Промовирани огласи »

Секој родител, односно секој одговорен возач треба да преземе се што е во негова моќ да ги заштити децата од повреди и загуби во сообраќајот. Една од најважните обврски на родителите, т.е на возачите  е токму обврска за користење на детски седишта за превоз на деца.  Иако не постојат прецизни статистички податоци за тоа колку се користат детските седишта во автомобил, сепак евидентен е фактот дека употребата на детските седишта за заштита на децата патници не е на потребното ниво.

Со цел подигање на свеста за поголема употреба на детските седишта, РСБСП со потсетување до возачите за обврските и придобивките од користењето на детско седиште во автомобил:

  • Согласно законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во патнички автомобил на задното седиште, смее да се превезува дете помало од пет години, во поставено посебно детско седиште кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин. Детето во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.
  • Според ЗБСП, во патнички автомобил на предното седиште, смее да се превезува дете до две години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче, ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување. Детето и во овој случај треба да биде врзано со сигурносен појас од седиштето.
  • Дете на возраст до 12 години, не сме да се превезува на предното седиште. За деца над 5 години задолжително е користење на сигурносен појас без разлика на тоа што детето седи на задното седиште од автомобилот.
  • Според истражувања на релевантни меѓународни организации, во случај на сообраќајна незгода, детските седишта ја намалуваат смртноста кај децата за 50 отсто, а кај бебињата и до 70 проценти

Користењето на детско седиште за во автомобил е задолжително за превоз на деца до 5 години независно од тоа со која брзина го управувате возилото и независно од тоа дали учествувате во сообраќај во населено или надвор од населено место.

  • Родителите ја избегнуваат употребата на детски седишта во автомобил убедени дека  детето е безбедно во нивната прегратка. Станува збор за погрешна перцепција.   Во случај на сообраќајна незгода со возило кое се движи со брзина од 50 км/ч, во моментот на судир,  предметите и телата во возилото продолжуваат да се движат со иста брзина со кое возилото удрило. Во тој случај, невозможно е со силата на човечката рака детето да се задржи безбедно во прегратката. Силата со која дејствува детето во таква ситуација е еднаква на сила на дејствување  на тело или предмет чија маса е  до 30 и повеќе пати поголема од масата на детето. Затоа, важно е да се потенцира дека,  дете  до 5 години, кога се превезува во автомобил,  единствено безбедно е да биде ставено во соодветно детско седиште.
  • Безбедноста на децата е одговорност на возрасните и без разлика на тоа дали вашето дете се противи или не, без било какви оправдување или изговори, должни сте да ги преземете сите можни работи кои на било кој начин придонесуваат за поголема заштита на децата додека патуваат.

РСБСП  апелира:  Заштитете ги децата кога патуваат, користете соодветно детско седиште !

Промовирани огласи »

Според извештајот од консултантски услуги за недвижнини ЦБРЕ, вработените денеска сакаат да работат во канцеларии кои имаат убав поглед и голем број на прозорци. Многу канцеларии немаат поглед кон природата и природната светлина. И бидејќи луѓето се биофилни, што значи дека сакаме да се поврземе со природата, и токму затоа ни се потребни убави погледи надвор од нашите екрани за да преживееме на работното место.

Во извештајот се вели дека 53% од анкетираните работници рекле дека ја вреднуваат најприродната светлина и поглед на природата – „многу над содржината, како што се фитнес центри и простории за игри“. Можеби не изненадува што двете работи што вработените најмногу ги ценат на работа – природна светлина и прекрасни погледи – се всушност оние со кои најмалку се задоволни во моментот, се вели во извештајот.

Промовирани огласи »

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од нивните работни обврски. Тоа не значи дека ќе можат на некое време да ги „затворат очите“, туку ќе добијат соба за спиење.

И за тоа компаниите имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците.

Компаниите до Министерството за здравство доставија предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час за време на работниот ден.

Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд.

Промовирани огласи »

Владата даде позитивно мислење на барањето на Собранието за предлог – законот за субвенциониран студентски оброк, кој пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.

Предлог законот го поднесе ЛДП. Во него се предвидуваат по 120 денари или 2.400 месечно за секој студент за здрав студентски оброк. Од партијата предлагаат правото на субвенциониран студентски оброк да го уживаат студентите кои се државјани на Република Северна Македонија и се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети. Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од 8 до 20 часот, но не и во периодот од 1 јули до 14 септември во годината, како и за време на државни, верски празници и во неработни денови.

„Поаѓајќи од концептот за субвенциониран студентски оброк кој со години веќе се имплементира во Словенија, во законот предвидовме право на студентите за значително пониска цена да можат да се хранат во рестораните коишто ќе потпишат договор со Министерството за образование и наука за субвенционирање на студентскиот оброк. Во законот е предвидено дека под субвенциониран студентски оброк се подразбира приготвена храна, но со Правилник за субвенциониран студентски оброк донесен од Министерството за образование и наука детално ќе биде уредено што оброкот вклучува, како и дека од субвенција се исклучени газираните пијалаци и брзата храна, како бургери, бели пецива, тостови, конзервирана храна…“, велат од партијата.

Износот ќе се исплаќа на давателите на услуги коишто услужиле студент, на почеток на тековниот месец за претходниот месец, по изготвена фактура од нивна страна доставена до Министерството за образование и наука. Давателите на субвенциониран студентски оброк ќе ги избира Министерството за образование и наука преку спроведување постапка за јавна набавка во согласност со одредбите од Законот за јавни набавки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »