Промовирани огласи »

Кон-транс Шипинг компанија за логистика и поморски транспорт, која веќе 15 години е присутна на пазарот, има потреба од вработување на АДМИНИСТРАТИВЕН РЕФЕРЕНТ: https://kariera.mk/job/EkbB4sGyb0iNsWX0dz_GPw/administrativen-referent-vo-kon-trans-shiping

Мотиви за свој клиент е во потрага по ADMINISTRATIVE ASSISTANT: https://kariera.mk/job/nYFq_PsM206mLnHt9t-VoA/administrative-assistant

А1 Македонија со повеќе отворени работни места:

Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг Тетрактис Кристијан од Скопје објавува 2 огласи за вработување:

ПЗУ Дерма Естетик има потреба од МЕДИЦИНСКА СЕСТРА со положен државен испит: https://kariera.mk/job/mXRJkArhiE-RGp5WSRjdUg/medicinska-sestra

Би-Мек, центар за медицинска опрема, дистрибутер за реномирани производители на медицинска опрема - Philips, Pentax Medical, Varian, BD Alaris, Trumpf Medical, Hologic, Medela, Linet, Lowenstein Medical и други, вработува КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА: https://kariera.mk/job/Xh80z21zWEqMrwJv9ryrGg/komercijalist-za-prodazhba-na-medicinska-oprema

Mellon Solutions ги објавува следните огласи:

Промовирани огласи »

Новиот закон во Германија, кој ќе стапи на сила од 1 март, ги олеснува процедурите за вработување работници кои живеат во земји кои не се во Европската Унија и овозможува престој во Германија до шест месеци, само за барање работа.

Ова значи дека државјаните на земјите кои не се во ЕУ се изедначуваат со резидентите на Унијата во однос на правата за вработување во германските компании.

Со новиот закон се поедноставени процедурите за признавање на дипломите на доселениците од трети земји, со што ќе се скрати времето на чекање за издавање официјална потврда и нострификација на дипломите.

Воведена е и можност дури и оние кои немаат сигурна работа во Германија да може да престојуваат во таа земја со посебна виза и до шет месеци барајќи работа. За да добијат такво одобрение, ќе мора да исполнат одредени услови, како што е доказ дека имаат доволно средства да се издржуваат затоа што нема да имаат право на социјална помош.

Досега граѓаните од регионот можеа да останат во Германија најдолго три месеци.

На врвот на листата најбарани професии во Германија се програмери, инженери, електричари, негуватели и здравствени работници. Во Германија моментно недостасуваат околу 1,7 милиони индустриски работници, мајстори и медицински персонал.

Промовирани огласи »

Постојат неколку причини за тоа зошто Финците се најсреќниот народ во светот:

Финците поминуваат многу време во природа. Таму се чувствуваат опуштено и мирно, а некои од најпопуларните активности се шетање и возење велосипед.

Родителите во Финска секој месец добиваат по 100 евра за секое дете. Ова плаќање трае сѐ додека детето не наполни 17 години.

Финците имаат најдобри пици на светот. Приказната започнува со италијанскиот премиер Берлускони, кој изјавил дека не е љубител на финската кујна. По три години Финска освојува награда за најдобра пица, а победничката пица ја нарекуваат Берлускони.

Тие имаат необични спортови. Тешко дека ова може да се нарече спорт, но Финците имаат натпревар за фрлање мобилни телефони, свирење воздушна гитара, фаќање комарци и слично.

Според податоците на Интернационалната организација за кафе, Финците се втори во светот според консумација на кафе.

Уште од мали нозе, децата во Финска се стремат да учат странски јазици. Затоа, повеќето од населението зборува совршено англиски. Образованието е бесплатно, а финскиот образовен систем е еден од најдобрите во светот.

Последната причина е селото на Дедо Мраз. Во гратчето Рованиеми во Лапонија се наоѓа Селото на Дедо Мраз, што можете да го посетите во било кое време.

Промовирани огласи »

Мухамед Хариз Наѕим е тригодишно дете од Малезија, кое живее во Велика Британија. Тој е најмладиот член на Менса.

Менса е најстарата светска заедница на високоинтелигентни луѓе. Оваа заедница му упатила покана за членство на момчето, откако тоа освоило 142 поени на Стенфорд-бинет тестот за интелигенција. Тој добил просечна оценка 99,7 / 100.

„Браво за Хариз за поканата за влез во „Менса“. Тој очигледно е брилијантен млад човек и ние сме задоволни што го имаме покрај нас“ – рече Џон Стивениџ, извршниот директор на Менса Велика Британија.

За да може да се стане член на оваа организација, мора да има IQ што спаѓа во топ 2% од населението. Овој тест е наменет за деца над 10 години, а децата како малиот Хариз мора да бидат процените од едукативен психолог за да се утврди коефициентот на интелигенција.

Мајката на Харис, која е инженер, вели дека нејзиниот син е како секое друго дете. „Сака да црта и да чита книги, сака уметност, но и сака да пее“ – вели таа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »