Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена, минатата недела малопродажните цени на бензините и дизелот се зголемија за 0,50 денари.

Досегашната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ее 68,00 денари. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 58,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
46,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,246 ден и изнесува 33,140 денари за килограм.

Промовирани огласи »

Овој викенд во градскиот парк нема да може да биде продавач секој кој ќе посака.

Од градот планираат да воспостават ред со тоа што преку јавен повик беа избрани мобилни продавачи кои може да аплицираат за поставување урбана опрема на 21 локација со еднаква максимална површина во двата дела во Градскиот парк.

Тие ќе добијат дозвола со која што ќе може да постават урбана опрема во паркот, а неделава треба да бидат избрани.

Секој мобилен продавач ќе добие довозла со која ќе користи обележана локација од следниот месец при што секој ќе биде задолжен сам да се грижи за хигиената на добиената локација.

Исто така, продавачите ќе немаат право отпадот да го фрлаат во корпите во паркот, туку нивна обврска ќе биде да го фрлаат во посебни корпи за отпад, а ќе немаат право ниту да користат озвучување и слични системи за пуштање музика.

фото: Град Скопје

Промовирани огласи »

Статистика пресмета дека расте просечната плата во Македонија па така забележан е раст на платата од 1049 денари во декември, односно биле исплатени 26.836 денари како просечна нето плата по вработен во истиот месец.

Сега се поставува прашањето кои се најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?

Секако, на врвот се програмерите. Тие може да се пофалат со највисока плата која во декември изнесувала 96.332 денари. Втора најплатена дејност е восдухопловството каде контролорите на летање во последниот месец од 2019 година се офајдиле со плати над 70 илјади денари.

Малку пониски плат имаат вработени во секторите производство на основни фармацевстки производи чии плати според Државниот завод за статистика биле 69.911 денари.

Со повисоки плати може да се пофалат и оние кои работат во финансиски и услужни дејности но и вработени во телекомуникацисискиот бизнис. Во овие две дејности платите во декември биле 65.885 денари односно 62.066 денари.

Извор: Фактор

Промовирани огласи »

Од 1 јануари 2021 на сила ќе стапат нови правила за стекнување на работна виза во Велика Британија.

Според нив, предност ќе им се даде на висококвалификуваните работници со намера да се запре зависноста од евтината работна сила од Европа.

Со новиот имиграциски систем, ќе се доделуваат бодови за посебни вештини, квалификации и занимања, а визи ќе им се издаваат само на оние што ќе ги имаат доволно.

Инаку, неопходни услови за да се добие работна виза во земјата е да го зборувате англискиот јазик и веќе да имате договорено работно место со минимална годишна плата од 25.600 фунти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »