Промовирани огласи »

Дури 61.028 денари зеле просечна плата оние „среќници“ во земјава што работат во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности. Тоа се случило во ноември минатата година, за кога Државниот завод за статистика ги објави последните податоци за просечната исплатена нето плата во земјава.

Во врат им дишат од воздухопловен транспорт, таму земале во просек 49.569 денари. 

Одма после нив се оние од дејноста производство на основни фармацевстки производи и фармацевтски препарати, или 46.536 денари. Одамна е познато дека фармацијата е една од поисплатливите и подобро платените дејности. 

На четвртата позиција доаѓаат банкарите, или поточно во финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови. Тие во ноември лани си добиле на своите конта во просек по 43.003 денари како месечна плата.

Не се воопшто лоши ни оние што работат во телекомуникациските компании, односно во дејноста телекомуникации, таму просечната плата е 40.118 денари. 

А по 40.019 денари земаат во просек и од дејноста складирање и помошни дејности во превозот. 

Кај снабдување со електрична енергија, гас и пареа, стандардно добри, во ноември зеле 38.604 денари. 

Одлични просечни плати земаат и од дејноста осигурување, реосигурување и пензиски фондови, и тоа 37.717 денари.

Кај вадење на руди од метал, пак, просечната плата била исто солидна, 37.103 денари.

Но, за жал не им оди на сите толку добро во земјава, на пример во дејноста заштитни и истражни дејности во ноември зеле просечна плата од 14.131 денари. 

Статистика покажа дека платите во Македонија во ноември лани пораснале во однос на една година претходно. 

Субвенционираните придонеси ја зголемија просечната нето-плата за 60 денари. 

Промовирани огласи »

Една од светски најреномираните авиокомпании „Катар ервејс“ ја затвора својата канцеларија во центарот на Скопје. Комерцијалниот директор Алтај Шабан потврди дека канцеларијата ќе се пресели на самиот скопски аеродром.

- Канцеларијата же биде оперативна до промена на нашата адреса и комерцијалниот дел нема да трпи. Сметаме дека работата во продажбата ќе биде поефикасна доколку ги поврземе оперативниот и комерцијалниот дел на едно место на скопскиот аеродром, изјави Шабан за „Фактор“.

Директорот на „Катар ервејс“ вели дека промотивниот дел и он-лајн продажбата нема да трпат од промената на седиштето. 

- Се оди според Бизнис-планот. Сега имаме три авионски ротации, а во летниот ќе бидат четири, вели Шабан.

Особено, на македонските патници им овозможува полесен пристап до Австралија, каде што живеат повеќе од 200.000 граѓани со македонско потекло. Покрај туристички патувања, бизнис-посетите од Македонија ги поврзува полесно со  150 дополнителни дестинации во светот.

Елитната авиокомпанија во 2017 годинава започна да работи со директна линија на релација Скопје-Доха и обратно.

Промовирани огласи »

Граѓаните кои скенираат фискални сметки да добиваат повисок процент од 15% од платениот ДДВ. Владата планира измени во проектот Мој ДДВ за поголема масовност.

Колкаво би било зголемувањето на вратените пари, засега не се открива. Нашите извори велат дека не е во ред лицата кои скенираат месечно да добиваат максимум 600 денари, за кои треба да потрошот над 30 илјади денари, а дневно со наградната игра да се доделуваат по 1,000, 2.000 или 3 000 денари.

Затоа измените ќе бидат направени дел од парите предвидени за Моја награда – 500 илјади евра, да се пренасочат кон сите кои скенираат фискални. Инаку до сега 185 илјади граѓаните ја користат апликацијата Мој ДДВ и за 3 месеци можат да добијат до 1.800 денари. За дел од граѓаните оваа сума е мала, затоа не скенираат фискални

На крајот од февруари лицата кои скенираат ќе ги добијат парите за октомври, ноември и декември. Во исто време, имаат можност и за учество во наградната игра, каде покрај дневни, се доделуваат и месечни награди, но и 2 главни премии од по 50 илјади евра. Годишно секој кој скенира фискални може да добие по 7.200 денари, или едно 4 члено семејство до 28.800 денари годишно.

Промовирани огласи »

Пораснале платите во Македонија, но и во Словенија. 

Сепак, македонските работници земаат далеку пониски плати од словенечките. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2019 година, во Македонија изнесува 25.787 денари. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани има раст. 

Просечната нето плата во Словенија во ноември 2019 година порасна за 10 проценти во однос на октомври.

Податоците на Агенцијата за статистика на Словенија, говорат дека просечната нето плата во ноември скокна на 1.235 евра, што е номинално повисока за 10 проценти и реално 9,9 проценти во однос на октомври и 4,1 процент повисока на годишно ниво.

На растот на платите најмногу влијаеа дополнителните исплати на крајот на годината, како што се божиќните и другите бонуси за работа.
foto: Depositphotos

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »