Промовирани огласи »

Зоран Радически е македонски гениј кој знае над 30 светски јазици. Зборува јазици од повеќе континенти, па дури и јазици на племиња од Африка, меѓу кои и јазикот на племето Зулу.

Луѓето од цел свет се шокирани кога ќе го слушнат Зоран како зборува на нивниот јазик бидејќи не им е јасно како странец може толку добро да го зборува нивниот јазик. Велат дека зборува подобро дури и од многу луѓе на кои тој јазик им е мајчин.

Зоран одлично ги владее акцентите, фонетиката и граматиката на сите јазици кои ги познава. Вели дека познавањето на јазиците му ги отвора вратите  кон светот, а изучувањето на нови му е предизвик.

Тој има 32 години и работи како преведувач. За две минути може да ви каже една иста фраза на 35 јазици.  Зборува германски, арапски, португалски, зулу, свахили, јазици од скандинавските земји, како и од азискиот континент.

Промовирани огласи »

Бил Гејтс е повторно прогласен за најбогат човек во светот според магазинот Forbes. Неговото богатство е проценето на 86 милијарди долари, додека претседателот на САД, милијардерот Доналд Трамп паднал на листата за повеќе од 200 позиции.

На листата на десетте најбогати луѓе во светот доминираат Американци од кои повеќето се од технолошкиот сектор. На листата има најмногу милијардери од САД, дури 565. Потоа следува Кина со 319 милијардери, додека Германија е на трето место со 114 милијардери.

Трамп паднал за 220 место на листата и сега се наоѓа на 544 место со богатство од 3,5 милијарди долари.

Вака изгледа листата на десетте најбогати луѓе во светот:

1. Бил Гејтс – 86 милијарди долари

2. Ворен Бафет – 75,6 милијарди

3. Џеф Безос – 72,8 милијарди

4. Амансио Ортега – 71,3 милијарди

5. Марк Закерберг – 56 милијарди

6. Карлос Слим – 54,5 милијарди

7. Лари Елисон – 52,2 милијарди

8. Чарлс Коч – 48,3 милијарди

9. Дејвид Коч – 48,3 милијарди

10. Мајкл Блумберг – 47,5 милијарди долари.

Промовирани огласи »

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите. Законот предвидува зголемување на цигарите секоја година за најмалку 4 денари до 2023 година, што би значело дека една кутија цигари може да достигне и цена близу до 200 денари по кутија до крајот на циклусот.

Цигарите ќе поскапат за најмалку 4 денари по една кутија, со што одредени цигари од поскапите брендови ќе чинат и до 140 денари.

Последното поскапување на цигарите беше во август минатата година. Според сегашните цени, цигарите „марлборо“, кои важат за едни од најскапите цигари кај нас, се продаваат по цена од 130 денари, додека „тач“ чинат 100 денари.

„Вест“ чинат 80 денари и кај нив имаше поскапување од 10 денари. Кутија „родео“, еден од најпопуларните брендови меѓу македонските пушачи, кој чинеше 63 денари, се продава за 68 денари. Поскапи се и „давидоф“, кои сега се продаваат по 135 денари.

Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и надвор од она што го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Промовирани огласи »

Од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија вработени се 723.550, а 225.049 се невработени, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за сттаистика.

Стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а стапката на невработеност 23,7.

Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, стапката на вработеност 42,1, а стапката на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население над 15 години според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 проценти, а жените со 38,7 проценти.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »