Промовирани огласи »

Полска воведува годишен бонус за пензионерите и лицата што примаат инвалидски надоместоци, според предлог законот што вчера го потпиша претседателот на Полска, Анджеј Дуда.

На секој пензионер ќе му биде исплатен годишен бонус во висина од минимален износ на пензија, што оваа година изнесува 1.200 злоти (околу 300 евра).

Според проценката наведена во предлог законот, оваа година бонуси ќе добијат околу десет милиони граѓани, за што државниот буџет на Полска ќе издвои 11,7 милијарди злоти (околу три милијарди евра).

Во тек е кампањата за претседателски избори во Полска што ќе бидат одржани на 10 мај.

Промовирани огласи »

Еве една статистика поврзанa со корнона вирусот. 

До денес, WHO објави дека има 79.300 вкупно заразени со Ковид-19. Од нив, огромно мнозинство, 77.000 се во Кина, поточно огромно мнозинство во Вухан.

Вухан има население од 11 милиони. Ајде да кажеме дека сите 77.000 биле заразени во Вухан.

77.000 / 11.000.000 = 0,007

Или 0,7% се заразени од жителите на Вухан.

99,3% од жителите на Вухан НЕМААТ вирус. Во градот каде започна епидемијата!

Исто така, да не заборавиме дека над 10.000 луѓе во меѓувреме оздравеа од вирусот.

Значи, сегашниот број на пациенти не е 79.300, туку 79.300 - 10,000 излечени (и минус 2.500 смртни случаи), што во моментов е нешто помалку од 70.000 заразени, а не 79.300.

Но, што е со смртноста од вирусот?

Па, ако имате над 80 години и сте заразени со вирус, шансата да умрете 14,8%. Што значи дека 85,2% ќе оздравите.

Ако имате 50-60 години, имате 1,3% шанси да умрете ако сте заразени со вирусот.

За оние под 40 години, шансата е 0,2%. затоа, 99,8% од младите под 40 години кои се ќе се заразат ќе закрепнат.

НО !!!!!!!!!!!!!

Ова е само ако се заразите. Шансата за зарази е, врз основа на скоро 3 месеци појава на изворот на инфекција, Вухан - 0,7%.

Значи, 99,3% никогаш нема да го видат вирусот.

Овие проценти се само 0,7% помножени со сто, па ако имате 85 години, имате 0,7% шанси да го фатите вирусот, па ако го фатите имате 14,8% шанса да умрете од него, или вкупно 0,103% шанса да умрете од вирусот. Ова значи дека имате 99,897% шанса да НЕ умрете од овој вирус.

За 45-годишник, шансите се 0,0028% дека коронавирусот ќе гo убие и 99.9972% дека нема.

За 35-годишник, шансата да умре од ова чудо е 0,0014%, а дека нема 99,9986%.

Значи, тоа е 0,7% воопшто да го добиете и 0,2% да умрете од него ако сте под 40 години.

ПРИКАЖАНАТА СОСТОЈБА Е: ОПАСНАТА СОСТОЈБА ПОСТОИ, ДА. Но, не е ни блиску толку страшна како што се пишува.

Промовирани огласи »

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е регистриран првиот случај на коронавирусот во Македонија, потврдија од Министерството за здравство.

Станува збор за македонски граѓанин што изминатиов период патувал во Италија, а на Инфективната клиника се пријавил сам.

Надлежните излегоа со препораки за заштита од корона вирусот и потенцираат дека нема простор за паника. 

Бојан Трајковски, потенцира неколку многу важни работи кои треба да се знаат за корона вирусот. 

Промовирани огласи »

“Дојче Бан“ планира да вработи околу 25.000 нови работници во Германија!

Порталот “Билд“ пред извесно време објави дека најголем број работни места ќе се отворат за машиновозачи, диспечери и персонал за одржување на железничкиот сообраќај.

Покрај тоа, ќе бидат потребни и возачи на автобуси, службеници за сервисирање на железничките станици, ИТ експерти и инженери.

Минатата година компанијата вработи 24.000 нови вработени и отвори 8.000 нови работни места.

Стратегијата на најголемата железничка групација во Германија, “Дојче Бан“, е да вработи околу 100.000 луѓе во следните неколку години, пренесуваат германските медиуми.

Инаку, вкупниот број на вработени во “Дојче Бан“ изнесува 200.000.

Изминатата година “Дојче Бан“ регрутираше кадри во Шпанија и Романија, а годинава од компанијата одлучија да го прошират процесот на пронаоѓање кадар во уште четири други земји, меѓу кои Италија, Грција, Србија и Македонија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »