Промовирани огласи »

Почна примената на новата методологија со која од денеска мотоциклистите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  ја реализира најавата за нови цени за патарина за моторџиите.

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше усвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

-Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.

– Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите, стои во соопштението

Промовирани огласи »

Движењето „Анти коцкање“ ги повикаа пратениците да ги поддржат предлог измените во законот за игри на среќа со цел да се заштитат, од како што велат, злото кое ја зароби младината во земјава. Барањето е казината и обложувалниците да се одалечат 3 килиометри од населените места.

Коцкањето е пореметување на контролата на нагоните, кое може да биде комбинација од генетски фактори, социјални и психолошки. Тоа што често започнува со епизодно коцкање, многу брзо прогресира во редовна потреба која мора да се задоволи, а кога личноста долго време го има ваквото однесување, доаѓа до комплетен распад на физичкото и ментално здравје.

Кога зборуваме за коцкање, всушност зборуваме за пореметување на контролата на нагоните и според меѓународната класификација на болести е регистрирана како болест, т.е. пореметување во сферата на нагоните.

Личноста чувствува неодложна потреба од коцкање и колку повеќе се продолжува времето на незадоволување на истата, тензијата и напнатоста растат, а во моментите на коцкање доаѓа до реакција на задоволство или олеснување, на ниво на празнење. Подоцна, она што следува често е чувство на вина.

Причините се најчесто комбинација од генетски фактори, социјални и психолошки.

Во некои семејства, коцкањето е наследно или пренесено, т.е. научено однесување. Исто така, постојат фактори како анксиозност, осаменост, депресивност и други кои придонесуваат за зголемена напнатост и во тој случај коцкањето е начин да се испразни, т.е. редуцира тензијата. Исто така, многу често друг тип на зависност се заменува со зависност од коцкање. Па така, некој кој бил зависен од алкохол и ја надминал таа зависност, влегува во нова зависност, на пример од коцкање. Сето ова зборува дека психолошкиот фактор е многу значаен.

Промовирани огласи »

Прифаќањето на дигиталните технологии носи сè почеста работа од дома, наместо одење на работа на многу работни места каде физичкото присуство не е од суштинско значење. Според податоците на Евростат за 2018 година, просекот на таквиот прилагоден начин на работа во Европската Унија изнесува 5,2%.

Во 2018 година, 5,2% од вработените лица на возраст од 15-64 години во Европската унија (ЕУ) обично работеле од дома. Овој удел остана ист (околу 5%) во последната деценија. Сепак, во истиот период, процентот на оние кои понекогаш работеле дома се зголемил од 5,8% во 2008 година на 8,3% во 2018 година.

Со 14,0% од работните луѓе кои обично работат дома во 2018 година, Холандија е на врвот на земјите членки на ЕУ, а потоа следат Финска (13,3%), Луксембург (11,0%) и Австрија (10, 0%). Спротивно на тоа, многу малку луѓе работеле од дома во Хрватска (1,4%), Кипар (1,2%), Романија (0,4%) и Бугарија (0,3%).

Во ЕУ, самовработените лица работат од дома (18,5%) почесто од вработените (3,0%). Највисоки стапки се забележани во Финска, каде што над 40% од самовработените лица обично работеле дома (46,4%), Холандија (44,5%) и Австрија (43,6%).

Повеќе жени отколку мажи кои работат од дома

Во 2018 година, нешто поголем процент на жени обично работеле од дома (5,5%) од мажите (5,0%). Таков е случајот во повеќето земји-членки на ЕУ, со најголеми разлики забележани во Франција (8,1% од жените во споредба со 5,2% од мажите), Луксембург (12,5% од жените, 9,8% од мажите) и Малта ( 7,4% од жените, 4,7% од мажите).

Спротивно на тоа, во осум земји-членки на ЕУ ситуацијата е обратна, при што повеќе мажи обично работеле од дома отколку жени На пример во Холандија (15,5% мажи, во споредба со 12,3% жени), Данска (8,5% мажи, 7,0% жени) и Ирска (7,2% мажи, 5,7% жени).

Постарите лица работат дома почесто од помладите

Процентот на оние кои работат од дома се зголемува со возраста. Во ЕУ, само 1,8% од лицата на возраст од 15-24 во 2018 година обично работеле од дома, наспроти 5,0% кај лицата на возраст од 25-49 години и 6,4% кај лицата на возраст од 50-64 години. Најголем процент на лица на возраст меѓу 15 и 24 години, кои обично работеле дома, е забележан во Луксембург (8,7%). Следната земја-членка со највисок процент е Естонија (5,2%).

За другите возрасни категории, во Холандија е забележан најголем процент од оние кои обично работат дома (14,9% на возраст меѓу 25 и 49 години и 17,3% на возраст меѓу 50 и 64 години). По неа следува Финска (14,0% кај возрасна група од 25-49 години и 15,6% кај возрасна група од 50-64 години).

Промовирани огласи »

Секој вработен има право на неплатено отсуство. Лицето има право да побара неплатено отсуство поради лични причини или ако е избран или именуван за вршење некоја јавна функција, и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.

Ваквото отсуство е ограничено и изнесува најдолго 3 месеци во текот на календарската година. Од кога работникот ќе побара неплатено отсуство работодавачот е должен да му издаде решение дека работникот користи неплатено отсуство и притоа тој е должен да му го чува работното место.

По истекот на овие 3 месеци вработениот што користи неплатено отсуство е должен да се врати на работа во точно определениот ден, односно најдоцна во рок од три дена по престанокот на отсуството или во рок од 15 дена по престанокот на мандатот на јавната функција.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »