Промовирани огласи »

Градот Скопје објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот, кои ќе стапат во сила денеска од 18 часот.

Како што велат оттаму, мерките се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 μg/m3 на мерните станици во Карпош и во Лисиче.

Во сила стапуваат следните мерки и препораки:

  • Град Скопје од денеска (27 јануари 2020 година) од 18 часот воведува бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, сè до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена.
  • Град Скопје ги прекинува сите градежни активности на градилиштата под своја надлежност. Ги повикувам сите градоначалници од општините во град Скопје, да ги прекинат градежните активности на градилиштата во нивна надлежност.
  • Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи сè до укинувањето на итните мерки.
  • Град Скопје изминатите недели вршеше интензивен инспекциски надзор на инсталациите што се во негова надлежност со мерење на емисии во воздух. Притоа извештаите се објавуваат редовно во јавноста.
  • Град Скопје ја интензивираше контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
  • Го задолжуваме ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.
  • Град Скопје врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
  • Апелираме до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.
  • Ги повикуваме Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
  • Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот.
  • Го повикуваме Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.
  • Бараме од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
  • Бараме од Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.

Промовирани огласи »

Половина денари поевтино ќе се точат во следните седум дена бензините, додека пак дизелот на бензинските пумпи ширум државата ќе се продава поевтино за еден денар.

Ова станува јасно од одлуката на РКЕ донесена напладне.

Тоа значи дека  Еуросупер БС-95 ќе се точи за 67,50 денари за литар, а  Еуросупер БС 98 ќе чини за  69,50 денари за литар.

60 денари за литар ќе чини Еуродизелот а 49 денари Екстра лесното масло за домаќинство

36,395 денари за килограм ќе изнесува цената на мазутот во неделава која е пред нас.

Промовирани огласи »

Меделин Олбрајт еднаш изјави: „Има едно посебно место во пеколот за жените кои не им помагаат на другите жени“. Излегува дека всушност може да биде пекол на Земјата, затоа што жените се по успешни кога имаат други жени да се потпираат, и има истражување што го поддржува тоа.
Студијата објавена во „Harvard Business Review“ покажа дека жените кои имаат силен круг пријатели имаат поголема веројатност да добијат извршни позиции со поголема плата. „Жените кои беа во горниот квартал на централноста и имаа внатрешен круг од доминантно женско ниво од 1-3 жени слетаа лидерски позиции кои беа 2,5 пати повисоки по авторитет од оние на нивните врсници кои ја немаа оваа комбинација“, пишува Брајан Узи. деловниот преглед на Харвард.


Дел од причината зошто жените со силни жени што ги поддржуваат се поуспешни е затоа што можат да се обратат до своето “племе” за совет. Жените треба да се соочат со различни предизвици од мажите, како што е несвесното пристрасност и да се биде во можност да се свртат кон други жени кои имаат слични искуства може да ви помогнат да се движите во тешка ситуација. Тоа е како да имате патоказ за вашите цели.

Промовирани огласи »

Македонските возачи со просечната плата тешко може да си дозволат да купат нов автомобил. Најевтините модели чинат нешто помалку до 10.000 евра и тоа со доста сиромашен пакет дополнителна опрама, без клима и радио.

Тоа е вообичаено мал автомобил без многу простор за патници и багаж и со ниска кубикажа. За возило од средна класа треба да се одвојат од 15.000 до 18.000 евра или да се земе кредит чија месечна рата нема да биде под 200 евра, сума која тешко кој може да ја исплаќа со просечна плата.

Токму ова покажува зошто кај нас се најпопуларни половните возила по цена од 3.000 до 5.000 евра, кои најчесто се увезуваат од Германија, Италија, но и од други европски земји. Статистиката покажува дека од странство во нашата земја во последниве неколку години влегуваат и до 30.000 користени возила, додека во исто време се увезуваат едвај 4.000 нови автомобили. Драстичниот пад во продажбата најдобро го илустрира споредбата со рекордната 2008 година кога авто- дилерите истргувале 17.744 нови возила.

Трендот на раст на увоз на половни возила продолжува и годинава. Така од јануари до март годинава се увезени вкупно 6.458 половни автомобили, што е за 1.710 коли повеќе споредено со истиот период лани кога во земјава биле увезени 4.748 вакви автомобили. Речиси незначителен е растот кај увозот на нови автомобили. Во првиот картал се увезени вкупно 1.371 нови автомобли, додека во истиот период лани увозот бил 1.294 нови коли.

Статистиката на Царинската управа пак покажува дека е намален увозот на нови товарни возила, односно од почетокот на годинава биле увезени вкупно 146, додека во истиот период лани биле увезени 178 нови товарни возила. На сметка на тоа за повеќе од 100 е зголемен увозот на употребувани товарни возила. Од јануари до март се увезени вкупно 588 стари товарни возила, додека во истиот период лани увозот бил 478 возила.

Од почетокот на годината е увезен само еден нов автобус, додека лани во истиот период не бил увезен ниту еден, а драстичен раст има кај увозот на употребувани автобуси. Од почетокот на годината се увезени вкупно 58 половни автобуси, додека истиот период лани 36.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »