Промовирани огласи »

Внесувањето на податоците за доброволна регистрација за ДДВ цели, Централниот регистар ќе го врши електронски, преку поврзување на своите регистри со базите на податоци на УЈП, при што УЈП ќе го доставува бројот на ДДВ во рок од 90 минути од доставувањето на податоците од страна на Централниот регистар.

Од годинава, со нова електронска платформа при регистрирање на фирма во Централниот регистар ќе може да се изврши и доброволна регистрација за ДДВ обврзник. Ова денеска го најави министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 18-годишнината на Централниот регистар. Посочи дека ова ќе биде големо олеснување за фирмите бидејќи преку е-платформата ќе можат да се завршат сите формалности за започнување бизнис.

Преку електронската платформа на Централниот регистар ќе може да се регистрира фирма, да се регистрира вработувањето на првите вработени во Агенцијата за вработување и да се изврши регистрација за ДДВ обврзник – односно скоро се што е потребно за формално започнување бизнис. Како човек кој доаѓа од реалниот сектор, можам да кажам дека ова е исклучително олеснување за оние кои започнуваат бизнис – рече Ангеловска.

Внесувањето на податоците за доброволна регистрација за ДДВ цели, како што рече, Централниот регистар ќе го врши електронски, преку поврзување на своите регистри со базите на податоци на УЈП, при што УЈП ќе го доставува бројот на ДДВ во рок од 90 минути од доставувањето на податоците од страна на Централниот регистар. Целокупната документација потребна за регистрирање на фирма се поднесува во електронска форма, потпишана со електронски потпис од овластени лица.

Таа посочи дека способноста на Централниот регистар да одговори на задачата е од исклучително значење бидејќи игра значајна улога во создавањето на подобра бизнис клима и олеснување на животот на претприемачите и бизнисите.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  рече дека Централниот регистар е лидер во дигитализацијата.

Во моментов uslugi.gov.mk е наменет само за граѓани. За нешто повеќе од еден месец од лансирањето на порталот, осум илјади граѓани ги користат 128-те електронски услуги. За нив чекањето по шалтери и во долги редови веќе е минато. Бројот на регистрирани корисници и бројот на услуги постојано расте, а следна фаза од развојот на овој портал е тој да биде наменет и за бизниси и тука главна улога ќе има Централниот регистар како единствен регистар на правни лица во државата – рече Манчевски.

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска – Јанковски рече дека Централниот регистар во наредниот период ќе продолжи во остварување на своите цели кои, како што рече, се ставени во функција на подобрување на деловната клима и промоција на нашето стопанство во регионот и пошироко.

Централниот регистар им доделени плакети за успешна соработа на Министерството за финансии, МИОА, УЈП, Адвокатската комора на Македонија, Комората на сметководители, Нотарската комора на Македонија, ГИЗ…

Промовирани огласи »

Додека Кина бележи најголема годишна продажба на возила со продадени 21 милион возила, најпродаваниот автомобил во светот минатата година е Toyota Corolla со 1.236.380 продадени возила.

Со тоа се потврди фактот дека возилата на фосилни горива уште си ја држат позицијата на пазарот. Најпрвин, затоа што најмоќните производители на такви автомобили забележале раст на продажбата на своите модели на фосилни горива. Вкупно на светскиот пазар во 2019 година биле продадени 65,5 милиони автомобили од сите видови, што е мал пад во однос на 68,16 милиони во 2018 година.

САД бележи 16,97 милиони продадени возила, што е за 300.000 помалку од 2018 година. Но, затоа Европа бележи 15,8 милиони продадени возила во однос на 15,62 милиони од 2018 година.

Промовирани огласи »

Во текот на месец февруари, на трансакциските сметки на граѓаните кои скенирале сметки во последното тромесечје од 2019 ќе легнат парите од повратот за ДДВ.

Проектот на Владата на Македонија, кој стана своевиден хит кај младите, но и повозрасните жители на земјава ги зголеми и приходите на државата од ДДВ, а со тоа ја потисна сивата економија.

И додека граѓаните и понатаму можат да скенираат сметки, во тек е и големата наградна игра од проектот „Мој ДДВ – Моја награда“ која е во организација на Македонската лотарија, а секојдневно се извлекуваат добитници.

Во овој проект, буквално секој добива, во периодот на првата исплата беа искеширани над 155 милиони денари на 144.000 граѓани.

Промовирани огласи »

Европската комисија планира укинување на еден и два евро-центи, пишува германски Süddeutsche Zeitung.

Весникот наведува дека Европската комисија утре ќе претстави работна програма која содржи предлог – „единствено правило за заокружување“, со цел укинување на најмалите монети.

Дневникот укажува на извештај на Европската комисија од 2008 година, според кој се повеќе земји од Еврозоната се префрлиле на заокружување на цената на пет центи.

Укинувањето на монети од еден и два центи би заштедило на трошоците за производство, но и на нивно броење и транспорт, се вели во извештајот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »