Промовирани огласи »

Една од светски најреномираните авиокомпании „Катар ервејс“ ја затвора својата канцеларија во центарот на Скопје. Комерцијалниот директор Алтај Шабан потврди дека канцеларијата ќе се пресели на самиот скопски аеродром.

- Канцеларијата же биде оперативна до промена на нашата адреса и комерцијалниот дел нема да трпи. Сметаме дека работата во продажбата ќе биде поефикасна доколку ги поврземе оперативниот и комерцијалниот дел на едно место на скопскиот аеродром, изјави Шабан за „Фактор“.

Директорот на „Катар ервејс“ вели дека промотивниот дел и он-лајн продажбата нема да трпат од промената на седиштето. 

- Се оди според Бизнис-планот. Сега имаме три авионски ротации, а во летниот ќе бидат четири, вели Шабан.

Особено, на македонските патници им овозможува полесен пристап до Австралија, каде што живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло. Покрај туристички патувања, бизнис-посетите од Македонија ги поврзува полесно со  150 дополнителни дестинации во светот.

Елитната авиокомпанија во 2017 годинава започна да работи со директна линија на релација Скопје-Доха и обратно.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои скенираат фискални сметки да добиваат повисок процент од 15% од платениот ДДВ. Владата планира измени во проектот Мој ДДВ за поголема масовност.

Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива. Нашите извори велат дека не е во ред лицата кои скенираат месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои треба да потрошот над 30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари.

Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда – 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите кои скенираат фискални. Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.

Промовирани огласи »

Пораснале платите во Македонија, но и во Словенија. 

Сепак, македонските работници земаат далеку пониски плати од словенечките. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, во Македонија изнесува 25.787 денари. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани има раст. 

Просечната нето плата во Словенија во ноември 2019 година порасна за 10 проценти во однос на октомври.

Податоците на Агенцијата за статистика на Словенија, говорат дека просечната нето плата во ноември скокна на 1.235 евра, што е номинално повисока за 10 проценти и реално 9,9 проценти во однос на октомври и 4,1 процент повисока на годишно ниво.

На растот на платите најмногу влијаеа дополнителните исплати на крајот на годината, како што се божиќните и другите бонуси за работа.
foto: Depositphotos

Промовирани огласи »

Горивото станува се поскапо, па полн резервоар стана неостварена желба на многумина...

Кога последен пат го наполнивте автомобилскиот резервоар до врвот? Сигурни сме дека не близу, бидејќи горивото станува поскапо, а платите не растат толку брзо, па затоа ни се испаќа да ставаме гориво по малку, ама почесто.

Сепак, ова може да доведе до некои проблеми со одредени возила.

Горивото содржи фини честички што се елиминираат со одредени филтри. Но, колку е помалку гориво во резервоарот, толку е поголема веројатноста овие честички да се внесат во системот за напојување гориво што го испраќа горивото до моторот. Овие честички можат да создадат затнување што доведуваат до дефекти и скапи поправки, па механичарите советуваат дека барем еднаш на половина година резервоарот мора да се наполни до самиот врв.

На овој начин, честичките подобро се распаѓаат, подобро се елиминираат од системот, а автомобилот има помал ризик од затнување. Исто така, никогаш не возете автомобил во резерва, бидејќи автомобилот потоа ќе ја повлече „тињата“ или валканиот од дното на резервоарот, што може да предизвика големи блокади и откажување на моторот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »