Промовирани огласи »

Колку сте се грееле, толку ќе платите. Ако сакате потопли домови, ќе мора повеќе да го одврзете ќесето, во спротивно, ќе ви биде малку поладно.

Иако е можеби привилегија да платат онолку колку што потрошиле парно, за граѓаните да дојдат до тоа, ќе мора да вградат калориметри. И ќе мора да платат и за самите километри.

Регулаторната комисија за енергетика предлага корисниците на парно да вградат калориметри, со можност да ги плаќаат на рати. Веќе побарале БЕГ да направи анализа колку пари тоа би ги чинело граѓаните и дали може во сметките за парно да се вметнат и овие трошоци. Тоа би важело само за оние станови каде има хоризонтална поставенсот на цевките за парено, па ќе бидат потребни повеќе калориметри, а со тоа и цените ќе бидат повисоки.

Марко Бислимоски, прв човек на РКЕ, вели дека предлогот е тој трошок да се префрли кај потрошувачите и да се подели на повеќе рати. На пример, од 12 до 24 рати, со што граѓаните не би го почувствувале премногу овој издаток.

“На овој начин ќе им обезбедиме на сите потрошувачи сами да си го регулираат начинот на користење на топлинската енергија во периоди кога ним им одговара и во простории каде што им одговара. Со воведувањето на калориметрите ќе биде беспредметна дискусијата дали ќе имаме приклучени или исклучени потрошувачи, бидејќи приклучените, доколку не потрошиле, нема да плаќаат како да трошеле, како што е до сега ситуацијата”, изјави Бислимовски.

Задолжително да се стават калориметри е само за новите објекти, а за старите згради тие ќе се постават само ако за тоа се согласни сите станари. 

Бислимовски не верува дека калориметрите ќе мора да се купат до април, бидејќи треба да се направи и нивната набавка.

Промовирани огласи »

Проверете дали сте еден од добитниците на награда. Се разбира ако скенирате фискални сметки. Синоќа беа објавени добитниците на 100.000 денари. Ова е трето извлекување, а од јануари секој месец досега по 15 граѓани добиваа по толку пари како награда за учеството во наградната игра. Сепак месецов односно на 18 март ќе биде извлечена и премијата односно наградата од три милиони денари.

Надлежните ја промовираат наградната игра како можност за добивка но се надеваат ид ека на ваков начин ќе ги поттикнат граѓаните да скенираат и да придонесат за борбата против сивата економија. 

Но еве кои се добитниците од третото извлекување на  „Мој ДДВ, моја награда“.

Љупчо Николовски (Скопје)

Живко Поповиќ (Скопје)
Тони Ристовски (Прилеп)
Иван Митевски (Штип)
Јово Костовски (Скопје)
Зоран Тушевски (Скопје)
Дејан Мијајловиќ (Скопје)
Мартина Анчевска (Скопје)
Наташа Станојковска (Скопје)
Имран Широки (Скопје)
Зорица Кочоски (Прилеп)
Небојша Арсиќ (Тетово)
Ласте Петрински (Куманово)
Мица Пачковска (Куманово)
Елизабета Јовева (Штип).

Промовирани огласи »

Корисниците на мобилна телефонија кои евентуално „наседнале“ на последните измами со пропуштени повици и ќе добијат повисоки сметки треба да се обратат до операторите и да поднесат приговор за евентуална корекција со оглед на такви примери и во минатото.

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека едукацијата и подигањето на свеста се единствената мерка за заштита од можните измами во мобилната телефонија на коишто бевме сведоци неодамна откако илјадници домашни претплатници на двата мобилни оператори беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство. Повиците потекнуваа најчесто од Литванија, Естонија и сателитскиот оператор Глобал стар. По преземените мерки за заштита од страна на операторите, неколку часа по повиците беа блокирани најголем дел од броевите преку кои се остваруваше ваквата измама, но, како што предупреди АЕК, тоа не значи дека ваква измама нема да се повтори од други броеви во иднина.

Измамата со пропуштен повик се нарекува вангири (Wangiri Scam), потекнува од Јапонија и значи „еден повик и исклучи”. Претплатникот добива краток повик, најчесто едно звонење од број од странска држава што има висока цена на меѓународни повици. Ваквиот повик не му се наплаќа на крајниот корисник, иако имаше разни шпекулации што циркулираа по медиумите дека имало случаи кога и вакви кратки пропуштени повици им се наплаќале на корисниците. Штетата за крајниот корисник настанува тогаш кога корисникот поради незнаење дека има пропуштен повик ќе го повика пропуштениот повик и ќе му биде наплатена висока цена на меѓународен разговор. Штетата ќе биде поголема доколку корисникот остане подолго во разговор со повиканиот број. Најчесто од другата страна повикот е одговорен од автоматска порака што го наведува корисникот да остане на линија колку што е можно подолго.

Вакви измами со пропуштени повици се случувале и порано и Агенцијата секогаш апелирала до корисниците да не одговараат на ваквите повици.

Не постои друга мерка за заштита за крајните корисници освен едукација и подигање на свеста за можните измами. Не постои ниту пак софистицирано техничко решение што операторите би можеле да го имплементираат за да може автоматски да ги спречат ваквите појави. Единствено системите за детекција на измами (fraud detection system) што ги имаат имплементирано операторите им овозможуваат рано откривање на ваквите појави и операторите преземаат мерки, како што е блокирањето на серија броеви од коишто потекнуваат ваквите напади. Поради тоа и благодарение на брзото дејствување на операторите за релативно кратко време најголем број од нападите беа спречени. Некои од операторите излегоа и со свои информации за јавноста со која ги информираат да бидат внимателни со ваквите пропуштени повици и да не се јавуваат, велат од АЕК.

Izvor: kajgana.com

Промовирани огласи »

Во 2020 година граѓаните на Македонија ќе имаат доста продолжени викенди предвидени со Законот за празници.

Еве ја целосната програмата на неработни денови за 2020 година, во согласност со Законот за празниците.

ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ НА РМ
1 јануари (среда), Нова година; 7 јануари (вторник), Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар; 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; 1 мај (петок), Ден на трудот; 24 мај (недела) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 24 мај (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден; 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 август (понеделник) е неработен ден; 8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД ПРАВОСЛАВНА ВЕРОИСПОВЕД
6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божиќ; 19 јануари (недела), Богојавление (Водици); 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден; 5 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден; 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица);

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД
13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден; 1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД
31 јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
27 јануари (понеделник), Свети Сава;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ВЛАШКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
23 мај (сабота), Национален ден на Власите;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА БОШЊАЧКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

ЗА ГРАЃАНИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА ТУРСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »