Промовирани огласи »

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, потврдија од Министерството за здравство.

Станува збор за македонски граѓанин што изминатиов период патувал во Италија, а на Инфективната клиника се пријавил сам.

Надлежните излегоа со препораки за заштита од корона вирусот и потенцираат дека нема простор за паника. 

Бојан Трајковски, потенцира неколку многу важни работи кои треба да се знаат за корона вирусот. 

Промовирани огласи »

“Дојче Бан“ планира да вработи околу 25.000 нови работници во Германија!

Порталот “Билд“ пред извесно време објави дека најголем број работни места ќе се отворат за машиновозачи, диспечери и персонал за одржување на железничкиот сообраќај.

Покрај тоа, ќе бидат потребни и возачи на автобуси, службеници за сервисирање на железничките станици, ИТ експерти и инженери.

Минатата година компанијата вработи 24.000 нови вработени и отвори 8.000 нови работни места.

Стратегијата на најголемата железничка групација во Германија, “Дојче Бан“, е да вработи околу 100.000 луѓе во следните неколку години, пренесуваат германските медиуми.

Инаку, вкупниот број на вработени во “Дојче Бан“ изнесува 200.000.

Изминатата година “Дојче Бан“ регрутираше кадри во Шпанија и Романија, а годинава од компанијата одлучија да го прошират процесот на пронаоѓање кадар во уште четири други земји, меѓу кои Италија, Грција, Србија и Македонија.

Промовирани огласи »

И додека во Македонија е регистриран првиот случај на корона вирус, наместо достапност на неопходниот материјал, маските достигнаа цена до 300 денари.

Ако најевтините маски беа околу 50 денари, а оние кои нудат поголема заштита околу 150, сега достигнаа цена од околу 300 денари.

Дополнително е проблем што граѓаните се жалат дека не можат да дојдат до маски. Во меѓувреме министерот за здравство, Венко Филипче уверува дека ги има сите потребни материјали.

Промовирани огласи »

Мали се шансите да се заразите со коронавирусот, а уште помали се шансите да починете од овој вирус, вели за „РТЛ-Хрватска“, Игор Штагљар, хрватски научник специјализиран на подрачјето на молекуларна биологија.

- СЗО објави дека вкупно 79.300 луѓе се заразени со коронавирусот. Од овие луѓе, или поточно 77.000 се Кинези, а најмногу се од градот Вухан кој брои 11 милиони жители. Ако претпоставиме дека од 77.000 заразени сите се во Вухан, тоа значи дека 0.7 отсто од жителите на овој град се заразени, а 99.3 отсто од жителите на Вухан немаат вирус – вели Штагљар.

Тој додаде дека Вухан е важен затоа што е жариште на коронавирусот, што значи дека е најопасно место во светот по прашање на можноста да се заразите со него.

- Ако имате 85 години, тоа значи дека имате 0,7 отсто шанси воопшто да се заразите со вирусот, па ако го фатите, тогаш имате уште 14,8 проценти шанси да умрете од него, односно вкупно 0,103 проценти се шансите да умрете од тој вирус. Тоа значи дека шансата дека нема да умрете од тој вирус е дури 99,897 проценти! За еден 45-годишник, тие две шанси помножени изнесуваат 0,0028 проценти дека вирусот ќе ве убие, а 99,9972 дека нема. За еден 35-годишник веројатноста дека ќе умрете од вирусот е 0,0014 отсто, а дека нема да умрете е 99,9986 проценти. Тоа е 0,7 отсто дека ќе го добиете и 0,2 проценти да умрете од него, ако сте под 40 години старост – изјави Штагљар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »