Промовирани огласи »

Бројот на жени кои повеќе заработуваат во семејството е во раст последните години. Според истражувањето за 2018 година од Бирото за попис на САД, во една од четири хетеросексуални брачни парови, жените прават повеќе од нивните машки партнери. Но, една нова студија на Универзитетот во Бет укажува на тоа дека овој тренд влијае на менталното здравје на машките партнери. Студијата испитуваше 6.000 американски хетеросексуални брачни двојки во текот на 15 години за да се види како оваа промена влијаела врз физичкото и менталното здравје на луѓето, задоволството од животот и врските.

Откриле дека мажите се чувствувале најмногу вознемирени кога биле единствениот хранач на храна во семејството, а биле под стрес кога нивните жени партнери придонесувале 40% во приходот на домаќинството. Но, со оглед на тоа што жените заработувале повеќе пари од тој момент, мажите стануваат „повеќе непријатни“ според истражувањето.

Причината? Традиционалните норми за социјален пол укажуваат на тоа дека мажите треба да бидат подоминантни во врските. И покрај тоа што плимата и осеката се вртат, многу Американци се придржуваат кон длабоко вкоренето верување дека мажите мора да бидат во можност да обезбедат повеќе финансиски средства.

Парите додаваат слој на сложеност, бидејќи тоа е стресна тема која е испреплетена со емоции, особено во рамките на врската.

Промовирани огласи »

Светот го загуби еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант. Иако го нема, за љубителите на кошарката тој останува како голем стрелец, носител на рекорди во многу категории во НБА-лига и талентот што го искористи најмногу да игра за Лос Анџелес Лејкерс, она за што многумина ќе го паметат се неговите работни навики.

1. Во средно училиште, Брајант одел на вежбање во пет часот наутро, оставајќи ја салата во седум часот навечер.

2. Тој ги принудил своите соученици од средно училиште да играат еден-на-еден со него, но не до 21 поен, како и обично, туку до 100

3. Тренингот не завршувал се додека не дал 400 коша

4. Тој имал посебен режим на тренинг во деновите на натпреварот. Соиграчите од тимот велат дека неговите вежби за поттикнување ги тера да плачат од замор

5. Ги ставал своите колена три пати на ден по 20 минути во лед за да не се повреди.

6. Во текот на сезоната тој тренирал четири часа на ден, повеќе од тоа во оф-сезоната

7. За да остане во форма за Олимпијадата во 2012 година, Брајант трчал цело лето на трака за трчање

8. Иако тој секогаш имаше совршена тежина, Брајант реши да изгуби седум килограми за истата Олимпијада. Причината за ова, според Брајант, била што тој имал долга сезона напред, па морал „да го намали притисокот од коленото“

Промовирани огласи »

Вкупно 210 пријави за неисплатен К-15 пристигнале од работници до Државниот трудов инспекторат во текот на 2019 и првиот месец од 2020, но до сега не е казнет ниту еден работодавач за неисплатен регрес. Истовремено, исплатата на новововедената минимална плата од 14.500 денари минала во најдобар ред, без поплаки од работниците дека газдите дел од истата им ја барале да ја вратат на рака.

„Во текот на 2019 година и јануари 2020 година до Државниот инспекторат за труд поднесени се 210 претставки по основ на неисплатен регрес за годишен одмор за 2019 година. Најголем број од преставките се од работници на кои им престанал работниот однос кај работотавачот кај кој го исполниле условот од најмалку од шест месеци работа во каледарската година. Дел од претставките се од работници кои работат во дејности кои немаат обврсака за исплата на регрес на годишен одмор. Државниот инспекторат за труд постапува по сите преставки и превзема мерки согласно законот, за што подносителите писмено се известуваат“, гласи одговорот на ДТИ кога станува збор за исплатениот К-15.

Правото на регрес за годишен одмор е предвидено со Општиот колективен доовор за приватниот сектор од областа на стопанството, според  кој работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Со колективен договор на ниво на дејност или на ниво на работодавач може да се утврди регрес во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата.

„Кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско-финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишена од работодавачот и репрезентативната синдикална организација, може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор.
Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран преставник од работниците“, додаваат од инспекторатот.
 

До Државниот трудов инспекторат не стигнала ниту една пријава за нецелосно исплатена минимална плата по првиот месец откако таа беше зголемена на 14.500 денари од 1 декември 2019, односно законски требаше работниците да ја добијат до 15 јануари.

„До Државниот инспекторат за труд нема пријави за злоупотреба на исплата на новата минимална плата од 14.500 денари која работодавачите се должни да ја исплаќаат со платата за месец декември 2019 година“, гласи одговорот од Државниот трудов инспекторат.

Станува збор за работниците кои претходно заработуваа минималец од 12.507 денари , па се до оние што се некаде под нивото на новата минимална плата, и кај кои од декември мораше да се направат нагорни корекции. Претходната минимална плата ја добиваа околу 100 илјади граѓани.

Инаку, за разлика од претходното зголемување на минималната плата кое Владата го проследи со конкретни субвенции, за ова најновото се предвидени само субвенциите со Законот за покривање на придонесите, кој влегува во сила од ноември, и ќе важи за сите газди што ќе ги зголемат платите од 600 до 6.000 денари. Практично, ова е единствената помош што државата ќе им ја даде на фирмите за да ја зголемат минималната плата.

-Во суштина со мерката за субвенционирање на раст на плати работодавачите порано ги покачија платите и ја постигнаа минималната плата. До мене не е стигната информација дека некој не ја исплаќа минималната плата и засега нема одредена реакција од здруженијата и синдикатите. Имав завчера состанок со стопанските комори и сите синдикати и вакво прашање не беше отворено. Сепак, не можеме да очекуваме 100-процентна реализација на која и да е мерка во државата, но досега не е подигнат аларм. Ако има такво нешто сакам веднаш да се согледа и да се реагира од Трудовиот инспекторат, рече вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во одговор на прашање на прес-конференција на оваа тема пред десетина дена.

Таа додаде дека сите засегнати страна, па и работодавачите биле согласни дека минималната плата треба да се зголеми за да се задржат работниците во Македонија.  За барањето од работодавачите парите да им се вратат на рака откако ќе се исплати минималната пата рече дека е кривично дело што треба да се санкционира.

-Трудовиот инсекторат самостојно ме може да го движи тоа, туку мора во заедничка акција по пријава или сомнеж, случајно добиена информација, претставка,… да направи  заедничка акција со другите надлежни органи кои имаат таква надлежност, истакна Царовска.

Промовирани огласи »

Кон-транс Шипинг компанија за логистика и поморски транспорт, која веќе 15 години е присутна на пазарот, има потреба од вработување на АДМИНИСТРАТИВЕН РЕФЕРЕНТ: https://kariera.mk/job/EkbB4sGyb0iNsWX0dz_GPw/administrativen-referent-vo-kon-trans-shiping

Мотиви за свој клиент е во потрага по ADMINISTRATIVE ASSISTANT: https://kariera.mk/job/nYFq_PsM206mLnHt9t-VoA/administrative-assistant

А1 Македонија со повеќе отворени работни места:

Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг Тетрактис Кристијан од Скопје објавува 2 огласи за вработување:

ПЗУ Дерма Естетик има потреба од МЕДИЦИНСКА СЕСТРА со положен државен испит: https://kariera.mk/job/mXRJkArhiE-RGp5WSRjdUg/medicinska-sestra

Би-Мек, центар за медицинска опрема, дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема - Philips, Pentax Medical, Varian, BD Alaris, Trumpf Medical, Hologic, Medela, Linet, Lowenstein Medical и други, вработува КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА: https://kariera.mk/job/Xh80z21zWEqMrwJv9ryrGg/komercijalist-za-prodazhba-na-medicinska-oprema

Mellon Solutions ги објавува следните огласи:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »