање ‒ „2019“ . Сите натписи се на англиски јазик.

На реверсот, во централниот дел на кованата пара е прикажано насмеано бебе коешто носи капа и држи пелена во својата рака. По должината на периметарот на кованата пара е прикажан украс во вид на рачка на кошница. На долниот дел од кованата пара се претставени цвеќиња. Натпис на англиски јазик: „Среќен роденден“. На левата страна е прикажана ознаката „Ag925“.

Цената на кованата пара „Деловен успех и среќа“ изнесува 3.000,00 денари, на кованата пара „Вештачка интелигенција“ изнесува 3.200,00 денари, а на кованата пара „Среќен роденден“ изнесува 4.000,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Северна Македонија.

Промовирани огласи »

Две години поминаа како непушачите, но и пушачите се трујат од чадот од цигари на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти откако пред две години тоа беше овозможено со законски измени.

До утрово, повеќе од 5000 граѓани дадоа поддршка на петицијата со која се бара враќање на Законот против пушење во затворен простор.

Во 2017 година се потпишуваше петиција со која се бараше запирање на измените на Законот кој собранието го изгласа во март 2018.

Предлог-Законот за изменување на Законот за заштита од пушењето кој тогаш беше поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски беше предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. 

Во сега актуелната петиција пак се бара да се врати претходниот закон со кој се забранува пушење во затворен простор 

Доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, стои во образложението на петицијата.

Доколку давате поддршка на оваа петиција може да се потпишете тука.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »