Промовирани огласи »

Падот на цените на нафтата на светските пазари минатата недела, четврти ден по ред, и тоа за повеќе од четири отсто, е последица на стравувањата на вложувачите од економските последици заради ширењето на коронавирусот и надвор од Кина.

На Лондонската берза цената на нафтата минатата недела падна за 4,2 отсто, на 58,16 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,8 отсто, на 51,56 долари.

Остриот пад на цените е последица на ширењето на коронавирусот во Кина, од кого досега починаа над 360 лица, а заразени се над 17.000. Притоа случаи на овој вирус се забележени и во сите кинески провинции и во дваесетина земји од светот.

Кина презема серија мерки за спречување на ширењето на заразата, од карантини во неколку градови до забрани за јавно собирање, но вложувачите се загрижени додека се прават проценки  колкав може да биде негативниот ефект врз економијата.

Воздухопловните компании ги откажуваат летовите за Кина и надвор од неа, а многу компании привремемно го прекинаа работењето со Кина.

Аналитичарите сметаат дека ширењето на коронавирусот, како што своевремено беше случајот со САРС-от, најмногу ќе ги погоди туризмот и довервата на потрошувачите, па затоа се очекува и пад на потрошувачката и приходите во многу кинески компании.

Аналитичарите проценуваат дека ширењето на коронавирусот може да ја намали побарувачката за нафта во првото тримесечје од годината за 250.00 барели дневно и да ја закочи цената на нафтата , веќе притисната од сериозната понуда.

Промовирани огласи »

Иако не е многу често, сепак, не е ни така ретко да се случи резервоарот да остане без гориво и тоа во време додека го управувате автомобилот. Едноставно може да заборавите. Ве мачат грижи на работа или во семејството и во возењето се случува да останете без гориво.

Прашањето е дали може во таква ситуација да му се случи нешто на автомобилот односно може ли да дојде до поголеми дефекти?

Произведувачите на автомобили тврдат дека нивните нови модели се така конструирани што нема да има проблеми да останете без гориво. Поточно, не би требало да има дефекти на моторите.

И покрај тоа не чекајте резервоарот да се испразни бидејќи во тој случај во составот ќе бидат вбризгани и нечистотиите од дното на резервоарот. За нив би требало да се погрижи филтерот на горивото односно да се спречи да влезе во моторот, но подобро е да не се предизвикува среќата.

Кај постарите автомобили, ако останете без гориво, можни се дефекти на инјекторите и дизел пумпите за гориво. Главно, секогаш реагирајте на време и возете до најблиската бензинска пумпа.

извор: 24auto.mk

Промовирани огласи »

Според Програмата на неработни денови за 2020 година на Министерството за труд и социјална политика, неработни денови во 2020 година се:

За сите граѓани на РМ

1 јануари (среда), Нова година;

7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар;

20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар;

1 мај (петок), Ден на трудот;

24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;

24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден;

2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден;

8 септември (вторник), Ден на независноста;

11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден;

23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба;

8 декември (вторник), Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден;

5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден;

28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

За граѓаните од католичка вероисповед

13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден;

1 ноември (недела), Празникот на сите светци;

25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

За граѓаните од муслиманска вероисповед

31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава;

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Промовирани огласи »

Дигиталните уметници низ светот ги израдува веста за новиот отворен конкурс за промоција на модерните творби во необична соработка на компанијата Samsung Electronics и премиум платформата Niio. Конкурсот насловен како Samsung The Wall x Niio Art Awards има за цел да ги открие најинспиративните дигитални уметнички дела, како на неафирмираните, така и на веќе признатите уметници. Покрај приликата нивната работа да биде претставена на вкупно десет изложбени локации насекаде низ светот, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Сингапур, Велика Британија и Соединетите Американски Држави и тоа на најновиот Samsung телевизор The Wall, тие меѓусебно ќе се натпреваруваат и за парична награда во износ до 15.000 долари.

Од неодамна достапен на пазарите ширум светот, The Wall телевизорот е најнов пример на иновативната 4K MicroLED технологија, која што има моќ да се прилагоди на било која големина и резолуција на екранот, разубавувајќи го изгледот во секој простор. Меѓутоа, овој пат оној кој што ќе биде разубавен е The Wall и тоа со најдобрите дела од овој конкурс. За победниците ќе одлучува жири составен од светски признати експерти за дигитална уметност, а критериумите кои ќе водат до победа ќе бидат креативноста и оригиналноста по прашање на концептот и деталите.

„Соработката на нашата компанија со Niio Art платформата и нејзината глобална заедница на создавачи, им оддава почит на оние кои што поседуваат талент за дигитална уметност, нудејќи им простор каде што нивниот талент ќе биде видлив и достапен за сите. Овој конкурс исто така ќе одигра значајна улога во претставувањето на новата ера на конзумирање на уметност, која што оживува на екранот на The Wall телевизорот“, рече Hyesung Ha, потпретседателка на сегментот Visual Display Business во компанијата Samsung Electronics.

Niio е најголемиот каталог на подвижни слики во светот, кој што секојдневно ги инспирира љубителите на визуелната уметност, давајќи им прилика да уживаат во неа на уредите во своите домови. Благодарејќи на напредната технологија, оваа премиум платформа опфаќа повеќе од 4.000 уметници, галерии и партнери од повеќе од над 70 земји во светот, кои што на едно место можат да ја складираат и да ја објавуваат својата уметност, како и да позајмуваат или пак да купуваат туѓа.

„Во светот во кој што сме меѓусебно поврзани, креативните луѓе сè повеќе ги користат дигиталните алатки за да ни ја раскажат нивната приказна. Поради истото навистина ни е многу драго што остваривме соработка со Samsung и што им се пружи прилика на современите уметници да ги изложат своите дела на ваков посебен уред, кој што е самиот по себе уметничко дело“, рече Rob Anders, генерален директор на платформата Niio.

Сите кои што се заинтересирани за конкурсот можат да ја посетат веб страницата https://www.niio.com/get/the-wall-open-call/, каде што можат да ги постават своите дела, да ги најдат потребните информации за пријава, условите на конкурсот, роковите и наградите.

За повеќе информации за телевизорот The Wall, посетете ја веб страницата https://displaysolutions.samsung.com/led-signage/the-wall.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »