Промовирани огласи »

Иако вредноста на извозот порасна, бројот на часовници продадени на странски пазари е намален за повеќе од 13 проценти.

Вредноста на извозот на часовници од Швајцарија минатата година пораснал за 2,4 проценти, благодарение на добрите резултати во неколку источно азиски земји, кои го ублажија падот на продажбата од 11,4 проценти во немирите кои го зафатија Хонг Конг, објави швајцарската индустрија за часовници.

Хонг Конг, најголемиот швајцарски пазар за часовници и регионален центар за дистрибуција на луксузни производи, повторно беше задолжен за 12,3 проценти од швајцарскиот глобален извоз на часовници, чија вредност минатата година достигна 21,7 милијарди швајцарски франци (22,3 милијарди долари).

„Хонг Конг е тешко погоден од протестите кои таму се одржуваат од јуни“, се вели во соопштението на здружението.

Иако вредноста на извозот порасна, количината на продадени часовници на странски пазари се намалил за повеќе од 13 проценти, на 20,6 милиони парчиња, спуштајќи се на нивоа од почетокот на 1980-тите години.

Пад на вкупниот извоз и увоз

За минатогодишното зголемување на извозот исклучиво е заслужна повисоката продажба на многу скапи часовници, вклучувајќи механички часовници и часовници од скапоцени метали, кои се продаваат по цена поголема од 3.000 франци.

Швајцарските производители во сегментот на поевтин кварц и часовници од челик забележале пак помала продажба.

Минатата година најмногу пораснала продажбата на швајцарски часовници во Јапонија, Кина, Сингапур, Велика Британија и САД, додека на европските пазари стагнирала.

Меѓу најголемите предизвици за иднината на овој бизнис се силниот швајцарски франк, политичката парализа во Хонг Конг, претседателските избори во САД и епидемијата на коронавирус во Кина.

Во 2019 година, според одделни податоци на царинската управа, Швајцарија забележала пад на вкупниот извоз и увоз, и тоа за ​​1,2 односно еден процент во однос на претходната година.

Промовирани огласи »

Иако важи за една од најпопуларните друштвени мрежи, сепак Facebook не може да се пофали со најуспешна година зад себе. Акциите на компанијата забележаа пад за 8 проценти откако компанијата во средата го објави извештајот за заработка во четвртото тромесечје за 2019 година.

Овој пад доведе до пад на пазарната вредност на компанијата за дури 50 милијарди долари и сега вреди помалку од 600 милијарди долари, пишува NBC News.

Падот на акциите следеше по извештајот за пораст на трошоците на Facebook за дури 51 процент во 2019 година, во споредба со 2018 година. Трошоците се поврзани со подобрување на приватноста и безбедноста на корисниците на кои оваа социјална мрежа работи откако се соочи со јавни критики.

Освен зголемените трошоци за подобрување на безбедноста, Facebook работи и на промени поврзани со рекламирањето, а тоа го забавува развојот. Од компанијата велат дека подобрувањето на приватноста во софтверите на iPhone уредите на Apple и Android уредите на Google, може негативно да влијае на таргетирањето во текот на огласувањето на социјалната мрежа.

Но, трошоците  и проблемите ќе бидат уште поголеми во 2020 година. Марк Закерберг изјави дека приватноста ќе биде приоритет годинава.

„Ќе биде потребно време, но во идната деценија сакаме да изградиме репутација на компанија која има силна приватност, која е стабилна како и нашите останати услуги“, изјави тој во средата.

Промовирани огласи »

Стапката на невработеност во еврозоната од 7,4 проценти во декември го достигна најниското ниво од мај 2008 година, објави денеска Европското биро за статистика.

Tаа бројка е подобра од проценките на аналитичарите кои се даватели на финансиски услуги Factset, кои изјавиле дека очекуваат 7,5 проценти, колку што беше невработеноста во ноември.

Откако во септември 2016 година падна на симболични 10,0 проценти, стапката на невработеност во еврозоната стабилно опаѓа.

Во време на најтешката должничка криза, невработеноста во април, мај и јуни 2013 година достигна рекордно високо ниво со рекордна стапка од 12,1 проценти.

Меѓу 19-те земји во еврозоната, Германија и Холандија во декември имаа најниска стапка на невработеност (3,2 проценти).

На другиот крај на скалата, највисоки стапки биле во Грција (16,6 проценти во октомври) и Шпанија (13,7 проценти).

Во 28 земји од ЕУ, стапката на невработеност во декември изнесувала 6,2 проценти, додека во ноември 6,3 проценти.

Промовирани огласи »

Акциите на Amazon пораснаа во четвртокот за повеќе од 11 проценти, откако компанијата објави дека остварила поголема заработка од очекуваната во четвртиот квартал од 2019 година.

Со раст на вредноста на берзата, личното богатство на Безос порасна за околу 12,6 милијарди долари.

Техничкиот гигант објави заработка од 6,47 долари по акција и вкупни приходи од 87,44 милијарди долари за четвртиот квартал од 2019 година.

Аналитичарите очекуваа заработка од 4,03 долари по акција и 86,02 милијарди долари приход.

Остриот пораст на вредноста ја направи Amazon четврта компанија со вредност од над илјада милијарди долари во Соеднитетите Држави – со Apple, Alphabet и Microsoft.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »